Претера, знаеш? Ако попуштам еднаш, нема да доживееш два пати по ред. Нејќеш да се јавиш? Не мораш. Доби еден вреден дел од мене, ама немој да мислиш дека толку си посебен. Посебен си само зошто мојата љубов те прави таков. Ми го заматува погледот, ми го полни срцето. А кога ќе умре таа, за мене нема да бидеш ништо значајно. Затоа не си играј и не се однесувај ко да си сам, дај барем да раскинеме па после терај си со животот. Да, по брза постапка носам важни одлуки. Нити имам волја и желба да се замарам, да анализирам и премислувам, ниту нешто ќе постигнам. Затоа што и да одлучиш, ќе биде во ред со мене. Само сакам да знам на што сум, а оваа неизвесност ни малку не ми се допаѓа. Можам да ја отстранам на начин што најмалку ти е во полза.
Те сакам најмногу. Сакам да те гушнам најсилно, да бидам постојано покрај тебе. Да поминеме низ се убаво и неубаво заедно.
Вака сакаше да биде? Знам дека не, ама ти ја немаш таа храброст ко мене да одиш до крај. Не ти се завршува муабетот? Мене ми се завршува врската. И сега треба да размислувам како ќе ми биде тешко, никој друг не ме сфаќал на тој начин, никој не ги правел тие работи за мене... Не. Кога ставам крај, размислувам за сето што не функционирало. Кога сме заедно се фокусирам само на најубавото. Така ми е полесно. Нека ме наречат бесчувствителна, знам колку сум патела за луѓе кои не вределе, па веќе станав имуна на се`. Ако мислиш дека после она што се случи, јас уште толку бесконечно ќе се заљубам и ќе те држам до себе по секоја цена, гадно си се заебал. Не сум од оние женски што на тоа гледаат како голема работа и ни ќе жалам, ни ќе сум среќна што било со тебе. Фала ти за сите убави мигови. Фала што овие месеци ми го развесели животот. Се надевам и ти беше среќен и уште повеќе се надевам дека ќе најдеш некоја што нема лесно да те пушта. Јас не сум таква, не се врзувам толку за луѓе и предмети. Те имав во мислите за мојата иднина, но не се држев сто процентно за тоа. Потајно, посакував да дојде време кога ќе се разделиме. За да видиш колку некој друг може да ме сака и цени и да не ме сфаќаш здраво за готово. И јас да бидам сигурна дека си бил вистинскиот избор. Зашто можам на секого да се прилагодам и не сакам да се оптоварувам со помислата дека ме чекало нешто што повеќе ми одговарало. Пушти ме, а ако ни е судено, пак ќе се најдеме...
никогаш не си изморен за да излезеш со твоите другари а јас кога ке ти речам ај да прошетаме,не можам!згора на тоа не ме ни викаш да излеземе на кафе онака сами,никогаш тоа не ми го имаш кажано ама ако нека е така терај си само така и не е важно се си ок !!
Уфф.. се извинувам на долгиов пост, не беше намерно, едноставно излегоа чувствата од мене ... Велат, добра врска не настанува туку така, потребно е време, трпение, љубов, и двајца што највеќе од се сакаат да бидат заедно. Видиш, по некоја мала случајност сите услови ги исполнуваме. Само Господ и ние знаеме што се поминавме за тука да стоиме, за после се поддршката еден во друг да ја бараме. Милион пати да ти речам фала не е доволно за она што ти го правиш за мене. За тоа што си ме прифатил ваква каква што сум, поточно секаква, во секое мое издание, без разлика дали тоа беше кога бев слаба, и најдебела или средна, секогаш стоиш покрај мене и ми претставуваш поддршка и ми даваш сила да одам на подобро. Без разлика дали сум средена, испеглана и нашминкана, или станата од спиење со бушава пунџа и разлетани шишки, во пижами и поспана, ме сакаш подеднакво. А тоа многу ми значи. Што каква и да сум би кажал, таа ми е девојка и би ме фатил за рака. Не е работата само што си ме прифатил мене, туку си ги прифатил и сите мои мани, не се обидуваш да ме смениш, се сносиш со мојата избувливост, претерана грижливост, немарливост, се сносиш со еден куп испади за кои ми е жал од после, ама знаеш оние денови ... некогаш не можам да се контролирам од што се нервирам, и знам дека си во право дека многу се нервирам, и верувај ми, премногу се трудам, ама премногу, да намалам и да бидам смирена, ама некогаш ме обзема страв, и ... знаеш што следува понатаму. Понекогаш толку ми е страв, дека ќе ти се смачи, дека ќе ти се смачам јас, дека ќе си речеш што барам уште со неа, се здебели страшно, ваква е таква е, хистерична е и ќе ми го свртиш грбот. Знам дека нема, знам, ама ајде внеси го тоа во оваа женска глава. Тоа се моменти што брзо поминуваат, исто како тебе кога те фаќаат будалите дека би можел да ме изгубиш. А нормално е да се плашам, се плашам зошто толку многу те сакам, се плашам заради се што поминавме, се плашам дека животот ќе не донесе пред некоја работа преку која нема да можеме да поминеме иако знам колку сме силни и колку прекрасно нешто имаме. Што можам да сторам против тоа, знаеш дека животот е составен само од страв, а мојот најголем страв е некогаш да не те изгубам. Не е дека не можам да живеам без тебе, не е дека ќе умрам ако не сме заедно, не е дека нема да функционирам, ама не сакам, а и зошто, кога животот со тебе ми е прекрасен, кога ти си совршен. Јас не сакам да бидам твојот живот, ниту ти да бидеш мојот живот, сакам еден на друг да си останеме секогаш она што сме си сега, сакам секогаш да можам да се потпрам на тебе и ти на мене, сакам секогаш да можеш да ми подадеш рака и да знаеш каде да се обратиш кога ти е тешко, сакам секогаш да си ги слушаме срцата еден на друг, сакам секогаш кога ќе станам и ќе те видам како спиеш спроти мене срцето да ми е полно, секогаш биди дел од мојот живот, како што сум јас од твојот, како што совршено се надополнуваме од секогаш и засекогаш, како што никој не успеа да не растури, како што кога се држиме за рака, и кога сме гушнати секоја рана се залекува, секогаш биди парчето што ја надополнува сложувалката и што ја прави совршена, затоа што навистина ако не си ти, јас ќе бидам ништо... обичем смртник што дише а не живее. Знам колку ретко кажувам, или пак покажувам, но тоа не значи дека не чувствувам со целото срце и душа, и ти го знаеш тоа, ја знаеш и мојата цврста и слаба страна, знаеш колку и како сум емотивна, знаеш се... исто како што знам и јас, како што никогаш не се посомневав дека ме сакаш искрено, како што секогаш знаев дека што и да се случи ќе си завршиме во нашата прегратка, на нашето место, каде што милион проблеми сме решиле. Знам колку пати те излудувам, знам колку пати сум ти рекла дека ќе те оставам а ништо од тоа не мислам. Нема да те оставам, па будалетинко зарем до сега не си сфатил колку ми значиш? Знам колку пати сум ти рекла, ова не е љубов само за да ти ги повреда чувствата зошто некако ти си ме повредил, а јас не го мислам тоа, зошто ова е љубов, и јас го знам тоа, иако не ти го изговарам, знам затоа што можеш без престан да ме слушаш кога дрдорам, кога ти се жалам, да ме галиш по главата кога плачам, можеш да седиш со мене кога имам прв ден добиено и да ми ја држиш твојата рака на стомакот и да ми правиш чај, можеш да ме насмееш во било кое време, можеш за мене дури и порака да напишеш, можеш пред сите да ме штипнеш или да ме бациш, не се срамиш од мене, гледаш филмови што јас ги сакам, дремеш до мене кога читам книга, ги почитуваш моите другарки, ме почитуваш мене, се грижиш и правиш се за мое добро, правиш се да да бидам среќна, а јас понекогаш сум толку неблагодарна... и знаеш колку ми е тешко вака кога ти си толку добар со мене а јас сум лутката? Додуша и сум лутка по природа, ама знаеш дека никогаш ништо лошо не мислам, и дека секогаш некако се испреплетуваат работите. Знаеш дека ти ја обожавам насмевката и пголедот кога ќе направам нешто трапаво, и изгледаш како да сакаш да ми речеш знаееев дека нешто такво ќе се случи, и ме гледаш толку интересно, и се смееш уште поинтересно, што ми го полниш срцето и ми иде нешто уште потрапаво да направам, не дека јас во суштина сум трапава, ама сакам кога ме викаш трапавко. Мал милион пати сме ги поминале сите граници, мал милион пати сме кажале и што мислиме и што не мислиме, сме се карале и сме се смирувале, дури и сме се навредиле, многу пати сме трошеле време за џабе, и уште многу пати ќе го правиме истото. Знам колку сум ти трубела дека си многу затворен, дека си многу добар, дека не треба така, знам колку пати ти наоѓам мани и ти дрдорам без врска, знам колку те нервирам, а ти не знаеш колку ти се восхитувам, не знаеш колку ти ги сакам сите особини и колку ништо на тебе не би сменила, не знаеш зошто никој не ти кажал... додуша можеби и знаеш, поточно кога ќе подразмислам сигурно знаеш, чудно е како ретко кога нешто кажуваме, а се си знаеме. Знам дека те боли тоа што понекогаш сум толку лабилна и несигурна, знам дека те нервира што некогаш толку детски се однесувам, ама знам дека ти го сакаш тоа дете, знам дека и ти не сакаш да се сменам. Барем не сега. Веќе многу работи ги преобликувавме, за да ни биде поубаво, за полесно да се прилагодуваме на нас, за да функционираме беспрекорно, иако тоа е невозможно, ама сепак, гледаш, уште траеме, значи на добар пат сме. И не планирам да скршнеме од истиот. Кога сите ми викаа еј ај батали го заслужуваш многу подобар, јас под твојата тврдина ја гледав мекоста и ги затварав очите пред другите, и уживав во тоа што го имавме. Кога сите ти викаа еј ај батали ја, ваква е онаква е, и ти ништо не слушаше, ти гледаше подалеку од тоа, ти гледаше дека стојам покрај тебе за се, дека не те осудувам за ништо и дека те поддржувам за се. Ти од секогаш знаеше каде припаѓаш... исто како и јас. Имам сила да се борам и понатаму за нас затоа што знам колку треба да се работи на секоја врска, и знам дека вреди тоа што го имаме, вреди и премногу, и самиот рече, знам колку треба гордоста и инаетот да ги пикнеме во некој џеб и никогаш да не ги извадиме, ама па знам и дека така нема многу да биде интересно. Онакви сме какви што сме, баш затоа што сме вакви, будалести луѓе, со детски срца, што бескрајно се сакаат, и понекогаш си задаваат и болка, ама што би бил животот без болка? ништо... Види колку се распишав, а само сакав да ти кажам дека те сакам премногу, и да останеш до мене секогаш, и фала што беше вечерва тука, и вчера, и прееска, и секогаш кога ми е тешко. И сакав да ти кажам дека од нас ќе излезат некогаш многу убави деца, и дека сакам секогаш да ми готвиш, и секогаш да ни бидат пријатни нашите тишини, и секогаш да ме смирува само твоето присуство... А што е најважно, сакам секогаш, буквално секогаш да ме гледаш со тој поглед...
Е, денеска би сакала пак да му ја закачам една (наопачки) ама не од љубов, туку зш така сакам и така требит! Мрш...лута сум ти доо... 01 Јули! Е така.
Од вчера пак почнаа кавгите... токму како што дадов рок смирени сме само два до три дена а после војната трае многу подолго...
Вака фино лепо ќе ти кажам. Кога премногу ќе врне ќе истура.Тогаш погледни и ќе ги видиш сите мои солзи проплакани за тебе,ама баш сите.И да сети се на времето кога бевме пресреќни,неразделиви,вљубени. ТЕ САКАМ МАГАРЕ ЕДНО!
Дали знаеш од кога прекративме да се гледаме колку момци ми се пуштија? Сигурно не знаеш! Премногу, дури ни јас не очекував дека ќе имам ваков период. Никогаш не сум се чувствувала толку посакувано. Денес барем 3ца беа прекрасни, колку физички, толку и се останато. Барем за еден можев да се заинтересирам, а јас како идиот го проверував ебаниот ФБ да не случајно ти текнало на мене. Упорно и упорно мислам на тебе, а тебе не те боли ни малото прсте за мене, нели? Постојано сум со насмевка и не дзвам слабост дека мислам на тебе, дека нешто не е океј ама сама си знам како ми е. И ти и бившиот ми ја симнавте самодовербата под нула. Не можам да се оправам, да ја кренам барем половина од порано. Не сакам со некој да направам муабет да не излезам повторно идиот. Сум, си знам! Не е битно... Честитки за Италија.
Видиш дека се можи да се среди на фин начин, Многу те сакам ваков ко ќе ми кажиш дека те мачи нешто и то се средивме, ете гледаш Имај убав ден, Те сакам
http://www.youtube.com/watch?v=J0Szh8_xX2w So long, bitch you did me so wrong!!! Ќе видиме сега што ќе ти се случи.
Те сакам кога ме гледаш сонливо , скоро и да заспиеш а понекогаш и заспиваш и кога ке пробам да се одделам од твојата прегратка ме држиш силно и ми велиш дека нејкеш да си одам , дека сакаш да се разбудиш со мене , кога ме закачаш и ме скокоткаш додека јадам или правам било што а тоа не е мазење и бакнување со тебе , кога ке ми кажеш дека многу ти фалам , па кога ке се видиме прво ме гушкаш многу многу за да надокнадиш , кога ке ми кажеш дека ми го сакаш газето и секој дел од мене , кога љубоморно ке прашаш што сум правела и кај сум била зошто не сум се јавила до сега , кога со фацијален израз на мало дете што се лути ми се жалиш дека сум лоша и дека те нервирам , дека сум гомце , кога ... ма секогаш те сакам !!!!!!!! DDDDDDDDDDD