Убаво да си поминеш во Грција и со памет во глава Не те барам, незнам дали спиеш, ама многу сакам да те гушкам! ми фалиш
Проклето да е летово! САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ ТЕБЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!! А не татко ти ! ТЕ САКАМ МАГАРЕНЦЕ!
е последен бивши беееее дури сега гледам всушност каков си бил ти кој кретен лугееее и уште пишуваш дека не си веке заљубен, па човеку јас и кога бев последните месеци со тебе во врска не бев заљубена-ми доагаше да те задавам, се гушев а не заљубена во тебе, ја жалам таа што ке ви биде снаа т.е. твојата сопруга АКО некогаш се решиш да се ожениш а ти црногорец кога немаш памет во глава пржи се и печи се ко парче скара под сонцето изгледа дека поверува оти јас навистина поверува дека сум на викенд со другарките не се замарам ама ич со тебе, да си знаеш, ниту вредиш, ниту заслужуваш
Што беше толку тешко да ми кажиш мене,а не на моја блиска другарка ? што ти беше толку незгодно да ми кажеш во лице дека секогаш мислиш на мене дека одвај се воздржуваш да не ме бакнеш кога си до мене и што беше толку тешко да ми кажеш дека не можеш да бидиш со мене ради тоа што сум 6 години помала и никогаш не би легнала со тебе ? па можеше да ме почекаш прво да ни биди убаво па потоа се со ред е баш штета
Нема начин, или пак јас не можам да најдам, како да ти се оддолжам за се што направи за мене. И не можам да ти опишам колку ми значи тоа што си покрај мене во ваквите моменти. Што си ми бескрајна поддршка и утеха. И што знаеш рационално да постапиш кога јас сум избезумена. Ти благодарам.
Не можам веќе да ти опишам колку ми значиш и колку ми недостигаш. Знам дека не ми веруваш, и можеби не сум направила нешто значајно да ти го покажам тоа, ама знај дека секогаш кога ќе ме погледнеш во очи ќе го видиш тоа.. Дури мислам дека почнав да се заљубувам во тебе, не ми се допаѓа чувствово. Што ќе правам без тебе вака.. И ако е од Аврил песничево, ама ми значи, и вистинити се зборовиве, ти ја посветувам.. http://www.youtube.com/watch?v=0G3_kG5FFfQ
Hej mali kako mi nedostaješ hej mali uvijek moje oči traže te hej mali da li znaš da volim te a ti samo gledaš me
Знаеш, донекаде можам да разберам зошто сега ме сакаш толку, ама поради што порано се заљуби во мене? Никогаш не ти бев поддршка, напротив ти се потсмевав, те потценував, ги употребував тие саркастични шеги кои толку ги мразиш. Не ги земав обзир твоите желби, не ми беше гајле дали имаш волја нешто да правиш. Не те држев гордо за рака, не ти изразував љубов. Како веруваше толку во мене? Како имаше трпение и како не се откаже? И кога ќе те прашам дали кога ќе дојде крај се радуваш и се тешиш дека ќе си најдеш подобра, ми одговараш дека не можеш да бидеш среќен ако останеш без мене. Како? Јас истиот миг ги менувам плановите во кои си бил вклучен и ти, размислувам за одмор без тебе, за сите важни настани без тебе, за шансата да запознаам друг и да споредам. И за жал, колку и да е убаво, уште живеам во некоја бајка. Копнеам да ги дознаеш сите ситници кои ми го менуваат секојдневието, да знаеш дека омилени ми се колачиња со цимет, ги обожавам ведрите бои, калата која ме асоцира на нежност ми е посебно цвеќе, најубав сладолед ми е со шумско овошје. Сакам да сакаш да го знаеш тоа. Ужасно сум себична. И тогаш ќе ме прашаш каде сакам да одам на одмор, кога ми одговара, што ми се јаде во моментот, па ќе бараш рецепти на нет и ќе ми ги читаш, па ќе ме прашаш што најмногу ми се допаѓа. Ќе почнеш да ми говориш како сакаш да заработиме за да ми ја исполниш желбата - да купиме куќа на море. И тогаш сфаќам - јас имам повеќе од што замислувам со тебе.
врти сучи ти пак околу мене што е, ти недостигам една е срце а, и нема да сретнеш ниедна како мене-тоа го знам и без да ми кажеш ти се познава по зборовите што ги пишуваш, ама ете кутричок ти, работата не ти дава да дишиш на мира, жал ми е навистина така беше и кога бевме заедно-работата, и алкохолот беа мегу нас(а највеке твоето его) затоа не успеавме, и не сум психолог ама знам дека длабоко во себе ти се ама не го покажуваш тоа пред другите, и не многу често.