Па што знам...некако нема да ти противречам ако ми речеш ај да одиме во Крушево и да се спуштаме со падобран ради идеални услови. Нема да ти противречам ако ми речеш да одиме на планинарење. А таму што ти викале дека мрази комарци,мрази ова,мрази она...бејб...кој не мрази,ама животот би бил досаден. Да си желен,заедно би служеле војска! Ајт така! Мрси муда у погрешни комбинации до тогаш!
Ах колку само ми недостигаш да си тука крај мене и до мене,да ме милуваш и почувствувам блиску до мене.Ми требаш ти и твојата блискост,да си уживаме заедно и сакаме до бескрај мило мое сонце кое што ме грее и е тука за мене и со мене секогаш. Ми подава рака и ме извлекува од бездната,секогаш успева да ме насмее,расположи,да ме направи најсаканата личност на светот. Секој пат кога ќе те видам пеперутки ми летаат во стомакот,ах душо моја мила колку само те сакам,не можам да се замислам без тебе.
Покрај сите падови и сите воздигнувања, покрај сите расправии и сите прекрасни моменти, кога се расправаме, кога се смееме, кога се гушкаме, кога те штипам од нервоза кога ќе ме повредиш, кога ме стегаш само со една рака за половината, кога ме караш, кога се грижиш, кога ми спушташ слушалка, кога ми водиш инат, кога ме нарекуваш прасенце откако ќе изедам 565 хамбургери и уште толку помфрит.... Сето ова е нашата љубов. Сето ова не прави посебни. Јас сум посебна, ти си посебен...Ние, ние сме створени еден за друг!
Те сакам, ама не знаеш што сакаш. И да е најстрашно се’, некако сум рамнодушна. Изгледа искуството си го прави своето. Ама во случајов, моето.
иако си ми бивши, и некако се обидуваш да ме придобиеш, ама јас тврд орев, не попуштам бе брате ова ко јас да сум машко, а ти женско, можеби ти сакаш потсвесно со мене да се смириш ама јас не сакам зошто тоа морам да бидам јас, ожени се бе за некоја друга не мора со мене а кутричок ти , се само брак ти е во паметот, а јас па со тоа не се ми замарам-кога ке ти речам не за темата брак ти се стемнува пред очи знам, јасно ми е се гледа, а ти спасот го наогаш во алкохолот и така се вртиш во еден магепсан круг. не можеш да ја надминеш смртта на татко ти и на баба ти, и тоа се гледа, па само на умирање мислиш , само за тоа зборуваш, оф Господ нека ти е на помош душичке мила незнам што ке биде со тебе и ти ке одиш на одмор во Црна Гора, па кој знае можеби ке најдеш некоја црногорка таму кога те гледам како пропагаш, верувај дека срцево ми се крши ама тоа не го покажувам(се правам многу силна )до скоро не можев да се кажам на Водно, а да не помислам на тебе-во близина живееш затоа
Мој погодок е дека животот ќе го поминам сама.Не затоа што така сум заслужила ами затоа што сум презаситена од машкото ѓубре кое прибира и удомува секаква мивка што ја наоѓа искористена по улици.И од неа прави дама,горда жена.Се собираат идиотите во мали заедницни наречени семејства и ќе се накотат до безброј со мали мали ефтини разгалени пуфли сморени во фаците и синдром мрзливо око и мрзлив 'рбетен мозок Со мали мали коцкари,идни пропалици, помочани пијаници кои ќе се влечкаат од курва на курва по улици како татко им. Не ми треба никој бре,сама ќе си бидам сама ќе останам.Не просам за покрив над главата, не страдам за парче леб.Не ми треба маж, ќе научам јас да бидам сама во животот, можеби незнам ама ќе научам.И никому нема да се покорам.Можеби и тоа е причината што сум сама, не би можел некој така едноставен како мажот да се снајде во мојот комплициран живот, да ми ја лечи психата.Ма јок само алкохол ги дезинфицира раните.Од оние направени од животот, до тие направени од љубовта и секое со ред разочарување.Ќе се затворам, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги затворам прозорците,очите,ушите,душата. Незнам како оваа одлука ќе се одрази на тебе , дали ќе бидеш среќен или ќе ме жалиш кога ќе ме видиш сама.За некоја година ќе се сретнеме, во парк веројатно.Ти и твојата дебела накитена распуштена пуфла.Напатена од постпородилна депресија и дилеми на самоубиство.Изневерена и кревка.На изглед мутава и бедна.И ќе влечкате некое мало дебилче со вас кое ќе биде несреќно што се родило во ова мизерно поднебје,зачнато по грешка или случајност.Резултат на притисок од нормите поставени од општеството, дека си стар беќар ќе го истуриш во првата (салам разработена ) пештера што ќе ти никне на патото.Гајле ми е, идите у три лепе пичке материне , ти сосе неа !
Како е можно после 15 мин. ти веќе да ми фалиш и да се чувствувам како да не сум те видела цела недела?! Да можам би те фатила за рака и би те однела на некое место за да бидеме сами и заедно барем еден викенд. Ми треба тоа многу... те сакам сонце гушка. П.С. Убаво помини си. И мисли на мене
Начинот на кој повремено ми ги читаш мислите и ме прави сосем предвидлива за тебе е скокотливо и возбудливо чувство за мене, а истовремено - така нежно, романтично. Јас целосно ти припаѓам на тебе. Знаеш ли? Подготвена сум да одам на крајот на светот со тебе под рака, да застанам пред матичар, пред олтар, да дадам се', да жртвувам се', да се љубиме и кога е светлина, а и мрак, и кога врне, и во тага и во среќа и во најголемо зло. Те љубам со целото срце, со целата моја душа. Повеќе не ме плаши ништо. Ти си мој и јас сум твоја. И ништо повеќе не е важно.
Потруди се и влези и барај душа во мене , ќе видиш можам јас без секого па ќе преживеам и без тебе.. http://www.youtube.com/watch?v=0YlTecqJUWE
Колку само се чувствувам празно вака без тебе! Поминаа веќе два дена како сме на пораки, а јас се чувствувам како цела вечност да поминала! Лошо ми е вака кога незнам кај си, што правиш... Многу ми е мизерно и празно! Па јас не сум навикната вака, не сум навикната ден да помине, а да не ти го сшушнам гласчето што максимално ме исполнува со љубов и за дел од секундата ми поттикнува насмевка. Ајде уште утре, ама после само мој ќе си!
Помина и еден месец откако те немам видено. Сфаќам дека е сè навика, ама не можам да се одвикнам од тоа секојдневно да те гледам и да зборувам со тебе. Премногу ми фалиш, разбираш ли? Ми се кине срцето кога ќе помислам дека најверојатно пред еден месец беше и ќе биде последниот пат кога те имам видено.