Добро бе како не ти е срам не ми е јасно?!? Кај ретко искачам со другарки па и тоа низ нос ми го вадиш... Повторно се избламира сам себе кај се јавуваш по сто пати,кај доаѓаш да провериш со кој и како седам па и уште јас сум била љубоморна на другарката зошто правела муабет со тебе??? Кој филм си го правиш во главата бе?Не сум љубоморна на никоја и манекенка нека е веќе секоја на тацна ќе ти ја дадам...Не ми требаш ме изеде веќе!!!! Вака не прават ни психопатите...аман више!!! Не си ти за мене и точка.!
Ахх, кој ѓавол влезе во мене во 4 саат сабајле да помислам на тебе и сега не можам да те извадам од мисливе.. Сега ми оди да си влепам една врела шлаканица, за тоа што воопшто помислив да се смувам со друг, да, ми се свиѓа дечкото онака ама знам дека и тоа е нешто пролазно, а ти ќе останеш.. А после ќе кукам јас. Дури од самата помисла целата се декоцентрирам, не можам да уживам во твојата прегратка, а камоли да го направам тоа па да не можам во очи да те погледнам. До сега не сум го направила тоа, и нема да го направам (најверојатно) а посебно не на тебе, што си некако најпосебен од сите.. после него, што го сакав вистински, или барем така мислев, сеедно.. Ветувам дека ќе се поправам, нема да се глупирам веќе, ќе бидам понормална, ќе ти посветувам повеќе време, ќе излегуваме заедно.. Само сакам да останеш крај мене овој пат, не сакам да те изгубам по стоти пат, зашто можеби тој пат ќе биде и конечен.. Проклет да бидеш, колку сакам да ме погледнеш во очи и да ми речеш дека ме сакаш, јас ти имам веќе кажано, демек на зезанција, ама како што велат, во секоја шала - пола вистина. Можеби и сум во заблуда, но незнам, времето ќе покаже...
Буцко мое, помина една година. Оваа нека ни биде малце посмирена, помалце карање, повеќе љубов, повеќе заеднички моменти итн, итн ... Те сакам
Знаеш што ми е криво ? Тоа што сите други делуваат среќно или навистина се среќни се сакаат и се дури и го покажуваат тоа а ние ? Ние ништо од тоа . Дури и многу луѓе не знаат дека сме во врска можеби знаат ама ..или па ти се оддалечуваш не знам што е а веќе ми е доста од тоа да мислам , да *тумачам* што и како ,зашто . Може да се вразумиш малку и да не се однесуваш ноншалантно и на нашава врска да и дадеш некакво значење БИЛО КАКВО . Зошто скоро 2 години ќе правиме а јас не знам што сум ти дали сум ти не покажуваш , не докажуваш ..како што кажа еднаш се заљуби ..е да се заљубив .
бивши-само едно нешто ке ти кажам-ако не си умрел УМРИ затоа што ако те видам, има да те пукам и овој пат нема да те жалам ама ич, пото за теве не е нормална девојка бе, како што кажав 1 милион пати до сега, за тебе е брат една проститутка што душата ке ти ја вади без пардон црногорец, во кој филм глумиш бе ти кај сум била за виденд, дали сум мислела на тебе а денес те нема да се појавиш-ај останиси таму, не глуми лудило и ако се вратиш(пошто знам дека ке се вратиш) НЕМОЈ да си ми се јавил не утре пошто ти е роденден, ама задутре ке ти поставам само едно единствено прашање, а потоа се знае-крајна елиминација
Абе како можеш да бидеш толку слатко и внимателно? ај да ти е*ам детето Многу ми значи тоа што ме поддржуваш во одлуката која ја донесов пред некој ден. Немаш поим колку многу е полесно кога знам дека ме разбираш и дека си тука да ми дадеш простор и разбирање и бескрајно трпение додека да си ги остварам намерите. Едно срцле големо си ти, најголемо на цел свет. mwah, да не заборавиш колку сум некогаш контраш на нештата. И колку си некогаш контраш на нештата. И колкави хејтери сме, и колку квалитетно хејтаме за на крај да завршиме со фразата дека светот е прекрасен. Па, и е.
Ќе дознаам кој ни прави вакви работи и ќе зажали за тоа. Ти ветувам. Што убаво си бевме мирни и со чисти сметки кон себеси и кон сите останати, а сега некој сака да си игра со мене и да ме плаши и заканува без никаква основа. Ова е моментот да ми докажеш дека ми веруваш и дека си покрај мене за се, и ова е моментот кога јас ќе можам да ти докажам дека навистина нема ништо за што треба да се замараш. Се надевам дека кој и да е и што и да е нема да ни го уништи одморот и нашите планови, ама како и да е тој некој ќе научи дека не треба да си има работа со мене.
И самиот знаеш дека од мене можеш да очекуваш ништо, а се; и дека често ми е ужасно досадно и кога нешто е навудум толку „интересно“. И не е ова феминистичко-бичести статус на фејсбук, туку една од причините поради која толку ме сакаш, и бејб... за тебе би ја уживала целата досада на светот. И ме знаеш, седи мирен кога јас не сум. Затоа и те сакам и никогаш нема да заборавам кога ми ја држеше раката во оние моменти... никогаш! иако го знаеш мојот темперамент и дека некогаш се понашам како мало девојче, ма како беснило да имам.