Од утре со тебе одам на се, ништо веќе имаме. Собрав доволно сила за да ризикувам... п.с јас кога сакам не зборувам многу, само гушкам... и бакнувам ... а сега имам огрооомна желба да те гушнам
Ништо нема да ти кажам.Ти сам ке приметиш дека се сменив со тебе и дека сето тоа што ти го кажувам е вистина.Толку
Еј јас не сум со тебе за џабе , тука сум до тебе а ни рецка не ми маваш . Ако имаш да ми кажеш нешто кажи го ако не опрај се малце
Не дека не знаев каков си, ама ете, ме изненадуваш. Ме радува што си полн со оптимизам, и многу си ми интересен кога се плеткаш по дома така... знам дека сакаш да го средиш нашиот нов дом, ама не брзај до толку, остави ми нешто и мене! Ми недостигаш... ама деновите брзо минуваат, побрзо кога знам дека наскоро ќе те видам
те гледам како се вртакш околу мене-ти познавам колата ах бе што си ти да те фатам да те отепам тоа да бивши, ама немаш храброст да ми се доближиш која кукавица си
Медењаку мој, утре е денот Д! Има да те испонагушкам и изнашлапам како бабите твои што те гледаат два пати годишно. Из љубави - знаеш.
Мислев дека можам да имам приватност и затоа и не се одлогирав. Ама очигледно си ја искористил довербата и кога веќе ме читаш, прочитај го и ова. Чудно е како може другарките толку лесно да ги гледаш како девојки. И додека зборуваше дека тие тебе ти се нуделе, очигледно ти си пуштал водичка. Го гледав начинот на кој комуницираш, не можеш ти мене да ми кажуваш што е флертување, макар и во прикриена форма. И сосема е логично да ти дојде и да ти соблече, а ти кутар не смееш да одбиеш. Интересно е како те привлекуваат девојки кои неколку денови по абортусот, ќе дојдат и ќе си ги задоволат потребите со тебе. Чудно е како на таквите им нудиш врска. Чудно е како во пијанство фаќаш нова женска и после цела година не можеш да процениш која дроља е. Ми се правеше мирен, дека многу си пател по мене, со години си бил сам од непребол, а што си правел всушност?! Не, не ми е битно колку си ме сакал и што си правел за мене. Битно е на каков начин ме доби. Со лаги и преправање во некој што всушност не си. И синоќа кога го видов бесот во твоите очи и наредбите, ми стана јасно. Не сме еден за друг. Те оставам на некоја ороспија, искусна, некоја што уво нема да ја боли за тебе, некултурна, без срам. Со таква совршено ќе си одговарате. Иако никогаш нема да признаеш што се` си правел, мојата доверба е разнишана и не планирам пак да ја градам или да живеам со сомнежи. Сепак, нема да те мразам. Ми даде многу спомени, многу пријатни изненадувања, многу внимание и моменти за паметење. Ќе има и многу солзи, но не зашто те изгубив, туку поради болката дека сум се заљубила во нешто нереално. Нешто одглумено само за да ми се допадне, прикажан карактер кој нема врска со реалноста. Не ми е гајле, јас бев искрена и пред тебе и со тебе и по тебе. Нареден пат кога ќе помислам дека нешто е предобро за да биде вистинито, треба да си го повторам неколку пати. Збогум дете. Имај убава иднина, имај љубов, биди тој што си и освојувај со тоа што си. Јас и да сакам да те заборавам, не можам. Ми даде премногу за паметење.
Не ми се верува дека сум толку љубоморна и себична кога си ти во прашање. Никогаш не сум била, никогаш не верував дека ќе бидам. Ама сега гледам дека сум. Те сакам само за тебе, а всушност не си ни мој. Ми се кине срцето кога гледам како муабет правиш со друга, сакам да си постојано со мене, само со мене муабет да правиш. Не е добро тоа и свесна сум, ама не можам. Имам огромен страв дека некоја ќе те земе, дека некоја ќе биде подобра од мене, дека некоја подобро ќе се однесува со тебе од тоа како јас се однесував. И сигурно ќе се најде таква. Не можам. Ме боли и тешко ми е.