Ти благодарам за прекрасниот ден поминат во шетање низ Скопје. Понекогаш знаеш да изненадиш и да бидеш вистинско срцуленценце Те сакам многу ама не ти го кажав тоа не верувам баш во тебе знаеш
Можно ли е да те сакам толку? После секоја твоја постапка,после секој збор,бакнеж,цврста прегратка. Не е заблуда ова,ниту пак грешка. Со секој ден се уверувам дека ти и јас постоиме за да меѓусебно се правиме среќни,созреваме,се смееме. Секој твој совет,подршка,изненадување. Кога ти легнувам на гради и ти кажувам дека не ми треба ништо повеќе. Доволно е што постоиме тука и сега.За нас вистинско време и место.
Aххх душичко што ми направи овој ПМС от само извриаат емоците од мене.Ми иде на секој збор да кажувам ТЕ САКАМ ТЕ САКАМ.Па многу ми фалиш иако само 1 ден се немаме видено.Те обожаваамм да знаеш најмногу премногууу
И кога си мислам ете се среди се, пак си човекот во кој се заљубив ти ми го докажуваш баш спротивното ... Сив период стартинг рајт нау 3.2.1
Безобразно би ти го кажувала истото шо го збори цуцава. Уствари, ти го кажав. Ама сеа пак. Па пак....и така. Уствари ајт у спојлер, многу е безобразна. So am I Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=KQU_1CW2KZQ
Додека сите останати се напињаа за тоа дека Македонија изгубила и коментираа каде би сакале да го истурат бесот, јас безгрижно одев покрај нив смешкајќи се. Но ни една проклета вечер не може да ми помине убаво. Се појави ти, од никаде. Па не знаев дали да им верувам на моиве очи, конечно после месец дена те видов. Убаво пружен на клупа, со насмевка, до личност која не можев да ја препознаам, но најверојатно беше женско. Да, женско. Тешко ми е да се помирам со тоа дека седеше насмеан. Во тој момент добив толку многу бес што ми доаѓаше да ти се вратам и да те удрам. Не сум била насилна никогаш, ама во тој момент се колнам дека можев да те убијам. Не знам зошто. Во исто време те мразев и те сакав. Срцето во секој момент мислам дека ќе ми излезеше од градите. Те сакам. Те мразам. Сакам да ти пишам, ама не можам. Сакам да те бакнам, ама тоа па ич не можам. Не можам да кажам што чувствувам моментално спрема тебе.
http://www.youtube.com/watch?v=qTV7v4PuHos 6 години душо, 6 години.....Ај нека ни се множат Јас би со тебе уште 66 години ако може Како вчера да беше вечерта кога ме изненади и ме фати „на препад“, колку брзо поминаа овие 6 години.....а од друга страна чувствувам како да те знам цел живот и како од секогаш да си постоел во него. Неверојатно е колку брзо успеа да ми се пикнеш под кожа и да останеш таму. Да бидеш она што не сум ни сонувала дека можам да го добијам како пакет во еден човек....мојата поддршка, мојот критичар, мојата љубов, мојата страст, мојата желба....или просто кажано, човекот на мојот живот. Некој со кој се гледам понатаму во животот, некој кој го прифаќам таков каков што е, некој што ме прифаќа таква каква што сум. Разбуди во мене чувства кои не ни сонував дека може да се почувствуваат, и ги држиш будни цели 6 години, дај Боже уште долго да останат во несоница Пораснавме заедно во врската. И не само што пораснавме, дури и остаревме бре Се доизградивме како личности, се склопивме и поклопивме еден со друг во еден совршено хаотичен мозаик на кој не му се гледаат делчињата, претопени се во една целина, во еден единствен дел. И токму затоа јас не сум целосна без тебе, и ти не си целосен без мене....и затоа не те давам, те чувам себично само за мене. Имавме секакви моменти, и добри и лоши...И ќе ги има уште, претпоставувам, и нив ќе ги надминеме. За среќа, во последно време научивме заедно да ги решаваме, без оглед на тоа дали се работи за заеднички или поединечен проблем. Волјата и желбата да се остане заедно е посилна од она што се случува. Ти благодарам што постоиш, што си тука покрај мене во секој момент, особено тогаш кога си ми најпотребен. Ти благодарам што си таков каков што си, што ме правиш среќна, што ја одржуваш насмевката на моето лице. Ти благодарам на цела твоја несебичност и помош во најлошите моменти, поддршка тогаш кога треба, негативна критика тогаш кога треба....Ти благодарам за се. Одмарај сега, душо, собирај сила за утре, ќе славиме И остани таков каков што си, и ќе траеме уште доооолго.... http://www.youtube.com/watch?v=G6Kspj3OO0s
Бедник! Стој подалеку од мене, не ми се доближувај затоа што во моите очи ќе видиш нешто што никако не смееш. Еден дел од мене ме тера да те мразам, другиот неможе. А знам дека заслужуваш, заслужуваш и многу полошо од ова, би сакала да ти се одмаздам онака, од срце, да гледам како плачеш од болка и ме молиш на колена. Незнам што уште ме спречува да го направам тоа. Не ти посакувам среќа, никогаш нема ни да ти посакам. Имам чувство дека си ми го откорнал срцето и си го зел со себе. Душата ми ја наполни со отров. Само биди далеку од мене, не ми ставај сол на раните.
Наместо да ти раскинам бидејќи немав доволно храброст а незнам зошто...јас се потрудив да ти ја разубавам оваа вечер максимално.Помислив ако е до мене проблемот да пробам да видам како ќе функционира вака.Добро помина,но колку ли ќе трае ова незнам.Ако повторно тргне на лошо а јас давам се од себе тогаш навистина ќе бидеме осудени на пропаст...
Кај најде бе мој број? Обично не кревам на бројој од вип што ги немам запишано, ама ти се посреќило тебе.
Што судбина е ова?! Никогаш ама никогаш а и никаде неможам да те видам! Магаренце мое инатџиско,ми недостасуваш премногу,премногу! Сакам да те видам,да те гушнам Спојлер да те бакнам и повторно да е почуствувам онаа твоја силна прегратка каде што се чуствував заштитно,исполнето и среќно. САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ!!!!!! Доволно време тераше инает,и мислам дека време е да ми ги избришеш солзиве? Те сакам најмило,те сакам!
Пак ме изненади синоќе со твојата постапка, но на убаво. Многу сум среќна, многу, многу. Сакам оваа среќа и оваа преголема љубов да потрае повеќе. Сакам цело лето да е вака. Сакам да те гледам како спиеш, да те галам по прекрасното нежно лице, а ти наеднаш да прошепотиш дека ме сакаш.. Сакам да уживам со тебе, секаде, низ цел свет. Ете тоа го сакам.И тебе те сакам, многу.