Сонце мое многу ги сакам овие моменти со тебе кога после добра партија си лежиме и си се гушкаме така тоа да знајш дека те сакам, љубов ^^
Јас разбирам дека си во еден свет моментално каде се ти е црно. Каде ти се чини дека нема излез, а дури и да го има, ти не сакаш да излезиш. Затоа што тоа ќе значи крај на нешто што тебе живот ти значи. Те разбирам јас тебе во потполност. И во таа депресија во која си влезен. Been there, done that. Али човеку, разговарај. РАЗГОВАРАЈ. Не ми бегај од муабет. Не само кога си расположен, ај само тогаш ќе праиме муабет, бидејќи знаеш дека тогаш нема да се почне болната тема. Така не се работи. Тоа не е работа. Бегањето ништо не решило. Не дека се чувствувам искористена, другар си ми, али таман кога сакам да те прашам, како да ме предосеќаш и одма друг муабет е на масата. Ок, мене не ми смета, но не го собирај во себеси. Луѓе се убиваат од тоа што собираат се во себеси. Можеби од што немаат на кого да кажат. Кој да ги ислуша. Но ти имаш. Не си сам во цело овоа срање. Некогаш е многу поважно некој да те праша како си и да ислуша што имаш ти да кажеш на тоа.
СЕ вртиме во круг знаеш ???Понекогаш ми доаѓа да ти треснам една од љубов . Тешко мене со тебе уште потешко без тебе . Спојлер Жал ми е што те повредив со моето ладно однесување ,очекуваше да те прегрнам силно ,да те бакнувам и да ти кажам колку многу ми значиш...но бев лута и повредена не можев да ти кажам ниту збор ,ниту можев да те гушнам .Забележав дека си разочаран...извини не сакав така да се однесувам кон тебе но знаеш и самиот дека така си заслужи,таа е моја реакција е резултат на твоето однесување . Кога ти кажувам дека не те сакам повеќе тоа е најголемата лага што сум ти ја кажала .
Тишина . Ја мразам . Сакам кога се смееме кога се тепаме кога правиме глупости . Не кога си нервозен и кога ќутиш а и јас ќутам за да не те изнервирам повеќе и трпам како и секое женско . ТРПИМЕ . Поголемиот дел од нас не викам сите . Н е знам во тој момент што да направам како да те смирам . Се надевам денес ќе имаме таков ден мирен .
телепатија бе бивши, што да правиш јас те мислам и гледам возило ко твоето, а тоа всушност било твоето-по регистарските таблички видов последниве денови, каде јас таму и ти и еве си ти-зборуваше на мобилен, ама некако не ми изгледаше весел а јас па за момент и смеа ме фати-незнам зошто знам што ми ти е од секогаш ахилова пета па можеби и ке ми успее за пак да ме засакаш што да правиш, двете како со конец поврзани, од време на време пак се поврзуваат-затоа што можеби уште се а ти бе бивши,изгледа дека ти мене сеуште ме сакаш, т.е. незнам зошто раскинавме-слични по карактер сме,ама далечината си го прави своето-јас на еден крај од градов ти црногорец-искрено благодарам што веке не ми глумиш лудило, има кој да ме замара додека ти си на одмор само бивши да ми се плеткале, боже боже(смајли што се крсти)
Момче бе, се поретко и поретко те гледам , се губиш како лист кога има ветер... Само така одвреме навреме ке те видам со колата , колку да се изрекламираш леле колку сум јак каква кола возам ке летнам 200 сеа...Ееее....
Ме изнасмеа денес до солзи мило мое.Сакам секој ден да ни е ваков,а фала богу во последно е баш како шо сакаме.можи не се слушаме толку лесто често како претходно и иако си далеку јас те чувствувам овде до мене и со мене.Ти си секогаш во моето срце и душа.колу и да си далеку ти си овде и никој не може да ми те земе љубов моја единствена.Те Сакам Најбескрајно.
Едвај чекам да заминеме надвор од ова жешко и загушливо Скопје. Да си ги спакуваме куферите и позитивните мисли, па да одмориме во природа и да спиеме облечени во долги пижами. Да впиваме сонце и чист воздух. Да ме набљудуваш како фотографирам, додека седиш на тераса и ми свириш на гитара. Најубав одмор ми е тоа
Ме нервираш! А и таа работата твоја глупава! Па аман ден да немаме за нас! Аман нека се смили Господ да не ни прај се да се годиме со обврски баш ко ќе сме двата слободни...Сакам да имаме неколку дена само за нас,зарем многу барам? Неколку дена барем! Знам дека и тебе ти е смачено од работата и сакаш одмор,ама САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ БРЕ!!!!
Не е лесно со ваква нервозна женска коо мене, знам. Да го средам компјутеров и ќе изладам, ветувам, ќе ти пекам за секое изедено залче, и за секој истрчан и извозен круг, мајке ми. Ах, колку си трпеливо, прекрасно едно, маче.
Те избришав од мојот живот,не ме интересираш... Хмм.. А знаеш дека не е така, Те сакам ама не ти признавам
Душо моја! Ти благодарам што се грижеше за мене и што ме чуваше цела ноќ. Ова нема никогаш да ти го заборавам. Те сакам бескрајно
Е глупа сум де, глупа сум!! Што да правам. Убаво ми рече преска што к*р ми е проблемот мене, дека све нешто не ми чини и се ми смета.. и најискено се осеќам многу себично, те барам да си сам само да си завршам јас работа, задоволна да си излезам од кај тебе и готово. Ама искрено, не беше баш така, ми значиш и се тоа, ама уште ми е се ново, интересно ми е да си 'скокаме' , и жими се заслужувам да ми удриш еден шамар, а после да ти го свртам другиот образ да ми залепиш уште еден! Не беше добро ни тоа што ти ми го правеше, ама и јас почнав да претерувам. Не те заслужувам... А ти немаш врска со моите проблеми и тоа што сум конфузна и делувам на моменти ко да незнам што сакам. Тоа е тоа. Најверојатно ќе се опаметам на време. Пред да си отидеш од мене.