Ми рече дека ти недостигам, А ти знајш мене колку ми фалиш? Премногу, без тебе сум ептен празна, без тебе венеам, без тебе догорувам, досега издржвав, ама како шо се ближи времето се поќе и поќе ми требаш тука. Ко ќе си дојдиш, ќе те изнагушкам и изнабацвам за сите овие 4 месеци, ќе ти надокнадам... Ќе шетаме гушнати како и првиот пат, ќе ме бакниш онака нежно како и секогаш.. Ќе бидиме среќни и заљубени.. Те сакам најмногуу !
Ти да не ми се јавиш цело време додека сум на роденден и да не пишеш??? Од 8 часот како земјата да те голтнала...те нема никаде... Кај си сега а??? немаш од кај да ми се јавиш... Идиот си се мислам дали да тркнам да те шпионирам малку ама се плашам од тоа што би начекала...
Ти си мој, ама запамти само мој. (ќе ти го скршам вратот да знаеш) http://www.youtube.com/watch?v=-cJmpUIX2Lk
Извини. Не верувам дека повторно ќе има шанса за нас. Ти помагам во име на сето направено за мене и всушност...секогаш ќе се грижам. Деновиве за мене си само другар на кој му треба услуга. Во ниеден момент не те погледнав ко дечко зашто пред очи ми излегуваше сликата како ми се дереш. И сфатив дека јас сум заљубена во трудот кој го вложуваш за да ме направиш среќна, а не во твојот карактер. И утре, кога ќе престанеш да правиш се, како досега, зашто веќе си ме придобил, ќе нема веќе што да ме држи. Ќе си дозволуваш повеќе испади, а јас веќе не можам да толерирам. Никогаш никој, ниту во најголемиот бес, немал полни очи со омраза кон мене како ти. И штом за некои небитни работи можеш да си го дозволиш тоа, за натаму нема ни да дозволам да има друга шанса. Не можам да спречам, не можам да го сменам тоа, можам само да побегнам од тебе. Дали е тоа толку големо за да заборавам дека ти ми беше единствениот пријател, тешител, човек кој вистински ме сакал? За мене е. Те сакам, ме боли и ќе ме боли. Не можам да те мразам и со напор ќе се терам да се сеќавам зошто не можам да бидам со тебе. Не сакам да страдаш, не сакам да ме сакаш. Не сакам да бидеш толку добар откако ќе ми згрешиш, не сакам да ме жалиш. Не сакам да ти бидам најбитното нешто на свет. Вистината е, да си ме сакал толку многу, немало да ми наредуваш и да ми повишуваш тон. Се однесував кон тебе културно, на смирен налчин, без навреди и закани, колку и да ми грешеше на моменти. Бевме многу убава приказна. Кога ќе има друг крај мене, можеби ќе се запрашам дали му е нему таму местото? Дали ти се тешиш со друга, дали се откажа? Дали ќе ти останам најголемата љубов? И најлошо, дали јас ќе сфатам дека само тебе те љубев вистински? Но, јас и ти веќе нема да бидеме Ние...
woow додека врвев да стигнам до крајоот на страницава сосем случајно го прочитав ова не останав рамнодушна по образот ми се стркала врела солза а веднаш по неа и уште неколку други... знам дека ме ми е местото тука да ти се мешам доколу веќе имаш одлучено но немој ради глупости да му раскинваш тоа е само повишување на тон може да се промени.али во секој случај ти си знаеш.... за сонцето мое- маче те нема да се јавиш ми недостасуваш мнооооогу едвај чекам ден да те видам навечер пред да си легнам размислувам за моментите кои кје ги поминеме заедно и ноќите и деновите коа ќе одам кај тетка ми и само се молам да останеме до тогаш заедно.... знам како ми кажа нареден пат не ти дозволувам да разговараме ќе ти пишам смс и нема да ме видиш никогаш повеќе...ме повреди со тоа но сепак можам да поминам и преку тоа иако ти не ме сакаш во мене има доволно љубов и за двајцата,знам дека неверството беше и ќе остане нешто што најмногу го мразиш но те молам прости ми без тебе не си го замислувам животот и денот кога ќе останам без тебе знај дека повеќе нема да живеам ќе го направам она најлошото-ќе се самоубијам....
Ti dobro znas da sam lud kada te nemam ti dobro znas da sam tu i da se spremam Da ti oprostim svaki greh i da mesam suze i smeh da te svaki put zavolim kada te zagrlim
Во твоите прегратки живее мојот рај... а ти синоќа направи да се почувствувам како ангел. Твоите бакнежи се мојата насмевка...а ти направи да сум најсреќна. Тие убави зборови.... Прекрасен си, и никогаш нема да дознаеш колку ми значат тие зборови, посебно бидејќи беа кажани од ТЕБЕ. Си забележал... Само за тебе...ќе те послушам и овој пат, нема да се променам
Не можам повеќе. Јас се откажувам. Тебе човек сака да те управе во животот затоа што од тебе свирка не бидува вака како што си тргнат, а ти упорно одбиваш се што ќе ти се каже и направи за да се изведеш на правиот пат. Веќе ми е преку глава од тебе. И уште нешто. Немој многу поштењачина, мене ми се кака од тие таквите.
Спојлер Душо моја постојано мислам на тебе.Сеуште будна сонувам за убавите работи што посакувам да ни се случат.Посакувам безгрижно да се шетаме покрај песочни плажи ,да уживаме еден покрај друг,да ги поминувам ноќите во твоите прегратки,да те бакнувам ,да те гушкам...Свесна сум дека премногу те сакам и дека оваа љубов ме повредува но сепак неможам и не сакам да се откажам од нас.Не сакам да се збогувам со убавите желби што ги имам во врска со нас затоа ќе продолжам се борам за нас ,ќе се борам оваа врска да успее ...Те сакам
Понекогаш не ми се верува што слушам од тебе Ние вака, ние онака, ние сме исти, ние ова правевме и ние она ќе правиме. Ние?