Ајде веќе нека заврши тој турнирот и да почниме конечн ода уживаме заедно во летото. Знам дека и ти го сакаш тоа и одвај чекаш ,па ајде уште 7 дена и целосно си мој
сакам да ти се јавам да ти го слушнам гласот,да видам каде си,што правиш . ама не,овој пат нема да ти се јавам.. мора малце да те ставам на игнор за да се опаметиш
се прашувам само зошто ги читам тие стари разговори? зошто само се навраќам во минатото? зошто после се сепак си ми потребен? сеуште кога ќе те видам срцето ми затреперува сеуште кога се присетувам на нас се насмевнувам сеуште се надевам дека и после се сепак можеби постои надеж за нас сеуште те посакувам иако веќе си ми забранет и покрај друг јас мислам на тебе Спојлер те сакам
незнаев дека тооолку сум ти мила бе црногорец знам дека лажеш, ама добро лажеш, нема што абе бивши бе абе како може на секое излегување оваа недела да го гледам твојот автомобил-а ти не ме гледаш мене ова е како таа ме гледа а јас не, невидлив си ти ама колата видлива тие
Ти не си ти ако не ме изненадиш или направиш некоја глупост Вчера ме изненади, супер беше, ти кажав Сакам пак! И се надевам ќе можам и јас да те изненадам на ист начин Уште ми се вртат низ глава тие зборови што ги кажа..... Се надевав дека е така, но штом ги кажуваш, и тоа во таков момент , знам дека е вистина. Ти кажав, и јас го сакам истото!! Срцко мој, те љубам до небото и назад и така до бесконечност и назад....
Во моментов се што отприлика сакам да ти кажам е во две песни.. Па да не трошам напразно зборови. http://www.youtube.com/watch?v=jtoncUzV6nA Oваа вторава ми буди спомени.. помалку и болни, ме потсетува на времето кога ја слушав на почетокот додека бевме заедно.. ех. http://www.youtube.com/watch?v=JByDbPn6A1o Туку ај, нека бидат три. http://www.youtube.com/watch?v=ujnH4yNqL8E Кога ти ја лупнав на wall ,којзнае што си помислил..
Желчеее! Незнаев дека си олку талентиран,незнаев мило! Иначе да,сакам да те видамМММММ!!!! Те сакам желче,те сакаМ!
Мајмунче мое....абре не си свесен колку те сакам.Фала ти што цел викенд го одвои за мене....и на зборовите: ајде брзо ќе поминат 6 месеци
11 месецА бе, дуп. ајде, ајдее за многу години нека ни се. љубим. Се гордеам со тебе. Среќна сум. Најсреќна.
Аман веќе со тој нетот Па сакам да те видам, нема смисла веќе, ќе полудам уште малку.. Ми недостигаш многу, се грижам па , Те сакам
Се сеќаваш кога прв пат излеговме и не знаевме каде да одиме бидејќи наместо нашиот филм имаше премиера на некој друг? Се сеќаваш кога истата вечер три пати го поминавме истиот пат не можејќи да се одлучиме дали сакаме да пиеме кафе или не, за на крај да се одлучиме за вафли? Се сеќаваш ли кога се препиравме дали да ми ги платиш вафлите или јас сама да си ги платам? Се сеќаваш ли кога едвај те натерав да ти купам сладолед сред февруари, а потоа дремевме на клупа? Се сеќаваш ли дека тогаш ме учеше да возам скејт, а јас вриштев бидејќи ми беше страв да не паднам, а ти ме држеше цврсто и одеше покрај мене? Се сеќаваш ли кога дојде кај мене и ме масираше, а јас вриштев затоа што всушност ме бодеше, а не масираше? Се сеќаваш кога за прв пат легна кај мене во кревет и од тогаш секој пат немаше пат да дојдеш кај мене а да не легнеш и да пуштиш хардкор, а јас се мрштев дека не ми се допаѓаше таква музика? Се сеќаваш колку пати ме викна навечер да излезам, ама јас те одбивав и бев приморана да измислувам некои оправданија само затоа што или ме мрзеше да излезам или ме мрзеше да се спремам? Се сеќаваш ли на послендиот пат кога излеговме и кога седевме кај тебе позади зграда и ме тераше да јадам од бајадерите кои ти ги бев купила од Хрватска, а јас не сакав да ти ги јадам? Сега би ти дозволила да ми ја платиш сметката, би ти дозволила истата вечер да ме испртиш до дома, не би те убедувала да ти купам сладолед бидејќи сега знам колку ти е непријатно кога некој нешто ти купува макар било и обична мастика. Сега би ти дозволила да ме учиш да возам скејт колку и да ми е страв да не паднам затоа што знам дека нема да дозволиш да паднам, затоа што знам дека ќе ме држиш цврсто. Сега би ти дозволила да ме масираш/бодеш, а не да вриштам и да ги натерам комшиите да помислат дека некој ме силува, а не масира. Сега би ти дозволила да ми лежиш и по цел ден на кревет, не би се лутела пошто си ми легнал на омилениот дел или бидејќи си пуштил музика што не ја слушам, туку би легнала покрај тебе и би уживала во секој момент поминат со тебе. Сега не би те одбила ниту една од поканите да одиме надвор, колку и да е доцна и како и да изгледам. Сега со задоволство би јадела од твоите бајадери ако знам дека тоа го сакаш. Е сега би дала сè сите овие и уште многу други ситуации кои ги паметам ко вчера да биле да можат да се вратат. Ама сега е предоцна... Се сеќаваш дека ние всушност не ни бевме во врска, а бевме толку блиски. Ми недостасува секој миг поминат со тебе.
Ти видов во очите колку беше среќен кога ми ја даде сликата на која ме нацрта мене. И,да знаеш дека си ја закачив во соба,и секогаш кога ќе ја погледнам се навраќам назад на моментот кога со тие очи ме гледаше и сето тоа полека го пренесуваше на лист. Заслужуваш многу успеси зошто тоа го работиш со душа. Инаку пред малку татко ми ме насмеа кога ми кажа дека ја и ти сме соврешени заедно. Тврдам дека совршенство не постои,ама и двајцата се трудиме. Сакам цело време да ми бидеш насмеан и конечно да дојде август. Тогаш на песокот ќе ги оставаме нашите чекори. Те сакам Алек.
Знам дека мајка ти со Ленор те пере и кажи и да прекине, зошто и мене мама ме пере со Ленор, па се` на тебе ми мириса.