Сабајле кога ги отворив очите прво нешто на кое што помислив беше минатото, кога седевме на клупата на -20 и се тресевме како пилци, кога се гушкавме и бакнувавме и ме сакаше.Размислував дали е точно тоа што ти велам дека не те сакав тогаш...можеби те сакав ама бев дете верувај јас незнаев дали тоа е љубов...и после години кога те видов со неа, јас сфатив дека цело време ги потиснувам чувствата, таа вечер плачев со сета сила и незнаев што ми се случува...после недели бевме заедно и среќни и после години сеуште сме.Толку пати се сомневаше во мојта љубов, а немаше потреба во тоа, ти се сомневаше во нас, а јас верував дека ќе успееме. Љубов знам дека знаеш колку те сакам и колку ми е топло на душата што те имам покрај мене, јас пораснав со тебе,ние созреавеме заедно и ќе созреваме сеуште зошто не се откажуваме еден од друг. И верувам ако животот не однесе на различни страни ние пак ќе си го најдеме патот да се споиме зошто секогаш е така. Фала ти што ме сакаш толку искрено и што после се не се откажа од мене, од нас.Благодарна сум ти за сите спомени и убави години, за сите нежности и убави зборови, за заедничките сонови,за овој дел од животот кој го делам со тебе.
Нишо бе онака да те слушнам само ... Уат д хел вас дет? Зошто сакаш да ме слушнеш? Зошто те интересира шо јас имам да кажам? И овоа не е една од оние женски глупи претерувања во све и свашта, овоа стварно треба да го разграничиме. Ќе ме прашаш што правиш, бла бла, и после и јас ќе те прашам за неа и ќе почниш да ми разлагаш? Дај ти се молам. Знаеш колку сакам јас да слушам туѓи проблеми, поготово нерешливи? Немаш претстава. И зошто толку се изненади на тоа дека ти го немам бројот? Што ќе си ми? Не ми е сеедно за тебе, и ќе те молам не прави така да изгледа затоа што очигледно и тебе не ти е и не знам што е со глумава.
Те сакам најмногу, те сакам повеќе од себе. Единствено што сакам е да бидеш среќен. И не можам да те пуштам да си одиш зашто си мој. Колку и грешки да направам и да те повредувам секој пат, сепак те сакам и не го правам тоа намерно. Јас верувам во нас, верувам во тебе. Ќе направам се за да бидеме пак заедно, да ми простиш за сите глупости што ти ги направив. Извини. Никој не е совршен. Ни јас, ни ти. Најважно е дека се сакаме, нели?! Мора да има караници. Мора да има глупости, зашто ниедна врска не е совршена. Имаме кризи, сите сме ги поминале заедно. Знам дека не сакаш да се откажам, знам дека и ти сакаш да се борам за нас. Ќе се борам верувај. Вреди се за тебе! Вреди за нашата љубов. Можеби за мали работи многу често се откажувам. Но за вакви сериозни и големи -НИКОГАШ. Посебно кога се поврзани со тебе! ,,И кога нешто сакаш, целата вселена прави заговор за да ја оствариш својата желба!'' Јас силно сакам да бидам со тебе и вселената ќе ми помогне!!!
Навистина сум лута.Кај цело лето поправо цела година останав дома нигде не излеговме.Па и кога викам дека сакам со другарките на забава одма се караш и се лутиш.Не си фер само тоа го знам.Јас воопшто не сум ти префрлила за ништо а ти од дома не сакаш да излезам.Извини ама млада сум и не сакам дома да седам ако не ти чини најди си некоја што ќе ти седи дома...
Еј, што бидна денес? Вчера вечер како убаво ми дојде тоа што ми рече те молам, барем на кратко да те видам.. Ама тоа е. Знаеш дека неможев. А денес како ме зезна, пак не се видовме. Да знаеш дека ми недостигаш, сакам да те гушнам силно-најсилно и да те бакнам, да ти се насмевнам и да ти кажам дека ми значиш. Одамна се мислам дали да ти го кажам ова, ама сакам ти да ми бидеш првиот, со тебе сакам да ја изгубам невиноста... И за неколку месеци да го направам тоа, нема да се каам, а да беше некој друг во прашање, немаше шанси.. ама ти, ти си посебен. Знам дека многу те нервирав деновиве, ама толку си добар што секогаш ме трпиш и одново и одново ми простуваш. Срце си. Сакам да дојдеш со мене на лулашките кај Соборна. Вечер. Да те фатам за рака и да уживам во моментот. А додека се случува тоа сакам оваа песна да ни биде во позадина. И се ќе биде совршено.. http://www.youtube.com/watch?v=DB-3-TVjrxU
Таа твоја љубомора на моменти ме иритира. Не дека не си сладок додека си љубоморен, додека мислиш дека секој кој ќе ми пристапи ќе ме украде, ама некогаш ме нервираш... Те сакам како и да е! Ти го кажав тоа и пред 20 минути-лично!