Ма какво кажување бреее ќе му испејам да си знае .... http://www.youtube.com/watch?v=WsEFMmYmU8o Baby, tell me how can I tell you That I LOVE YOU MORE THAN LIFE.........
До кога вака? Бараш намерно причина или ти сериозно ???? Ако е првото тогаш дај да завршиме еднаш засекогаш . Повеќе да губам нерви и да се тресам ко будала НЕ!
Извини. ИЗВИНИ. Жолт картон ли имам? Само што овие денови не сум баш најдобро, треба да ми дојде менструација а не ми доаѓа, и дома ми е малку напната ситуацијата и ти си го обра бостанот ... Извини. Знам дека си разочаран од мене ... Барем ќе се потрудам да се поправам ...
Знаеш која е единствената грешка што ја направив во оваа врска? Тоа што ти покажав дека неизмерно те сакам, тоа што ти покажав дека ти си ми се, дека без тебе не можам..па сега ми се враќа. Знаеш дека нема да те оставам, знаеш дека немам храброст за тоа и затоа вака правиш ајде ќе ми се насмевне и мене животов некогаш..се надевам..
Имам едно така големко прашање во врска со нешто. На тоа се надоврзуваат уште неколку други поситни. Знам дека ако пробам сама да си ги толкувам работите, веројатноста дека тоа ќе биде погрешно протолкувано е 98%, а ако те прашам ќе биде многу, многу глупаво од моја страна.
ти се допага се на мене-туто комплето а бе кого правиш будала црногорец сакаш да знаеш што има кај мене а не кажуваш за тебе а што итрец си бил ти ако ти до сега од како си замина за Улцињ со 100 девојки не си бил, главата си ја сечам прави што сакаш, и онака не чуствувам ништо кон тебе-општа комуникација и ништо повеке од тоа само не ми е јасно прашаево дали те мислам- речиси 1 месец како не си тука вака-така ке си го вратам живото на нормала-со некои измени, ти препорачувам и ти да го сториш истото
ми недостасуваш, ми недостасуваш, ми недостасуваш, ми недостасуваш.... едвај чекам да си дојдеш да те гушнамсилно силно најсилно 2 дена те немам видено и ми фалиш премногу ајде доаѓај
Кога и да зборувам со тебе ми крадеш насмевка.Леле што ке те правам јас тебе фала ти за многубројните комплименти.Ме расплака за момент ама знаеш какви се тие солзи?Радосници Шекер мој
Те сакам душичке!! И ептен ми е мило што влеговте во финале.. ке навивам и задутре и ќе ти држам среќа. Ме направи горда вечерва. БравО!
ме стресе пораката од тебе, се плашев дека е некоја лоша вест.. Но ти пријатно ме изненади И иако не ти враќам, многу ми значи пораката, многу мислам на тебе, многу ме радува секој твој повик и обид да се видиме повторно, но не можам, не смеам..
Иако тотално не го очекував она што се случи преска, сега додека размислувам за тоа ми лебди некоја чудна насмевка на лицето и сеуште сум позитивно потресена, сеуште не можам да си ги наредам сите коцкички во глава. Конечно се одлучив да го направам следниот чекор, и иако не беше баш така како што очекував, океј беше, не било научна фантастика како што си мислев. Незнам зашто, знам дека е погрешно што мислам дека ти не треба да бидеш толку близок со мене, и не мора да го чувствуваш истово што и јас.. но во моментов најважно ми е што вторпат во животов се чувствувам среќна со некој, преубаво ми е и не сакам ништо да ми го расипе тоа. Да беше некој друг во прашање, немаше шанси да ги направам сиве овие работи, но ти си посебен, ме освои на начин на кој никој не ме освоил претходно. И тоа, без да се трудиш. Се ми се случи така спонтано. И сега знам дека ти си тој со кој сакам се да пробам.. Ти си тој со кој сакам да ми биде првиот пат, и веќе не ми е грижа за ништо друго, за што ќе речат другите, зашто јас сум сигурна во тоа што го сакам, и знам дека нема да се каам. Само ти да бидеш крај мене.
Се сеќавам на секој момемнт поминат со тебе.Страшно ми недостига секој миг.Страшно ми недостигаат твоите долги разговори,твојата насмевка,тие убави крупни зелени очи..Ми недостига личноста што секое утро ми ѕвонеше за да ми посака убав ден и секоја ноќ ми се јавуваше за да ми посака добра ноќ.Ми недостига личноста која даваше се од себе за да ме насмее и никогаш не сакаше да ме гледа тажна.Ми недостигаат долгите прошетки.Ми недостигаат моментите кога ми делеше комплименти.Ми недостигаат нашите мали расправии.Ми недостига твојот мирис,твојот глас,твојот допир..Се што е поврзано со тебе ми недостига.Еднсотавно ми недостигаш ти..Сега сум сама и тажна и сум дел од девојките што некогаш страдале.Талакм со својата тага,а излезот никаде го нема...
Не си овде за да прочиташ ниту пак си овде за да ти кажам се,а и кога би бил,јас не би имала храброст, би собирала во себе,и би се оттргнала од тебе. На моменти помислувам дека не постои ниту една причина зошто би сакала да направам два реда муабет со тебе,но зарем не е доволно што се чувствувам празно без тебе? Зарем не е доволно тоа што никој не ми фали како ти? Зарем не е доволно што горам од копнеж пак да ме милуваат твоите раце? А тебе те нема! Ете не си овде. За момент посакувам да сум таму,барем да знам како си,што правиш,за што размислуваш? Помислуваш и барем еден миг на мене? Се сеќаваш на личноста која многу пати ти го повиши тонот и ти затвори слушалка? Се сеќаваш на личноста која се искачи до крајот на светот кога беше со тебе? Се сеќаваш на личноста која многу пати погреши што незнаеше да се однесува како што треба со тебе? Еве ја таа личност. Сеуште е тука. Како поминува времето само уште толку си го потпишувам мојот став,никој и никогаш не ме почитувал како ти,никој и никогаш не се грижел за мене како ти, и никој и никогаш нема да те нервира како јас ! Да знам дека претерав,се колнам во една мајка дека знам,но ние девојките колку сме по сакани толку стануваме по никакви. Таква станав и јас. Никаква. Не знаев да ценам ништо,ниту еден момет со тебе. Посакувам да се врати времето и никогаш без причина да не ти го повишам гласот,никогаш да не глумам дека имам многу обврски за да се видам со сите,сега одма,одма би дотрчала кај тебе. И би те чекала,би те чекала се додека не ги завршиш своите обврски,нема да ти кажам дека немаш време за мене. Никогаш! Многу ме боли знаеш? Неможам а да не пуштам солза. Давид,многу ми недостасуваш! П.С Ти кажав дека не те давам на никој,ти ми кажа И ДА НЕ МЕ ДАВАШ! Епа тогаш зошто те немам м?
You know that,m? Знаеш дека секој ден ме правиш се посреќна и посреќна? Не можам да верувам дека повторно се врати тој кој што беше кога се фатив со тебе, а можеби дури сега и подобар. Дефинитивно оваа ми е најдобро лето досега. Со тебе се е толку добро.. Ти си едноставен, ти си толку совршен.. ти.. ти си само мој!