Did I really made that big mistake that you can`t even consider to talk to me or is it you this time? Јас сеуште чекам на твојот одговор. И нема да ти се јавам, ц. Иако тоа го сакаш, нема. Нема шанси било како да ти покажам дека УСТВАРИ ми е гајле што ќе испадне од ситуацијава. Ух, ќе почниш да ме нервираш, not so good ...
Ми недостигаш мило мое, веќе два дена како се немаме видено. Па ми фали твоето муце и газе да го зграпчам
Сакам мир..Неколку дена... Сакам да одморам, не само од тебе туку од сите, па дури и од самата себе...
Абе шеќер мислиш незнам оти веднаш по раскинувањето со мене, се фати со неа само да ме направиш љубоморна? -Епа, мисли си. Не и` сум љубоморна, туку ја сожалувам бидејки знам со каков кретен оди. Веќе не си ми шеќер , туку квасец-ми се повраќа од тебе. МРШ! Спојлер И ке му го кажам ова, сааааамо да го сретнам, во 4 очи,во фаца се ке му репнам! Ај сега на другиот сакан: Море муце, ке биде од нас нешто? АЈ да биде! Лепотанче мое , мора да биде, ако не со тебе со другарти ! (ова за другарти се шалев, тееееебе ке те бакнам )
Дибек еден. Немој да мислиш дека си поголем инает од мене. И едно не заборавај со тој твој однос ништо не правиш...
Знајш што?! Во состојба сум да дојдам,дома да те изгушкам толку силно,и да те згмечам! ТЕ САКАМ БЕ ТЕ САКАМ!
11 месеци бе мило !!! Спојлер аиии да не ми е ова на фемина како потсетник немаше ни да ми текне се надевам дека ке направиме 1 год и ке ја означиме нашава врска како моја најдолга врска те гушкам најсилно фала ти што ме правиш среќна и што ми го разубавуваш денот кога ке те видам...
O.. боже, што направив. Сеуште ништо не се случило, ама како што еден збор и тоа кажан од самиот себе си, може да направи да се почувствуваш валкано и искористено уште пред да направиш нешто.. ништо друго неможе да го долови тоа чувство. Па, искрено и јас да бев машко, можеби исто ќе помислев како тебе и исто ќе изреагирав. Да, избрзав знам со ова што ти го кажав и со тоа што планирам да го направам. Утре морам да те видам, за да си разјасниме се, и да позборуваме за ова. А покрај се, сеуште се чувствувам сигурно во себе, т.е на моменти ми доаѓаат некои слики од тебе и она што го правевме и неможам да се соземам, а во следниот момент летам во облаци, убаво ми е, сакам тоа да се случи, а потоа се сеќавам на твојата реакција и... Далеку од тоа дека сум ти прва, ова не ти е ништо посебно, нормално, ама замисли си на мене.. Тешко ми е, а сепак сакам да го направам тоа со тебе, ми значиш многу.. премногу. Што ќе правам без тебе, кажи ми?! Спојлер Доволно ми е тешко и вака, и ВЕ МОЛАМ да не ме напаѓате и слично, зашто се чувствувам дека ќе експлодирам, најискрено.
Да знаев дека си ми бил толку блиску последниве неколку дена ...... Бар оддалеку да те видев,да го почуствував твоето присуство блиску а сепак далеку од мене... Ал ночас ДАЛЕКО СИ ДАЛЕКО СИ.... http://www.youtube.com/watch?v=-d4LvSDuHsQ
не ми е јасно како можев да ти напишам порака(навистина беше емотивна) ама твојот мобилен завршил во рацете на една девојка-што ми кажа дека ти е тебе девојка веке 1 година, а јас не можев да си дојдам на себе си, мислев ке ми експлодира, рацете почнаа да ми се тресат како си можел со неа да си, а со мене да излезеш неколку пати, и уште да не ми дозволиш да си платам КАКО, што ти бев јас на тебе бе зелен во мозокот со его до облаци и згора на се во длабока депресија : наместо да ми кажеш-срце, јас си имам друга, тебе веке не те сакам, ке те сватев, и најискрено сум по храбра од тебе 1 милион пати, иако си машко и ми глумиш некој си мачо а не те свакам што толку до те допре кога ти пишав да си уживаш со новата девојка во љубовта дека јас нема да ви пречам-е тогаш ЗБЕСНА , па дури и ми се закани ке ме палел мене и моето семејство ко јас да ти се плашам на тебе, а кога ти пишав дека незнаев дека си бил толкав фраер што ке ме пали мене , да не го споменуваш моето семејство, и да уживаш во љубовта-не вракаш ти се крена егото баш размислував и вчера-НЕ ЗА ЏАБЕ СИ ТИ БИВШИ и тоа ке си останеш ЗАСЕКОГАШ само малку јас вчера се изглупирав со емотивната порака кога ке ме фатат емоциите хехе а тој што ми беше последен, се правеше за да ми угоди, ама јас пак се оттргнав од него (да не речам му го скршив срцето) не бев до толку сурова, по еден ваков ли да се залетам што искрено кажано може вода да му носи знам дека понекогаш одам сама против себе, и дирекно со главата во зид, ама ДОСТА БЕШЕ со тоа, и мислам дека ке треба да си го заклучам повторно, се додека не се појави некој што заслужува да биде дел од мојот живот-АКО се случи тоа(како што тргнала работава, мислам дека се ке ми биде во животот поважно од љубовта, за овој живот ПРЕДОСТА беа солзи и скршено срце -не е до мене така рекле трите наречници, така требало да биде
Можи вака е подобро, но јас се уште не можам да прифатам.... Не раскинавме ни поради друг, ни поради друга, раскинавме поради твоите здравствени причини, кој и да е чоек би го напрајл то нешто.. Ми рече да ти ветам дека нема да мислам на лошо, дека нема да се затворам во себе и да продолжам понатаму, Како?? Како да продолжам понатаму? Ми рече дека ко ќе си дојдиш пак ќе бидиме заедно, да знајш дека тука ќе бидам, истата таја шо те чекаше со раширени раце, за да ти дај една искрена топла прегратка, и еден врел бакнеж. Знам дека се чувствуваш ужасно лошо, исто така и јас Се беше прекрасно... Знам дека не е твоја вина, знам дека и ти сакаше да си дојдиш толку колку шо сакав јас.. Охх најмил мој, во моментот ронам солзи огромни, како никогаш досега.. Секогаш можиш да рачунаш на мене за шо и да било, шо и да се деси јас ќе бидам покрај тебе.. Морам да бидам силна и да продолжам понатаму, вервам во тебе, вервам во нас, Силен си ти Но, Болката не значи да се предадеш, ме имаш мене и гушни ме што и да е ќе помине. ТЕ САКАМ И СЕКОГАШ САМО ТЕБЕ ЌЕ ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ !
Ветувам дека ова е последно ви темава ако ме видите пак тука да ме банирате последен пат имам нешто да му кажам... Спојлер Те прашав како идат работите со таа затоа што се надевав дека ќе речеш дека е готово, дека само си сакал малце да здивниш, не барав од тебе детали кај сте биле, што ти кажала, што сте правеле, стварно не си фер ама ајде нека ти биде... веќе не сакам да знам ништо ни за тебе ни за неа... и да лажев дека вечер излегувам со друг, мислев дека ќе ти биде криво а ти дури и ми посака среќа оф мори мукооо
Боже Петра....абе ти да не мислиш дека јас ќе ти речам за на кафе?!?!?!?!??! Не ми врти одоколу муабети,туку директно прашај ме,САКАШ ДА ИСПАДНЕМЕ? Јеботе,толку ли е тешкоооо Едит:јаоо фала богу ти текна,јас изигравам тука глупача и ја ги вртам тие глупи муабети,и сеа ако не ме поканеше,веруј дека ќе беше свршено меѓу нас
Шо слушам бе? Си си купил нов велосипед а Ај нека ти е со среќа..... и ако кажеш нешто лошо за мене да ти пукне гумата