Некако ко да ми се враќаат на место коцките во животот, само уште ти да ми се вратиш и сè ќе ми биде совршено. Нема да ми е потребно ништо друго, ништо нема ни да побарам.
Вчера се осеќав како кретен-седев на прозор и јадев бедови. ДА! Едноставно воздухот ми мириса на нас,не сум пораметена сеуште,ама мирисаше на тој наш спокој што некогаш го имавме. Погледни ваму,погледни таму,епа секоја страна има некоја наша приказна,секое делче имало среќна,некогаш кавга,ама наши места беа,само наши. Се вртев наоколу,сакав да излезеш од некоја страна,сакав да ни се вкрстат погледите,сакав пеперутки во стомакот,но залудно,ти не си таму сеуште. Сакам уште една вечер,многу ли сакам?
Зошто не можиме да направиме еден сериозен муабет за нашата иднина? Помислив дека е се во ред и дека се ќе ни излези според плановите,но не.Нас секогаш мора нешто да не попречи нешто и да одиме по потешкиот пат.Немам веќе жечла за ништо.ЈАс секогаш те разбирав и разбирам,но разбери ме и ти мене некогаш како се чувствувам,помисли на мене барем еднаш.Веќе ми дојде преку гла и кредит и се.ПА дај застани еднаш на свои нозе и не паѓај под туѓи влијанија.Денес за жал почувствував како ме оттргнуваш од себе со своето однесување.Ме уништи,не очекувава таков одговор и сега веќе ако се вериме ќе ми биди мене онака ради реда,а нема тоа да е нешто вау за мене поради тоа што ти направи да се чувствувам така.Доста ми е од тоа само јас да сум виновна за нештата и на мене сите да се истураат. Се надевам само дека со ова нема да ме тргнеш целосно од себе.Те Сакам,но ако продолжиш да се однесуваш така,тоа нема да можам да го издржам тоа чувство.
Многу се лутиш, за без врска. Многу ќе те кочи оваа особина некаде. Било каде. Попаметниот попушта, иако јас моментално би рекла будалиот попушта, ама ајде дека не сакам да се фаќам за ситници. Буквално ситници ...
Ќе се потрудам ова да е последното напишано за тебе, зашто колку повеќе пишувам, повеќе останувам врзана за сето она што си ти. Не знам зошто мислиш дека не ја гледам твојата љубов, поддршка, дела низ годиниве. Ама ти никогаш нема да сфатиш дека има влијание што моето љубовно минато е празно. Оние краткотрајни и безначајни моменти со некој друг, останале само на планови. Зашто, секогаш се плашев од одговорноста што ја носи врската. Се плашев дека нема да ги исполнам туѓите очекувања, дека некого ќе повредам. И додека планирав нешто поголемо, чекајќи го денот кога ќе соберам храброст, а истовремено полнејќи се со страв, јас ги повредував сите тие луѓе. И тие гревови ќе си ги носам за навек. Единствено ти беше трпелив, го чекаше денот да започнам нешто со тебе, не ме напнуваше, ми објаснуваше, ме водеше низ светот на сите непознати работи за мене, ме подготвуваше за нешто кое допрва ќе дојдеше. На 20 и кусур години, бев едно мало дете кое ти го учеше. И не ти беше потешкотија, мачење, губење време. За сите тие години, ти помина низ се` она од што би требало да се состои младоста. Пијанчења, лудувања, секс без обврски, помина низ секаков тип девојки. Девојки со кои си бил од корист, искусни девојки со кои си можел да го поминуваш времето не планирајќи нешто сериозно, си започнувал врски со некоја која првпат ја гледаш, си имал другарка заљубена во тебе... Многу за тебе навидувам небитни работи и ништо посебно преживеано, а сепак сосема доволно за да бидеш сигурен дека јас ќе бидам онаа со која се смириш, воозбилиш. После години на детско однесување и врски без долгорочна цел, како и учење на однесување во врска, ти се одлучи за мене. И сега кажи ми како можеш да не` споредиш нас двајца? Како јас би можела да мислам на брак, со неможност да споредам дали е тоа вистинското? Јас со тебе изживувам се`. Детско однесување, карање, осознавам многу нешта. Се` само со тебе. И нормално дека повеќе ќе патиш. Ти си оној кому му се лутам за глупости, затварам телефон кога ќе ми текне, ја прекинувам врската без посебна причина. Можеби утре, кога ќе запознаам некој друг, ќе сфатам по што си посебен. Јас и сега сфаќам, ама не е тоа тоа. И тогаш ќе бидам и потолерантна, ќе се контролирам од страв да не те изгубам. Ама можно е само после друго искуство на своја кожа. Не можам само да го размислам со мозок и да го сфатам. Јас и сега немам потреба од никој, веројатно тоа ќе му дојде само како средство за да научам, но во никој случај не би го сторила намерно. Ќе оставам на иднината, ситуациите, приликите. Ќе оставам да учам од грешките. И оној момент кога ќе дознаам што си ми значел и ќе ги имам истите сериозни цели како тебе, ќе те побарам. Не велам дотогаш да ми стоиш на располагање. Биди со која сакаш, продолжи го животот. Ама моментално не можам да те кочам, бидејќи сеуште не можам да ти го понудам потребното. Не сакам да те жртвувам, не сакам да добиеш помалку од заслуженото. Не сакам ако завршиме во брак, тогаш да почне да ми мрда газот. Те штитам тебе, а и себе од такви последици. Ја барам сигурноста, која ќе ја добијам единствено на тој начин. Немој да си помислил дека ќе заборавам чија рака ме држеше додека плачев под ќебе за смртта на баба. Како се обидуваше да ме насмееш, ми вареше чајче, ме тераше со сила да јадам. Како ми објаснуваше дека факултетот не треба да се сфаќа толку сериозно, а испитот е нормална работа. Како шетањето под рака не е срамно, туку најубаво чувство. Нема да заборавам ни како ти удрив шамар додека бевме во болница, а ти преќуте, сфаќајќи дека ме боли она што и се случува на мајка ми и немам контрола над себе. Или како доаѓаше каде и да те викнев, само со ситни пари кои ти тропкаат по џебот. Немам толку време за да набројам се`. Кога ќе почнам да се борам за нас, имаш потполно право да ми кажеш дека веќе не ме сакаш во животот. Не` ставам на ризик, со добра цел. Ако веќе ти се давам, не сакам да биде тоа половично. Можеби сега не ме сфаќаш и можеби никој не го разбира мојов начин на размислување. Ама знам дека ќе се исплати тоа што остануваме еден без друг. This too shall pass.
Стави ги рацете на очките и позади зениците нацртај си го космосот онаков каков што ти го сакаш. Да лебдиме.
Значи кога те боли главата одма можеш да ме бараш да ме гушкаш, да ме бацуваш. Епа нема проблем чим е така, ќе ти мавам секој ден боксови по глава за здравје, па барај ме после И така значи се изненади откако виде дека ја погодив колата по име. Епа очекувај многу нови изненадувања од мене
После месец и нешто, вчера те видов за прв пат. И ќе припаднев .. едноставно не сакав да дојдеш. Не знам зошто. Се колебаше и ти, се осети одма. Знам дека одамна се немаме видено, ама не ме гушкај ко да ти значам се‘ на светов бе!! Џабе ти е и залажувањето, не можеш на таа финта да играш кај мене веќе. Не дека јас ти фалев нешто многу, можеби и ич .. ама криво ми е што не си свесен што ти ја знам целта. Мислеше дека ќе се наежам, ќе затреперам, ќе направам нешто, ама те разочарав, нели? Жал ми е .. ама и јас имам право по толку долго да не почувствувам ништо. 17 .. нашиот кобен 17 дојде. Четири месеци како не сме заедно, а точно една година од тоа другото. И не сакам да те видам денес, зашто знам дека макар и со погледот ќе ме прекоруваш за тоа, секако - ако ти светне сијаличката. Уш нешто .. телото ти е совршенство бре дете. Од кога ти викам не знам веќе, ама доволно ти се мускули, на нозете особено. Осет имај, зашто големото не е секогаш убаво.
Спојлер Добро признавам заслужуваш и ти да поминеш малку време сам.И не сакам да се лутам ама ајде тоа е посилно од мене.Бидејќи знам и сигурна сум дека ти на мене за тоа никогаш нема да ми се налутиш.Ти се ми дозволуваш да праваам , а јас не премногу сум себичнаа .Евее ти признавам овдее.Те сакам само за мене и само до мене да бидеш Ајдее убаво да си поминеш памет во главаа и НЕ ТИ СЕ ЛУТААМММ НЕЕЕЕЕЕ !
И Сега шо? Знајш дека ми фалиш стариот ти, знам дека од ситуацијата си ваков... Ми фалиш, проклето многу ми фалиш, сега засега ништо нема да биди како порано !
Не очекував вакво нешто од тебе, само се надевам дека нема да станеш мамин син па да те кастрирам со грицкалица кога ќе ми дојде преку тасе