Не ми се верува дека се реши се како што сакаме ние.Значи можело да се прави нормален муабет без избувнувања и карања.Мило ми е што реши да не направиш глупост и да заминиш,туку да останиш овде и заедно да се избориме за нашата иднина.Ајде сега ќе чекаме да дојди март 2013 ,па белки ќе дочекаме си велам СЕ надевам дека ова е последна наша толку сериозна караница бидејќи ако не е така ќе ме дотолчиш.Ах фала му на бога помина и ова.Те Сакам Најбескрајно,Лудо,Страствено,Засекогаш
Tе видов патравицо... т.е грбот ти го видов де од автобус... колку што можам со лиљачкиве мои очи да видам Сум заборавила колку патраво одиш... озбилно! Ма, глупости. Се’ си памтам. Без гајле! http://www.youtube.com/watch?v=8u1DdbNC ... re=related
Не сме се виделе асално 3 недели,и вечерва кога конечно завршија обврските со другар ти ќе излегуваш кој не те шишаше 2 месеци? Нели имавме нешта за кои треба да разговараме? Добро ,нема проблем...
Мутаво е да се заблагодарувам, ама да. Овој живот ми подари некој што со сигурност можев вчера да го почувствувам без да го допрам. Ти, ти си она што ми треба. И насмевките во парк, и пинаколадата брцната во носе, и држењето за рака, и гувеењето и бесниот денс потоа... Се само редици новитети во врската. Како да те гушкав првпат, како да имавме прв состанок, ете така ми направи да се почувствувам. Сакано, посакувано, единствено. Спојување како јагода на шлаг. Се роди Стрелецот во тебе вчера, мој драги. А јас, како мајка Земја, го добив сиот оган што можеше да го произведеш. И бои, многу бои. Еден куп. Те љубам, многу, без никакви додатоци, китенки. Многу. Многу.
многу те сакам и страшно ми недостигаш ,се прашувам дали некогаш повторно ке те видам ,и извини за моeто однесување последниот пат ама мн.бев разочарана од најблиските,не беше до мене,требаше да ме разбереш.Се прашувам зошто мора секогаш така да биде,таман ке засакам некого одма ми расипуваат се,и не е првпат . Само знам дека пред мене е една гоолема планина и ке мора повторно да се искачувам,ке мора повторно да поминувам низ ова, и се заради некој од блиските
Не знам дали можам да поминувам пак низ истите гомна. Ми требаше година време да се оправам првиот пат. Не знам дали можам пак да издржам.
Само си ти месечина Од ова небо што ме покрива Само ти и никој друг Не ме прати во далечина За еден здив За еден сон За мене малку е потребно Плачеме во себе, А јас не можам Без тебе
По некое време едноставно се помируваш со некои работи, како да не те болат повеќе. Стануваш скоро рамнодушен на тоа што се случува околу тебе, зашто си навикнат на тоа, и се осеќаш како веќе ништо да не те допира. Сакав, дури и сеуште сакам да ми бидеш прв, ама немаш поима како ме повреди ова што го дознав, иако некако срцево како полека да ми станува мртво, најискрено имам такво чувство, како да ми се замрзнува полека-полека, за да накрај и да те сакам, да не ме боли веќе што и да направиш.. Ептен е конфузно, да. Чувствувам дека што и да направиш, и да се смуваш со друга, и да се е*еш со некоја, јас пак безрезервно ќе те сакам и ќе ти се давам на тацна, ќе направам се што сакаш, ќе ти се препуштам со цело тело и ум. Знам дека ќе добиеш се уште пред да сме во врска, и несвесно ќе ги направам сите оние работи, т.е пола ги направив веќе, ама не можам против себе, едноставно те сакам иако знам дека ти не го чувствуваш тоа за мене, ама се додека сум со тебе и знам дека ти значам, не да ме сакаш, барем да ти значам, па ако треба мувај се и со други ако ти се само за една ноќ, само да знам дека на крајот од денот ќе ми се вратиш на мене, и како пред некој ден ќе ме погледнеш длабоко во очи, ќе ме фатиш за рака, ќе ја пуштиш Ain't talkin' bout love и ќе ги потпевнуваш стиховите додека ме гледаш во очи. Знам дека тоа го немаше со неа, осеќам... или се молам да не е така, да не чувствуваш нешто за неа, а јас да сум ти само пролазна станица.. Незнам веќе што да правам, само знам дека пак ќе ти се вратам, зашто неможам да ти се правам лута иако сум длабоко во себе ама ајде, едноставно неможам да дишам без тебе, ти си ми СЕ...
Нели ти значев барем малце а? Па не видов дека е баш така,денеска така не ми изгледаше ,ама изгледа ти си знаеш најдобро,стварно мислев дека си поинаков од другите ама какво изненадување не испадна така,и ти ме разочара .
Кога би знаел дека тоа што го свртувам на шала е вистина. Кога би знаел дека во мене се крие нешто што чека да биде откриено. Кога би знаел дека имам некаков сјај во очите секогаш кога се трудиш да ме насмееш. И успеваш да ме насмееш.Заради тебе јас сум цел ден срекна дури и сега се смеам на нашиот разговор Кога би знаел... Ама ако...се во свое време. Те гушкам,шекер мој
Преубаво ми беше сношти. Ех да не требаше да станувам во 8 за на работа ќе останев жими се. Ама ај нареден пат секако. Те гушкам (знајш дека то најмногу го сакам)