баш пред малку размислував за тебе црногорец (темен ко чоколадо ) ти беше јасен кога ми кажа дека или ке се вратиш за 2 недели-веке помина 1 месец точно, или таму некаде Септември, па што и да чуствувам за тебе и ти за мене, нема да те натера да дојдеш во скопје, а јас не мислам да дојдам до таму па да те довлечкам со сила мислам дека свакам ЗОШТО ти не сакаш да се вратиш(си нашол друга), а јас па не мислам да се вртам околу тебе како некоја веке избрана мета,и јас си имам свој живот што вреди да се живее па здравје , се гледаме за месец и нешто(се ке остане исто од моја страна, само ако јас во мегу време запознаам некој што ке ми се допадне немој после ти да се прашуваш што се случило ) не сум ти јас на лагер , и ке се обидам со сега сила да НЕ ти пишувам неколку дена, да видам дали ТИ прв ке ми пишеш-тест проба ај да видиме твоја реакција
Зошто мораше тоа да ми го направиш? Кажав јасно и гласно - НЕ! Не сакам. Зошто сега не си машко, како што тогаш се правеше, да појдеш да кажеш што НАВИСТИНА се случи? Зарем не ти е воопшто битно што заради тебе изгубив се!?
Пишувам за З. со благодарност и извинување... Ти благодарам што беше тука за мене ТАА вечер. Знам дека ни беше должен, а ниту пак си заслужил да ме гледаш и слушаш кај што липам. Ти благодарам што ниту во момент не се посомнева во искреноста за тоа што го зборувам... Бев нападната, по втор пат, иако овој не беше ни блиску како првиот, од машко чии намери верував дека не се ни приближно такви. Долго време збирам храброст барем овде да пишам, а знам не ќе прочиташ. Сум благодарна што ми вети дека никој повеќе нема со сила да ме тера да правам нешто што не сакам. Знам дека ветувањето и колку да сакаш нема да можеш да го одржиш... ама не е твое за одржување. Ти благодарам и што ми се јави следниот ден и што ме праша дали ме разбуди од спиење. Не.. не спиев цела вечер. Не е ни чудо следниот ден што ме нарекоа “ко умрена во фацата’’. Ти благодарам што потоа дојде кога светот ми се рушеше, ти благодарам што ме убеди да застанам на нозе затоа што не сум јас виновна и дека е време да престанам да се однесувам ко да сум. И сега ќе ти се извинам... Не можам да бидам со тебе. Не можам да поднесам да го гледам сожалувањето во твоите очи. Не можам да ти казувам повеќе “Овој ми е другар, не се секирај, ништо не ми прави...’’ а ти да ми викаш “И него го сметаше за другар.’’ Свртев нова страница од животов, можеби вистински овој пат. Ти само ме потсетуваш на старата, со секој разговор, со секој поглед. Ќе бидам јас во ред, не се грижи ти. И најголемо извини што го пропушти филмот заради мене таа вечер
Знаеш ли ... ? Колку некогаш проклето те мразам ... Како сега во моментов ми се чини ми го отежнуваш животов како да сум во кафез . Сите убави моменти тонат во истиот момент и мојот и онака повеќе сив од розов свет станува црн ! Ме излудуваш . ме излудува твојата недоверба , посесивност и болна љубомора . Ме повредуваш знаеш ли ? ! Свесен ли си дека ме губиш секој ден се повеќе со секоја твоја постапка ме отурнуваш се повеќе . Посакувам да не те запознаев толку добро ќе мислев дека си најпрекрасниот карактер од човек ама се изморив многу повеќе сум несреќна и замислена отколку среќна . Ме гушиш во секоја смисла на зборот . Не знам веќе која сум , не се препознавам . Јас не се променив само пробувам да балансирам ама тој баланас е премногу за мене тој тежи на моја страна на мој грб . Ова трпење има и свој крај . Мразам што ми се вовлече под кожа , мразам што успеа да ме придобиеш со твои постапки кои сеуште ги паметам . Што не ми е сеедно да ти кажам ЗБОГУМ . Што некогаш си мислам како те заслужив како 2 личности да се во тебе . Зошто толку се промени , ми вети опуштена врска , а сега сакаш од тебе дозволи да барам уште што остана да ми го земеш телефонот . Ме носиш до работ ! Се закануваш со раскинување а кога ќе одам до крај кога јас ќе ти спомнам бегаш како глувче од мачка.
не можам да разберам што бараме јас и ти заедно?? ни јас те сакам ни ти мене, немаме ниту една најмала заедничка работа, имаме различни интереси.. најдобро е да се договориме за нашиот крај..
Ако ти реков дека сакам цвејќиња ,не значи цела градина да претрпе промени летви за граѓевина шајки, профили ..............појде градината а и лтната тераса .Мутло мој
Добро,што ни се случува? Се што ќе кажам ти смета,па ти мене ќе ме смениш за 360 степени и ќе ме полудиш ако продолжиш вака да се однесуваш.Се лутиш на секое мое мислење,па и велиш дека сум те мачела? Како,што ти правам не знам,те врзав и не те пуштам да одиш?? Уфф е не можам да те разберам повеќе стварно ден е рај,а ден е пекол.Дај нека се среди веќе еднаш ова дека ме полуде
A little bit of Monica in my life, A little bit of Erica by my side. A little bit of Rita's what I need, A little bit of Tina's what I see. A little bit of Sandra in the sun, A little bit of Mary all night long. A little bit of Jessica here I am... Знам бе знам и со три во една вечер. Шта чеш. А, јас не се замарам. Интересен ко пролет во есен! За онај другиот што е на другата страна од емоциите ти ја посветувам "некогаш и негде"
Спојлер Не можам да се оддалечам од темава, ама ветив дека веќе нема да има посветено на бившиот, па нека биде некој иден... Јас сум ти едно совршено несовршено суштество. Поголем дел од времето ќе минувам во зборување, објаснување, прашување, барање одговори, анализирање. Да, биди подготвен повеќе да чуеш зборови, отколку да видиш дела. На почеток од нашето запознавање, веројатно ќе бидам импресионира од тебе. Ќе бидеш нешто ново, интересно, нов материјал за анализа. Ако видам дека по нешто се разликуваш од мене, нешто што ме инспирира, ако видам макар и мала доза позитивност, натаму богато и длабоко познавање на некоја за мене интересна тема, несекојдневен, редок речник, или барем поинаков на оние околу мене... допадливоста ќе биде уште поголема. Но, не брзај. Откако ќе видиш дека си ме освоил, а и самата ќе помислам дека сум бесконечно вљубена во тебе, бурата ќе стиши. Емоциите ќе спласнат, ќе бидеш само уште некој кој веќе сум го запознала и нема ништо ново што ќе ми носи возбуда. Потоа следи фаза кога се прашувам што се случило. Откако ќе те тргнам од себе, ќе се обидувам да те вратам. Ќе те молам, ќе ти објаснувам. Ќе се обидам да ти доловам поточно каква сум. Тогаш ќе видиш дека оваа личност која цел живот го поминува во себе-спознавање, нема никаква намера да те повреди или да си поигра со тебе. Ќе ти стане очигледна мојата искреност, несекојдневност, комплицираност и ќе почнеш да ме засакуваш таква. Верувај дека ќе ти бидам многу, многу, многу чудна. Ако те прашам дали гледаш други и одговориш негативно, ќе продолжам да истражувам. Зашто секогаш го барам одговорот кој јас мислам дека е вистинит. Ако дознаам дека навистина те интересираат други, а не ми признаваш, ќе ја добиеш најлошата караница во твојот живот. Ако сепак, дознаам дека јас сум ти доволна и не пројавуваш никаков интерес за останати, ќе почнам да се чудам. Па и со сила ќе те терам да зјапаш, со намера да се чувствуваш комотно пред мене. Ако пак не видам никаква желба, ќе те сметам за ненормален. И наместо да сум среќна што сум погрешила, мене ќе ме нервираш зашто не си типично машко и нема да поверувам дека само јас го фаќам твоето око ... Ако почнеш премногу да се трудиш околу мене, нема да ми е доволно. Ќе те прашам дали го правиш тоа намерно, за подобро да ни функционира врската или едноставно ти е желба. И ако е првово, нема да сум задоволна. Ако бидеш премногу внимателен, нежен, ако после сите караници ми попуштиш, ја креваш границата која инаку би ја преминала, ќе помислам дека нешто не е во ред. Или не си искрен или имаш скриена намера..или не знам што. Ама ако јас не верувам дека мене некој може така да ме сака, сите твои намери и гестови ќе бидат грешно сфатени. И наместо да бидам фина, среќна, задоволна со се` што правиш, ќе те оттргнувам се` повеќе. И уште ако нејќеш да се оддалечиш, а сум свесна за својата вина, недоверба и патам поради секоја грешка и ненамерно погрешно протолкуван гест, сама ќе избегам. И на крај ќе се запрашаш каде си погрешил, а си го дал најдоброто од себе. Ти, некој, таму некаде, сакав да те прашам - дали би прифатил една вакво чудо во негативна смисла до себе, со кое секој ден нема да ти биде монотон, но тоа не секогаш е позитивно? Сакав да те прашам, ама нема. Зашто сум си доволен товар на себе засега... Гледаш... ти во суштина никогаш нема да бидеш она што го сакам, зашто и самата не знам што е тоа.
Ват а џрк си понекогаш гавран еден! Ама знаев ја дека ме јебеш али после стана поубедлив и наседнав, брао ме напна! Море ќе ти врати Стојан за ова, немој да сумљаш! Покемон еден зелен, иаме свои методи на суптилно вреџање кој да не сфати што суртуци сме, страшно си парираме во јадење гоВна, детс вај ај лав ју!
Си те сакам највеќе ако ме сакаш и ти ќе ме разбереш скоро за сите работи и се што ќе речам ќе почитуваш
Те сакам највеќееееее....сакам да те видам многу ми недостигаш и сакам некогаш да ме приметиш и да сватиш дека сум луда по тебе и дека те сакам 10000 повеќе од тие к*****е што се прават дека те сакаат,а уствари само те користат...<33333333333