Ееее па и ти многу се брзаш, чекај малку смири се . Има време, ако ни е судено ке бидиме заедно, а ми се свиѓаш многу,има некаква хемија меѓу нас.За џабе не сме двајцата Риби во хороскоп Не се предавам така лесно,прво ке си бидиме другарчиња ке си излегуваме како вчера
Што ми стори за да се чуствувам вака? Не човек,најозбилно...ми се допага твојата грижа,твоето внимание,твојот труд да ме усрекиш ама навистина нема потреба од тоа. Не ме терај да се ставам на дистанца од тебе бидејки и двајцата ке бидеме повредени.Не само јас туку и ти,а тоа најмалку го сакам-да те повредам. И да ти кажам те сакам ништо нема да смени. Ние сме пријатели.Ништо помалку,ништо повеке. Така и ке остане. Ке ги кријам моите чувства без разлика на се. Не ми е гајле...што сака нека биде. Гордост јебига,ама не сакам да ги поФторувам грешките од минатото.
Во еден момент се караме,се смируваме.И ние незнаеме што правиме,со еден збор зборуваме,а сами не се слушаме... Лутко еден! Те сакам!
На моменти се прашувам дали навистина е љубов ова што го чувствувам кон тебе? Дали тоа што ми го зборуваат сите е точно и не требаше да направам некои работи со тебе а и да направам некои други во иднина..? Дали ќе се каам некој ден за се ова? Можеби само најдов некој со кој можам да си ги исполнам, грубо кажано, сексуалните желби кои одамна ми биле во умот, а не сум имала некој пред кој можам така да се отворам. Знам дека после тебе, барем некаде до 17, 18 години не би можела да ги направам овие работи со некој друг. А едно знам, дека неможам без тебе, и ако сум без тебе би полудела... Знам дека не те доживувам така ко некој секс објект, далеку од тоа, ги обожавам и нежностите со тебе, би можела само да лежам во твојата прегратка.. но, зашто да не се обидеме за нешто на подолги патеки? Искрено, би сакала да сум со тебе во врска, да трае ова подолго, и ти мене да ме засакаш и да бидеме среќни. Па дури потоа да се случи ова. Што ако уште сега ти дадам, искрено после нема да биде толку интересно отколку ако чекаме. Искрено, се двоумам. Ама, имам цели 2 недели повторно да размислам за тоа, и дали сум сигурна дека сакам ти да ми бидеш првиот.. Т.е не, сакам ТИ да ми бидеш првиот, ама дали баш сега, во овој момент? Од сабајле си ја слушам песнава и навистина се прашувам... Is this love that I'm feeling..?! http://www.youtube.com/watch?v=ujnH4yNqL8E
Не ми се верува милоо Цели 20 дена ќе имаме само за нас,ќе шетаме,уживаме,сакаме,бакнуваме,се ќе правиме заедно сонце мое.Одвај чекам да дојди петок за забавата да почне Мислев дека ќе ми пропадне летото,но изгледа дека и нас после дождот не огреа сонцето мило мое Ах шо те чека,ќе те збрлам сонцко понцко еден ни заеден Те Сакам Најбескрајнооо е така да знајш д не после речиш вака така
Жал ми е што вака правам, ама сам си го бараше... не ми е битна причината и колку добра намера си имал, треба да си свесен колку мразам лажење... никогаш не сум те излажала, и го очекував истото за возврат без разлика колку ќе боли вистината, штета што згрешив ... А на крајот уште ми спушти слушалка... деца ли сме? еднаш да застанеше пред своите постапки и да се сносеше со последиците... И ова не е кавга од што ми недостигаш, ова е кавга од што си глупаво машко... И уште се караш пред другар ти, ало човече... Јас инаетот и гордоста ги потиснувам цело време, и верувај ми дека не сакаш да ги изнесам на површина ... тек тогаш нема да знаеш каде ти е главата а каде газот.
Знаеш што? Намерно не земам ништо за преспивање кај тебе. Најудобна ми е твојата прегратка и твојата маичка
бивши 2 навистина не ми е јасно зошто ми се јави утринава да си ми го чуел гласот не ти поверував да знаеш бивши 1 колку е мал градов, го видов другар ти со точак, и верувај дека не можев да поверувам на очите
http://www.youtube.com/watch?v=B8UeeIAJ ... ure=fvwrel Ќе ти ја пеам кога ќе ми се вратиш. Од збор до збор.
Животот не би ми бил ниту приближно ист да не те познавав. Сега знам, и посигурна сум од било кога, дека те сакам. Повеќе не се срамам да признаам, имав несигурност дека би се срамел од мене. Ти благодарам што постоиш и што си тука, и покрај тоа што сме тотално различни, ги пополнуваш оние делови кои во мене недостасуваат, а јас кај тебе. Ептен си ми мил и срам да ти е што го ја извади лигавата Вајлд во мене.
Зарем хоби ти е да ме повредуваш? Толку силно те љубам...а исто толку гадно ми враќаш. Се жртвував за тебе. Ме уништи бе човек на овие години!!! Зошто ова ми го правиш? Секој има право да греши. Но, ти таа една грешка преку глава ми ја качи. Зарем не ти покажав доволно љубов...да не ти фалеше нешто??? - Баш затоа, поради големото внимание што ти го давам вака ми враќаш. Па и самиот знаеш дека не заслужувам!! Кога ќе се свестиш веќе еднаш.......................... а? а?
Не можам да ти објаснам колку си ми само најубав.. Те гледав преес, дур лежеше на каучов, и би те глеала уште 100 години. Ми го должеше ова денес, и фала ти
Како така сме се нашле јас и ти. Толку си спонтан ,а јас сакам се да ми е испланирано и утврдено со денови однапред. Ама ако јас ти носам хармонија тебе, ти мал посакуван неред мене. Се надополнуваме, а за се друго сме толку слични. Свесна сум дека со текот на времето избива монотонијата,ама мило ми е што и јас и ти се трудиме да ја смачкаме. Од една страна знам дека тие денови кога нема да бидеш тука добро ќе ни дојдат, ќе се одмориме, освежиме и зажелеме еден за друг. Ама пак , ќе ми фалиш. Не сакам да не одвојат ни луѓето,ни животните одлуки. Сакам заедно да сме. Во се. И зошто си толку мамин и не сакаш да се одвоиш, без разлика на твојата одлука јас ќе ги зграпчам приликите за студирање надвор и стварно ќе е жално што таков капацитет како тебе ќе остане тука и единствен показател за успехот ќе му биде бравото од комшиите. Те сакам и колку и понекогаш да сум како кучето што ни ја глода ни ја дава коската, длабоко во себе знам дека будењето со тебе ми е најубаво, најгрозниот пијалак пиво најсладок и кршењето правила најбезбедно. Зошто не може да се повтори Охрид лани или неколкуте Божиќни дена , да те гледам , да пробувам да поспијам уште малку додека те ѕиркам како истовремено пушиш цигара, ни правиш доручек и пазиш да не ме разбудиш додека се не е спремно.