Не сакам да те повредам навистина, ти си прекрасен и не заслужуваш.. сакам само да знаеш дека до сега како што сум била искрена така и до крај.. знам дека утре не очекува гооолем и сериозен разговор, и знај дека размислувам за тој разговор, размислувам што ке кажеш, што ке кажам но најважно, Што после разговорот? Што ке биде со нас?! Не сакам да дојде утре и никогаш не сакав да дојдеме до тука
Знаеш,само во градов има десеттина осамени мажи кои би биле задоволни и со топла инстант супа кога ќе се вратат од работа..
Јас навистина не знам што е проблемот со тебе? Сакам само да ти помогнам а ти одбиваш.Упорно одбиваш. Те барам да збориме а ти ме игнорираш а после се прашуваш зошто ме нема? Епа продолжи така и навистина ке ме снема од твојот живот. Незнам како да ти докажам дека ми значиш ама ако ја играш таа игра во ред.И јас ке ја играм. Па ке видам кој е поголем инает.Јас или ти.
Ако усните лажат, очите не лажат, мислев се што ми кажуваш е лага, ама тоите очи ми ја кажаа вистината, сватив, спремен си да се откажеш од нас, ха, ма кое нас, нема нас сега сме само ти и само јас.... За два дена заминувам, се надевам дека ќе ти фалам, зошто ти ќе ми фалиш премногу
Понекогаш имам чувство како да читаш овде на форумов што пишувам. Веднаш штом напишам за некој проблем, другиот ден е решен. Се пожалив дека не си заинтерисиран за планирање на одмор, оп другиот ден почнуваш опширен муабет за тоа хмммм.
И јас те сакам,ама не колку ти што ме сакаш..Помалце.. Ама ајде ке бидне нешо од нас Чувствувам дека нешто ке се деси за брзо време,нормално на мене се чека
Немам волја да се надевам веќе на подобри времиња, знаеш ли? Знаеш ли колку ми се смачи да се стискам за едно излегување, знаеш ли дека веќе немам изговори за да не појдам некаде? Знаеш ли дека понекогаш се прашувам дали цела младост ќе ми отиде вака? Знаеш ли дека мразам да се жртвуваш за мене? Знаеш ли дека знам дека и тебе ти е тешко? Знаеш ли дека малку сум љубоморна што не можеме како другите да си дозволиме еден смрдлив викенд надвор од тука? Знаеш ли дека повеќе верувам во тебе, отколку во себе дека ќе успееш? Една работа знам дека знаеш- дека сум среќна што те имам. Ма најсреќна.
Абе ептен многу ми се свиѓаш, а знам дека не треба . Ако вака продолжам ќе си останам со скршено срце. Ама па веќе се нека иде у... Ќе си останам јас стара мома знам
фала за комплиментот јас што по цел ден се гледам пред огледало не приметив па ти мораше да ми кажеш дека сум се поправила