ох колку само сакам да вратам на тоа пишаното ама некако, има нешто што ме кочи. Не глумам ниту недостапна ниту недостапна напротив ова е нешто што го чекам скоро две години и сега со кој памет ниту јас не знам дозволувам еден страв да ме спречи да се зближиме. Чудна сум, да знам и јас самата... таква сум заникаде
Еј! Сакам негде далеку со тебе. На неколку дена, не мора повеќе А знам дека и ти сакаш. Ќе биде, нели? Те гушкам најсилно! И фала ти за прекрасниот ден love you.
фала ти бивши што веруваш во мене, не за џабе врската беше навистина цврста-можеби беше 6 месеци и нешто, ама беа супер(исклучок беа некои работи кои ми пречеа и увидов дека ти НЕМА да се смениш) знам дека се уште ме сакаш-дури и срциња ми црташ кога ти спомнав дека имам план за партнерство со еден колега, збесна-се познаваше тоа, и сам се издаваш јас не те провоцирам што и да направиш, ти веке не ме привлекуваш за да бидеме повторно заедно, СВАТИ ГО ТОА
Која сила, која моќ ја имам јас гледаш. Не ти палеше колата, и кој ти ја туркаше колата? Па се разбира јас. И ти запали на крајот, ти запали. Абе ваква силна девојка како мене не наоѓаш
Те сакам повеќе од било кога. Кај тебе успеав да пронајдам духовна утеха, со чувство на удобност и блискост. Зарем би можела да живеам без тебе? Самата помисла е неподнослива.
знаеш ли дека веќе не се притресувам на твојот повик? знаеш ли дека не ми затреперува срцето кога ќе те видам? знаеш ли дека ми е сеедно ?
Гад си, знаеш како да ме натераш да те мислам и очекувам и.... и нервирам! Ќе ти одговорам на прашањето за некој ден, само уште некој ден. Вистината е дека сакам, прошетки низ маалото со тебе, гледање филм на твојот кауч со сите перници околу нас, коузи коузи сакам мирни вечери, долги разговори, одмори со тебе... сакам таков тип на врска, и ја сакам со тебе!
Незнам каде си. Незнам ни дали некогаш повторно ќе се видиме. Искрено, сакам да верувам дека не гледаш. Дека го пратиш секој наш чекор. Би ти кажала многу работи. Тешко е, не можам се наеднаш. Скопје не е исто без тебе. Не е ист паркингот, не е ист кејот, не е ист мојот двор, не се исти клупите. Празни се, и сиви. Малку прекасно сватив колку се грижеше за мене. Колку добро си не познавал и мене и тикваров. Уште тогаш знаеше колку добро би функционирале заедно. Криво ми е што не те послушав на време и не верував во твоите зборови. Но знам дека ќе беше среќен, тоа што го сакаше се случи. Знам дека на некој начин не спои. Ми подари личност каква што никогаш повеќе нема да пронајдам. Тоа е најдобриот подарок што пријател може да го подари. Често пати седиме во тишина и двајцата, ги слушаме твоите песни, и си спомнуваме за старите времиња. Ни недостигаш. Те сакам. Почивај во мир.
Hе зборам, не мислам, ќутам ко риба од страв да не урочам нешто кога се надевам и замислувам ситуации, отсекогаш не испаѓале онака како што сум замислувала, затоа сум сега повлечена . . . A вистината е дека едвај чекам јас и ти се будиме и заспиваме заедно. Hе сакам да зборам ејјј, верувај ми, се осеќам како некој баксуз кој ги проколнува работите што сакаат да му се случат со самото тоа што ги замислува во главчето. Cамо кога ќе се качиме во минибусот ќе бидам мирна, или на раце ќе одам.
Знаев, едноставно предосеќав дека нема да ми кажиш, знам дека нејќиш да ме загрижваш ама имав право да знам, како и да е не ти се лутам, само ти оздрави, и дојди си порано или на истиот датум како шо ми рече Сакам да ти кажам дека те сакам и дека ми недостигаш, да вриснам на цел глас, али ко ќе дојдиш има јас убо тебе да ти покажам за сите овие месеци. Ќе те изедам, ќе те парчосам Те сакам.
Ме нервираш највеќе на свет кога сум најискрена со тебе,а ти пак не ми веруваш,ми одиш на живци и сакам да те нема да не те гледам во тој момент.Ти се извинувам за ноктите на вратот,но ги заслужи сите 5. Те сакам неможам без тебе ни една минута,несакам да сме разделени,уште само 3 дена и нашиот сон ке биде остварен.Верувај ми ти си човекот на мојот живот.Сакам те глупчо...
Ме остави цела нок без спиење бе а баш убаво си зборевме и наеднаш глупавото време се расипа.Тебе те снема а јас цело време се прашував што се случуваше?(А и јас бев недостапна на мобилен,пусти кредит пусти Т мобајл)...Окото го склопував и го отварав за да си проверам инбоксот. и после кажи ми не ми значиш...Парталче мое има да те гњавам кога ке те видам,и топче да те направам
Душа си.. никогаш нема да заборавам како ми ставаше ладни крпчиња на челото и како ми ја мереше температурата и како се грижеше за мене цела вечер најдобар си, се надевам некогаш ке ти се одолжам многу повише за се што си направил за мене, за се што правиш и за сета љубов што ми ја пружаш..