Знаеш дека многу мразам кога некој не си стои на зборот нели?Ова ти беше еден вид на тест,кој за жал ти не успеа да го поминеш.Оставам на времето да покаже што е најдобро за нас двајца,ако продолжам вака кај и да е ќе скренам ......
Зa еден друг другар Ме насмеа сабајлево... Зар очекуваше да паднам на тие прикаски? Како може да ми фалиш кога ништо не си ми значел? Ќе те влечам уште дур ми е досадно, но, НИКОГАШ со тебе нема да бидам. Жали за минатото колку сакаш, збори за судбини и сл, но знај, и најголемите зборови и дела од тебе кога доаѓаат ми стануваат беззначајни... Ништо не чувствувам кон тебе , немам потреба да те видам не ти верувам, а нема назад, само те залажувам.. И ќе го правам ова уште долго, ако имаш живци трпи ме, чекај го денот што нема да дојде... ...мене искрено ,сеедно ми е...
Јас си мислев дека нашите караници ќе не доведат само на разделба, но многу погрешив. Цел свет се сврти за нас, те сакам
Си го покажа вистинското лице за кратко време. Само не очекував дека си толкава кукавица, без разговор, без збогум, без збор да исчезнеш. Сепак подобро порано отколку подоцна. Со среќа по љубовните патишта, ќе ти треба верувај ми! Адиос!
ми недостигаш сречицо. Сега таму некаде ти манијачиш чупина, а јас овде те мислам по цел ден. Насмевката веќе од далеку ми ја препознаваат. Не ја симнувам. Ти благодарам. И колку и да се плашам дека таму некоја друга ќе успее да ми те украде, макар на ноќ, длабоко во себе знам дека нема да направиш такво нешто. Или барем така се надевам. Како и да е ТЕ САКАМ. И ти благодарам за насмевкава
Нека сум проклета ама многу ми се допаѓаш... Само да знаеш ми смета оваа ситуација... Иако знам дека е невозможно,така е... Се плашам од себе,тебе, и се што би може да се случи меѓу нас.. Се плашам ќе направам грешка,ти ќе направиш грешка и дека пак ќе паднам и ќе го допрам дното... Се плашам од некои погледи,тешки зборови,осуди.. Се плашам од кармата и од нејзината сурова казна... Се плашам и само заради тој страв не сум со тебе....
Се плашам од самата помисла дека сум среќна и дека е се совршено,се плашам овој сон пребрзо да не заврши,ми фалиш многу неделиве како години ми поминуваат без тебе,врати се побрзо да продолжам да сонувам,те сакам
Да беа други условите,времето и просторот можеби ќе успеевме. Можеби уште ќе те милував и ќе се будев како најсаканата девојка. Но,сега е друго време,сега не е нашето време. Деновиве собирам храброст и одлучност дека за прв пат не сакам да се вратам назад,не не сакам, незнам колку ќе ти одолеам кога ќе те сретнам,но знам дека морам да продолжам понатаму. Ако ништо друго барем знам дека некогаш те имав како другар а потоа како се останато. Знам дека искрено ме сакаше. Знам дека доколку се врати времето се би променила. Времето не може да се врати. Не се враќаме ни јас ни ти. Овде Давиде,те оставам,во овој пост кажувам дека нема да си дозволам ниту една вечер да бидам пак со тебе. Не сакам да ми се вратат старите рани,сакам промена,сакам нов свет. Е таму тебе те нема,ти припаѓаш на убавото минато,таму и ќе останеш. Не сакам да знам дали помислуваш на мене или и ти ме остави во минатото. Сакам да остане вака,да кажам дека некогаш го имав прекрасниот Давид во мојот живот,и не се каам што поминав толку време со него.
Ти си моето шалче што ме грее ти си мое сонце што ме смее ајде сега со тебе да правиме бебе. Сосем ново небе на најмеко ќебе Да легнеме да се сплотиме од летово да се препотиме! Деновиве откачив... Се заљубувам по грам, грам и оооп, паѓам пак во Љубов. И не ми е јасно, и не ни сакам да ми е. Убаво е.
Боли бре мајка му стара. Боли што не реагираш никако, онака воздржан си, а јас тука мислам на тебе. Е жалам не може повеќе така. Како ти со мене, така јас со тебе. Да не мислиш јас ќе молам? Извини на погрешна врата си чукнал ако бараш молење. Кругот се врти сепак.
Ме погоди страшно кога од ми рече „од фала не се живее“. Знам дека не секогаш правам се за тебе, дури ни кога можам не го правам истото. Во мене ли е проблемот? Сепак знам дека не ми замеруваш, што немам ни време за тебе онолку колку што сакаме и двајцата... Место одмор излезе замор... Ама ако, битно е да сум со тебе, макар и само за да те гледам
Сеуште ми поминува сликата низ глава како заминував од кај тебе..Тешки зборови ти кажав затоа што ги заслужи но вистината е дека повеќе ги кажав за да те повредам но како што видов моите зборови не допираа до тебе ...на срцево чувствував голема болка додека си заминував од кај тебе,со тешки чекори како олово си заминав...беше доцна во ноќта ,чиниш срцето ми крвареше како никогаш досега ,по лицето ми се слеваа солзи ,но нема назад .
Врска...пријателство се заснова врз основа на доверба а јас секој ден ја повеке губам.А нема потреба(барем така мислам)И немам трпение.Посакувам да извикам Те сакам ама не можам.Незнам на каква реакција ке наидам и покрај твоето однесување со мене. Те нема...илјадници прашања...Каде си,со кого си, дали си добар дали утре ке се појавиш... А следниот момент се појавуваш и јас заборавам на сите грижи а ти продолжуваш да ме смееш...го вадиш најдоброто од мене. Заради тебе и се сменив.Научив да се контролирам,и да не чувствувам љубомора повеке иако некогаш полудувам кога зборуваш со друга ама сепак не ти префрлам како порано. Немам ни право за тоа бидејки јас и ти сме само... соговорници,пријатели(за сега). Можеби и ја заслужуваш мојата доверба но моето минато со посилниот пол не ми го дозволува тоа. Наидувам на коментари да не судам по тоа што ми се случило и дека не се сите исти но јас повеке немам поим кому да верувам кому не.Се случува некој да ја заслужи на почетокот мојата доверба за на крај да ме изигра на најлош начин. Почнувам да имам и соништа поврзани со тебе,како тој синока... Но знаеш ли што?Најдобро е да се тргнам настрана од тебе,нека покаже времето. Можеби мојата промена кон тебе ке те натера да се замислиш... Волкава блискост не е на арно... Се гледаме,пријателу мој