Ах бе маци... Ако не сакаш да се видиме не мора да се криеш. Не се секирај, нема да те терам по секоја цена. Јас па пукнав по тебе... Само те молам друг пат немој прв да даваш предлог па потоа нигде да те нема за да се договориме. Да знаеш дека нема да трчам по тебе.
Тоа што ми го кажа Б. за тебе ми ја скамена душава. Многу, премногу, најмногу ми е жал ако испадне тоа така .. не заслужуваш. Роден си за тоа, а знам колку те исполнува и колку го љубиш тоа што го правиш, и можам да замислам како ти е. Од самата помисла ме лазат морници и ми навираат солзи .. Врати се или јави му се на некој .. за да не‘ израдуваш сите дека тие згрешиле. Мораш .. Ако не, сакам како другарка да сум тука за тебе, да те утешам иако не знам конкретно како и не сум добра на зборови. Но ете, за секој неискажан збор ќе те гушкам. Да знаеш дека сум тука само, дека можеш за промена да ми се довериш. Но проблемот е во тоа што не знам дали ќе ми дозволиш .. Држам среќа да испадне како што сакаме сите, зашто ти навистина го не заслужуваш тоа што може да се случи. Ме нервираш, не сакам да те гледам и не сакам да те мислам .. но со ова само ти ќе ми си во умов дури не дојде посакуваната информација. Ќе му се молам на горниов по 50 пати на ден ако треба, само да знам дека тоа ќе се среди. Ух ..
Ги одбројувам деновите додека се вратиш. Деновиве и онака ќе бидам преокупирана со планирање и купување работи за мојов одмор, па се надевам дека овие 8 дена ќе поминат брзо додека се вратиш. Само немој да ме зафркаваш, да ми остануваш подолго. Па ич нема да се видиме после што се вика до септември, не е фер. Ми требаш љубов, ми требаш.
Ако утре забораиш да ми ја дадеш маицата од Вардар нема да ти ја дадам картата! Ќе дремеш пред стадион како муле, додека ние ќе урламе „Напрет Вардаре“, така да си знаиш.
Преку глава ми е од сите твои глупости.. и јас сум жив човек, и јас сум суштество кое има потреба да се почувствува сакано. Ни јас самата не знам зошто сум сеуште со тебе ? Зошто дозволувам да бидам уште твоја марионета? Изгубив секаков авторитет пред тебе.. Ме пронајде онака наивно и ме воспита како што ти одговараше. Кога ќе се сетам на мојот живот пред тебе, сфакам колку многу ме промени твоето присуство, и тоа негативно. Како можев да дозволам?? Но помири се, пораснав, прогледав. На некој начин како да бев слепа кога ја почнав врската со тебе. И да, уште да имав храброст сето ова, и уште многу многу работи кои ми лежат на душата да ти ги кажам в лице и да продолжам со мојот живот понатаму, конечно без тебе. Проклето мразам што сум толку слаба на тебе!!!
Не го очекував ова од тебе, пријатно сум изненадена Те сакам не можам да ти опишам колку многу , ми недостигаш секој ден се поќе и поќе
Ти ме правиш да сум среќна срценце мое. Инајџијо моја.Попуштам дека сум помала Добра ноќ,и да знаеш ТЕ САКАМ!
Слободно напиј се уште една и за мене.Немој да се трезниш...тука сум јас на дното на чашата.Само таму ќе можеш да ме најдеш.....
а значи си тука а преваро црногорска знам дека имам сретнато неколку пати иста како твојата кола низ градов, а чудно не те имам видено тебе, ме мислел тој само 2-3 дена не ми пишал компјутерот му бил на сервис КОГО МИСЛИШ ДЕКА ЛАЖЕШ мене или САМИОТ СЕБЕ ај врати се во Улцињ не те сакаме во Македонија
http://www.youtube.com/watch?v=xaHtz0Wv6cI Се што разум зборува - срце не може да чуе, љубовта ме лекува, љубовта и ќе ме отруе..
Ајде нека помини побрзо времето додека дојдиш тука и уживаме цели 3 недели заедно,а кога ќе дојдиш нека врви бавно,да се замрзни така и да останиме секогаш еден до друг,прегрнати и да се бакнуваме.Да ни се залепат усните и никогаш да не ни се одделат.Уф ќе ми недостигаш знам уште од сега кога ќе си заминиш,ќе биди тешко,но пак ќе си се гледаме знам.Се надевам дека секој ден ќе ни биди убав и исполнет со среќа и уште поголема љубов,а не со караници.
Уште сега ми фалиш,заедно сме уште 3 часа, после 2 недели шо ќе праиш без мене,и секако јас без тебе,нОн стоп ќе ми бидеш во мислите и да знаеш дека најмногу те Сакам душиче мое, П.с Пази шо праеш да не добијеш оно што не треба ТЕЕ ОБОЖАААВАМ !