До кога ке се понашаш како дете од 5то одделение, до кога ќе се кријаш? Не сум јас од камен, јас имам чувства имам право да знам... соочи се веќе еднаш кажи ми во очи крај е остави ме продолжи си понатаму, што беше беше помина го добив тоа што го сакав, ништо не ми значеше во животов... Па кој си ти јас да те чекам да си ги средиш мислите, до кога? не си ни прв ни последен. Се понашаш како да не ме познаваш тоа не е во ред тоа е детски, со што заслужив така? Кога веќе прекинуваш заврши ја работата до крај ако си маж. Ти ми велиш ниди стрплива ќе биди, ќе прајме муабет ... си играш топло ладно, сега и се јавувам утре не ... епа ДОСТА Е. Си ветив дека нема да те барам ама неизвесноста ме убива сакам да знам на што сум. Ќе те чекам утре ти да ми се јавиш да го напрајме муабето - колку побрзо толку подобро. И немој да мислиш дека те молам, неее не те молам само барам да ми кажеш КРАЈ, и ти рајат и јас рајат.
Ме боли помислата на тоа дека се било лага на моменти ми се враќаат во глава некои убави настани а веќе во следен ми минуваат сите навреди,понижувања...никогаш ништо не сум ти значела ...незнам зошто мислам на овие работи кога ме измачуваат.....
Крајот се ближи, го чувствувам, не иде ова веќе и двајцата знаеме, а сепак ги влечеме и последните конци...............како ли ќе биде без тебе, а ти без мене??? Подобро крај мил мој немам чувства веќе јас со последни сили те гушкам и љубам....
Те гледав вчера цело време... додека игравме. Затоа губев Се зезам. Сакав да ти кажам дека си совршен во моиве очи. Секој потег и секоја гримаса што ја правиш ми е симпатична и преслатка. И слободно можам да кажам дека со никого не ми било вака. Знам дека е клише, бла бла.. ама јас навистина се чувствувам така. И претерано многу се плашам. Знам дека нема потреба и дека треба да уживам во секој момент, ама фактот што сум премногу среќна и што те сакам прави да се чувствувам вака. Што би правела јас без тебе не знам. Ми значиш премногу. Не можам да го замислам животов без тебе. Ајде побрзо ослободи се и јави ми се. Ми требаш. love you.
ЗНАМ дека не ме сакаш(па не за џабе си ми бивши) ама и јас тебе не те сакам(уште имаш храборст ЗОШТО бевме заедно, иако не те сакам а што беа тие солзи во твоите очи? јас те гушкав или ти мене и не ме пушташе-и да ти кажам како што ти пишав пред малку дека ми беше ужасно кога сватив дека тука има нешто-најверојатно некоја друга, а кога те видов како се прскаш со парфемот, жими се , сакав да побегнам, и да знаеш дека кога ке соберам пари , ке ти ги пратам по пошта за таксито што ми го плати и уште без образ и срам се смееш зошто уште немам циклус-а незнаеш дека мојот месечен циклус е нарушен веке со месеце , само не свакам ШТО ПО ГАВОЛИТЕ ТИ Е СМЕШНО и да знаеш дека колку што некогаш те сакав, сега одвратен си ми
Претеруваш знаеш? Ептен си се сменил. Незнам веќе што да ти кажам кога џабе е се. Не ме слушаш ти, туку ѕидовите. Али ако биди ти таков и верувај ми нема далеку да стигнеш...
Искрено не знам што би ти кажала. Веќе безнадежно е. Знам дека имаш женска и затоа се трудам да стојам подалеку од тебе, ама зошто ме гледаш така со окцињата, зошто така ми се смееш? И на крај зошто ми викаш дека не си со неа за стално? Нема никогаш да уништам некоја врска, без разлика колку е нестабилна. Ајде ваљда Скопјево ќе ме смири. Далеку од очи, далеку од срце
Знаеш, понекогаш навистина ме фаќа страв. Од многу добро. И толку сум скептик, што почнувам да се прашувам што направив за да те заслужам ? Глупа сум кога ми е периодот, знам и без да ми кажеш. А рака на срце, премногу лошо е тоа што се приврзувам пребрзо за луѓето. Или пак, премногу имам потреба од вакви мили човечулиња кои ми го разубавуваат животот, а секако не ми се пратени ради-реда од Оној горе. Секој ден ми даваш причина плус да верувам во нас и срамежливо да си правам мали заеднички планови за иднината, која би била совршена. Е, тоа би многу јако ми ја **е психата и ми прави тортури низ глава, па аналогно на тоа ми надоаѓаат смотани мисли, демек - што ако не успееме? Не, не, не и не. Едноставно не сакам и не можам да си го замислам животецов без тебе во него. Факт е дека сум заљубена и тоа мноо јако бе ман. Дури си се прашувам дали сум тоа јас или, шознам. Ништо не знам, а и не сакам да знам. Убаво ми е. Со тебе. И горда сум кога велам дека си мој - мојот мил човек - како што љубам да те наречам.
Сакам да знаеш дека многу се кајам што вчера така избувнав..се каам за сите избувнувања а се за глупости и ситници...сакам да знаеш дека се плашам да не те изгубам зашто понекогаш ме фаќа страв колку многу ТЕ САКАМ ..сакам нашата врска да биде како порано, да бидеме среќни да не мислиме на глупости..и да не сме толку љубоморни
Како тоа, дали би живеела таму со тебе? Секако дека ДА! Не треба ни да прашаш Знаеш дека и на Антарктик би живеела со тебе, будалче мое
Само јас и ти си знаеме што се поминавме. Знаеш, човек се зближува со погрешни луѓе, со нив остварува поцврст контакт од што е потребно, во погрешно време. Никогаш не е погрешно време да го најдеш она што од тебе недостига. Се што те кочи се случило во погрешно време, но секако, по наша иницијатива. Но..нема што да ти го објаснувам тоа тебе, ти добро го знаеш. Тоа треба да им го објаснам на сите оние со кои си разговарал за да најдеш трошка разбирање и совет кога ме немало, сум бегала од светот и сум се затворала барајќи начин мирно да ги решам работите. А тие? Тие ти викале дека со тоа само ти докажувам дека сум плашливка, ладнокрвно детиште кое не знае што сака. Имале право да мислат така, не им останало друго решение. Ама нив кој ги ебе, знаеш? Не ми се потребни да ми кажат колку сум ужасна или каде сум грешела. Не ми е ни важно, не ми е ни гајле. Им благодарам што биле покрај тебе кога ти било најтешко наместо јас, но не, тие ништо не разбрале. Знаеш дека никогаш немаше да успеам да се помирам со ударот кој ми го нанесе болеста на татко ми, со ужасните луѓе со кои се борев и справував, со смртта на оној кој најмногу го сакав и ми беше потребен да ми каже збор-два. Мене немаше кој да ме посоветува и да ми каже како. Знаеш и самата кому и на што бев оставена. Ти најдобро ме разбираш. Јас немав кому да се потпрам, да знаеш колку тешко дишев. Сите тие работи ми го запираа здивот, ме гушеа. Не жалам за ништо што сум направила и одлучила. Жалам само за оние кои додека ме немаше наместо да те утешат, те терале да го направиш спротивното на она што ние се договоривме. Ама мило ми е што не успеале. Знам дека ти е мило и тебе. Ти се радувам. Ко мало дете. После сите луѓе од кои морав да се простам без да ми возвратат збор за збогум оти веќе не дишеа и не го разбираа човековиот акт, после сите оние со кои не можев да се разберам бидејќи го разбираа човековиот акт. Сето ова кое го пребродив изминатава година, и кое сосема ме уништи и ме натера да се собирам себеси од дното немаше да го пребродам без тебе. Љубам.
Веќе не ми трепери срцето кога ќе ми се јавиш. Изгледа тоа така и се случува. Изгледа едноставно веќе одамна се изморив. Не се грижи, се‘ уште си ми драг, но толку колку што ми е некој што сум го пуштила одамна. Дури толку, што понекогаш посакувам да слушнам дека си среќен. Само толку.
Кога барем еден од нас би имал кола многу работи би биле поинакви... Ќе можевме било каде да одиме а не со автобусиве што не ги сакам...
Знам знам дека претерувам и тоа многу.Искрено да ти кажам да сум на твое место не знам дали ке го издржам ова што ти го издржуваш.Знам знам дека ме сакаш па баш заради тоа и ме трпиш.Само што ми треба малку време да ја окопчам работата и да не се лутам.Ќе го сменам тоа да знаеш!Ќе го направам тоа само за тебее, бидејќи ти тоа го заслужуваш.Остана уште малку ептен малку што треба да сменам од мене, и тоа ќе го искоренам.Бидејќи те сакам премногу безизмерно, не би можела јас да продолжам без тебе, ти ми значиш се на светот.