Не знам како ќе можам да се разделам од тебе. Како да се разделувам со некој дел од себе си... Ама ќе издржиме ние миличок , 1 месец не е ништо , толку години бевме еден без друг , и ова ќе го пребродиме .
Незнаеш колку ме вознемири она што го видов вчера,таква болка одамна не бев почувствувала.Посакувам сето тоа да не е вистина ама прашање на време е уште колку ќе остане така?
Д. знаеш ретко ми текнува на тебе, но кога доаѓаат тие моменти ми поминуваат низ глава само убави слики од нас. Денес го земав за спиење фустанчето што ми го купи. Често спијам со него, но денес го земав затоа што ми недостига твоето друштво. Не како љубовник, туку како пријател. Денес поминав покрај парк и не видов нас како стоиме на фонтана пред 2 години и се љубиме невино за смирување. Поминав и низ патиштата кои често ги шетавме одејќи еден покрај друг, претајки со рацете при разговарање, а потоа се смеевме на некоја грешка при зборување. Одамна не ми текнало ни на ноќта која ја поминавме во мојата постела, во која се љубевме тивко за да не чуе никој. Денес ја отворив и кутијата со накит, во која ги чувам обетките и ланчето кои ми ги подари и посакав да ги ставам на себе за да го почувствувам твојот допир. Но, денес повторно расчистив сама со себе дека ти си ми најголемиот пријател, мојата сродна душа, но не како партнер. Ми недостига се со тебе, но најмногу тишината и читањето мисли преку погледи. Се надевам добро си затоа што немам храброст ниту пак лице да го свртам твојот број за да те прашам.
[СДК] Сакам да кажам... Па леле аман многу сум себична.Не сакам никаде ама никаде да те пуштам сам, мислиш заробеник си ми.Еве стварно сакам да си излезеш со другарите , знам ти недостига и тоа, бидејќи секогаш или си на работа или си со мене, и јас пак незадоволна.Па аман веќе што сакам?Целиот твој свет околку мене да се врти и само јас јас јас!?Не сакам да бидам такваа не сакамммм!!СЕ трудам со целаа сила да са сменам.Да го извадам тоа до мене и мислам дека ќе успеам полека полека!!!
Can't close my eyes when I'm with you Insatiable the way I'm loving you http://www.youtube.com/watch?v=9u7hGkL57N8 Ми недостигаш.
Денеска ме изненади пријатно. Сакам да си ваков секој ден, а не само кога гледаш дека сум ти лута, па ме молиш да ти простам умилкувајќи ми се.
ИЗВИНИ. Многу е два месеца,премногу ... тешко да се издржи додека да поминат за пак да те видам. Мислам дека подобро што не чепнавме нешто од порано, само потешко ќе ни биде и вака е веке тешко.
Пред тебе незнаев дека можело некого да се сака толку многу. Јас всушност и незнаев да сакам. Ти ме научи да сакам, да простувам... Ти ме научи дека не сум сама на светов и не секогаш треба да се оди со главата во ѕид. И токму поради тоа си ми најмил и најсакан. Затоа што ме сакаш, разбираш, поддржуваш, затоа што ми го даваш се она што досега сум го барала и што ми требало. Многу те сакам и секогаш ќе те сакам. Всушност, јас без тебе не се гледам себеси, и искрено кога ќе помислам дека некогаш може да се разделиме ме фаќа страв дека никогаш нема да најдам некој како тебе, затоа што нема. Остави ме ти мене јас што зборувам, нема да најдам како тебе. Ти си ми омилен
Имам некое чудно чувство...некоја голема женска интуиција ме мачи... Незнам зошто мислам дека се работи за друга женска особа...дури и сонувам такви соништа во последно време...ти со друга... Незнам што е ама кога и ако дознаам ти мисли му ја!
Даваш се од себе за да направиш подобар човек од мене.Не заслужуваш да ти се лутам за банални ствари, само се она што собирав досега излегува на површина, а јас не можам да го контролирам.Не е дека не го ценам тоа што го правиш за мене, напротив, ти благодарам што влезе во мојот живот и благодарам за се што правиш за мене и за нас. Те љубам
Лелеееее колку убаво си испаднат на последната слика во Охрид... Многу убаво ти стои бело да си носиш почесто....А тетоважите аххх
Чудно ми е што дека од првиот ден откако те видов после толку време ми смени се.. Не престанав да мислам на тебе до ден денес, секое време од денот се фаќам како мислам на тебе. Многу ме промени. Пред тебе можеби сум сакала, еднаш, но не било вака како со тебе, ова чувство е некако посебно.. Неможам да те извадам од умов, и сеуште се сеќавам на тој ден, 24 фебруари 2012, петок.. Кога те гушнав, самиот твој мирис ми врати толку спомени, ме обви таква носталгија за времето што го пропуштив, и шансите што ги прокоцкав со тебе. Си мислев дека веќе нема шанси ние двајца да имаме нешто, ти беше со неа. И по неколку дена, на 2 март, на твојот роденден, јас излегов со тебе без воопшто да насетам дека нешто ќе се случи. Од тој ден, не ми излезе од мисливе. Можеби првите два месеци немаше ништо сериозно, ни од моја страна, а од твоја уште помалку. Но, ни за момент не помислив да те оставам, неможев, едноставно нешто во себе не ми даваше. Ти беше поинаков, не беше како другите, не беше машко што лесно се заборава и кое може да се замени, не ни помислував на друг.. се ми даваше ти. И можеби беше рано за сите тие работи, и за се што ти дадов ама не се каам зашто сето тоа јас го сакав и сакам и сега ти да ми бидеш прв во СЕ. Зашто ако не го направам тоа со тебе, знам дека ќе се каам, што ќе правам ако еден ден, ете да биде тоа за неколку месеци, те изгубам.. Можеби оваа шанса нема да ја имам за некое време. Дали ми веруваш дека за олку кратко време (иако вака те знам преку 3 години) се приврзав толку за тебе, толку почна да ми значиш и така да се променам, да не размислувам за никој друг? Добро, признавам дека овие денови додека не си тука помислив на еден-двајца, и за тоа како би било со нив, ама знај дека никогаш не би направила ништо со нив, колку и да сум во искушение.. Т.е, ете, и да се смувам (грд збор де..) со некој од нив двајца, знам дека ќе се каам евентуално ама тоа нема ништо да ми значи, ти ми значиш, и чудно е што не ми е монотоно и досадно се да правам со еден ист, зашто секој пат кога те бакнувам е исто ко првиот пат.. А со ниеден друг не ми било така. Со тебе открив нови светови. И понатаму, знам дека никој нема да биде како тебе, да биде подобар бувално во се, на секој можен план. Немаш поима колку ми недостигаш, ги бројам деновите додека се вратиш. Останаа уште 6. Само уште 6. Ќе поминат и тие.. Само немој да остануваш подолго, те молам. Знаеш дека ми требаш, и дека одвај чекам да го продолжиме она што го започнавме, си мечтаам за тој момент кога ќе се случи тоа, и дури во мојата фантазија е прекрасно. Те сакам Стефан. Посакувам ова нашево да трае долго.. и долго.
Гнасо една! Пукни! Толку се трудев... Ти беше крив, а јас попуштив. Машка ку*во! Уште еднаш нема ни гласот да ми го чуеш, ни мене ме гледаш, ни порака од мене! Сега е стварно крај! Идиоту! Кога другарка ми те избриша чекаше да те додади пак, а кога јас те избришав - ме блокира! Така ли? Добро! Пријатно, серко!
25 години си имал,ХАХАХАХАХАХА,сакаш да кажеш +10,над 30 имаш,25 ќе ми кажуваш мене,ептен си кратиш старецу
Можи бев премногу груба,ама ако ти е! ДА си прочиташ! Не сум јас слепа за некои работи,јас за колку треба да се лутам па,појма немаш! Иди УПМ!
Знам дека следново ќе биде многу себично и навредливо и ќе ме направи да изгледам како некоја самобендисана сезнајка, но го чув и од други, па и јас ќе го речам. Зошто не си попаметен?