Среќна сум што те имам. Ти си едно златно човече. Не мислев дека луѓето како тебе сеуште постојат. Те сакам.
Ме стопи бе, ме стопи Како да не те сакам ај, како кажи ми? Можно е тоа?! Те чекам да ми се јавиш, да знаеш. Ајде, ајде, ајде, ајде. Ајде. love you.
е да знаеш ,многу се израдував пред малце кога ми пиша... посакав повторно да бидам твоја и да бидеш мој
Фала ти што си останал логиран на замунда не ни знаев дека си се логирал (кога успеа?) ама супер ми дојде за симнување филмчиња. Ајт поздрав
Аман веќе, враќај се! Ќе си пукнам тука. Гледам другар ти постирал слики од одморче и да ти кажам право, ама ич не си поцрнел! Ама ако, поубав си така И која ти е таа бре што ти коментира на слика, најубав си теле мое? Абреее ајдее Ко прво и прво, ти не си теле (т.е си, ама само за мене) а уште помалце нејзино. И не, стварно враќај се побрзо зашто еве готово ме маваат љубомори, почнувам да опсесирам, а после и депресии ќе ме мавнат.. и ајт чао, готово. И да. ТЕ САКАМ ВОЛ ЕДЕН!
Ти си најнормалниот човек во морето не и полу, а толку генијален во своето живеење, малите фини нешта и со таа твоја безобразна насмевка, ма перверзија од таков мирен човек. И тие твои страсти... кај ги криеш? Во невиното постоење, во пулсот ли или во детскиот поглед? Во крстот на градите можеби или се си оставил во мене? Ти ги издишуваш, а јас вдишувам се твое. И ќе ме бакнеш, а јас лакомо ќе се испреплетам во тебе, подмолно како змија и пак ти победникот. Во истуткани постели преку седум светови, ми кажа, ќе се удавам во тебе. ... неприликите никогаш ништо не ми можеле, само јас, а јас сум толку заробена па не се ни плашам!
Уште неможам да поверувам дека ти ми го кажа тоа. Никогаш не би очекувала такво нешто од тебе, солзи ми потекоа кога го прочитав, а ти ме зезаш, само ме нервираш. Ако ми е, те нервирам и јас тебе ама со ова си нема шала бе, знаеш колку ме исплаши? Туку извини шо не ти се јавив денеска, знам требаше да те викнам да дојдеш со нас, да шетаме, ама шо да праам не ми даде стравот.
Добро де, добро, у право беше IOS е бољи од ANDROID, по user frendli е IOS ама сакав и другиов да го пробам. Естетски се тука негде ама iphone си е iphone, следниот телефон секако ќе ми од овие подобриве. Спојлер Цврц, еве ти го на .I. во вистински живот не ти признавам па мајка Јана нека ми е.
Секој ден се повеќе и повеќе се заљубувам во тебе,се одново и одново. Признавам денес те сакам повеќе одошто вчера.Утре ќе те сакам уште повеќе...
Ќе почнам да учам кога јас ќе сакам, а не ти да ми кажуваш кога да почнам. Учи си за тебе, а јас за себе.