Ноќеска те сонував... се скаравме, ич не ми текнува зошто ама ми беше многу страв, несакам, несакам ни на сон да се скараме. А за тоа неќна, знам дека јас избрзав и не требаше така да реагирам. Извини шо се расипав, ти си многу добар, ама ете, се случи, несакајќи. Криво ми е сега ама нема да се повтори
Шизофренија е болеста да не се цитирам.Ми личиш на таков ама и ме плашиш.Ми разви самоконтрола и толеранција до степен нечуено.Замисли ја на момент мојата рамнодушност кога се дереш и потоа се однесуваш како ништо да не се случило. Кога сме кај случките најлоша случка во една врска знаеш ли која е ?! Ни неверството, ни љубомората ни шамарот.Боли многу кога еден ден ќе престанеш да сакаш.Единствено тоа е непоправливо.Емоција над која немаме контрола е љубовта.Не одбираме кога и каде ќе се заљубиме, на кого ќе му потпишеме полномошно над душата во матично.Истото е и кога ќе престанеме да сакаме.Нема помош. Тогаш почнува да ти биде сеедно како мене, и нема да те погодува тоа што не си претставителен за во друштво, ами самиот ќе се тивко ќе се повлечиш за да не сметаш.Како јас.Уморна сум да се туркам до тебе во јавноста.Сега ќе си одам смирено покрај тебе, или зад тебе ИЛИ СЕЕДНО.И нема да прашам зошто никој незнае дека сме заедно. Немој, ама немој да го протолкуваш тоа како слабост, како помирение.Мене ми е малку сеедно за се а тебе тоа треба да почне да те загрижува.
Се расонив, испив уште еден нес. Али и дремнав едно саат време, па може и затоа сум поведра. Не знам ... толку ваљда.
Срце моеее, немаш поима како си ме израдувал со тоа што ми кажа дека ќе се враќаш во понеделник! Само уште еден ден, не ми се верува, а требаше да те чекам до 3ти, 4ти. Онака душа дојде во мене, инстантно ми се појави насмевка на лицето и рокам во моментов hardbass по дома од што се радувам, и си скокам по соба онака Те љубам бре, те љубам. Многу!
(однапред се извинувам за лигавењето,хах) нема што да ти кажувам,си знаеш се ти си моето се на светот,мој прв а и последен се надевам.те сакам повеќе од се,повеќе од себе,те сакам од тука па до месечината...и назад....пешки...со една одврзана патика и смкнати панталони уште само 21 ден,и ќе одиме во Oхрид заедно најубавиот одмор во животот мој ќе биде...знаеш...те сакам лудо.и не сакам ова никогаш да престане незнаеш колку сум среќна што од септември конечно ќе бидеме заедно...ете и таа лудост ја направив,само за тебе...веќе далечината нема да ни пречи,ти уште од почетокот знаеше каде будалчето твое ќе се запишува,не ради школото,нити ништо,туку само заради тебе.и мајка ми вика дека тоа ми бил добар избор,дека ќе сум имала подобро образование... те сакам највеќе,знаеш.....
Срцеее (тука убаци трепкање со очињата, вака некако: )...знаеш што треба да направиш, нели? Епа направи го тоа веќе еднаш
Ми се разубави денот кога те видов прееска на стража, толку изненадно се појави. Уф, многу ми недостигаш уште сега
Tу бе, да можев да знам што се ти се вртка во главата..! Ми се допаѓаш многу, ми се допаѓа начинот на кој се облекуваш, начинот на кој се изразуваш. Музиката која ја слушаш. Ми се допаѓа и твојот пристап кон мене. Незнаеш колку сакам повторно да те видам ! П.с брадата немој никогаш да ја избричиш