Дали броиш колку пати дневно ти кажувам дека те сакам? Ни јас Утре ќе те видам на кратко само, ама затоа деновите што следат се само за нас
Why are you doing this to me?? И покрај се само тебе те сакам, само со тебе сакам да бидам, дојди си веќе еднаш ќе ме умриш вака Ќе се разболам од плачење
Доста време ќутев и трпев се.Не се каеш за ништо што си ме повредил а?!? Е сега е време да ми платиш и вистински да се покаеш.Дојдоа моите 5 минути нема да знаеш што да правиш сам со себе!
Да ми се појавеше сега од негде ќотек ќе ти удрев и после ќе ти кажев дека ми недостигаше многу! Си го заслужуваш! 3 дена,реков... http://www.youtube.com/watch?v=wi4JoBrY9W8 Се мразам шо не можам да престанам,да речам не те сакам поќе,да почнам ништо да не осеќам...Ама неможам...Како ли ми го зароби срцето???
душичко моја најубава, прекрасен ми го направи роденденов. Можеби кажа толку малку во пораката, но ми кажа се. Само го заборави она те сакам. Дај признај си и себе си, да не морам повеќе од очи да ти читам. Те замислувам после, оптегнат на плажа, манијачиш таму и оп ете ти ја Сквирл од нигде никаде. Не знам како ќе изреагираш ти ама јас сигурно нема едно сат време да престанам да те бацувам. Е сега има и една друга варијанта, да те начекам со друга...ама не си ти такво маже. Те знам јас тебе, само овие околу мене ми ја преполнија главава со глупости. Ах како ќе им ги затнам устите на сите утре. Те сакам. Премногу. И ти благодарам што ме правиш волку среќна!!
Ти не си нормален жими се!И што ќе постигнеш со такво однесување!И какви се тие твои пријатели само пари бараат!!Само те користат!И немој да ми се правдаш ...немој!
Мило ми е што го мислиш тоа за мене! Знам дека никогаш не си рекол ти такво нешто за мене,убедена бев! Ќе ми недостасуваш,наредниве неколку дена. Дупченца твои најслатки Те сакам бубмарче,најмногу!
прво другарка ми ми пиша дека те видела со девојка во Лептокарија-разубавен пред малку мајка ми те видела преку улица како зборуваш на телефон, а со колата твоја е девојка убава-не свакам зошто баш од спротива мојата улица ама ај(и уште мајка ми ми вели мислев тебе ти звони) мореее, арно ми велеше една колешка знам дека беше ептен злобна, ама за ова била во право-за бивши договори средба , и секако потврди му дека ке дојдеш а тој нека дојде а ти немој-криво ми е така што не постапив и не ми е јасно како мојата мајка ми кажува дека те видела, а еднаш и кажам КАКОВ СИ ВСУШНОСТ ТИ зад таа убавина што чудовиште се крие, пропалица од човек и други многу лоши карактеристик и онака нема да одам на медитација, а натака односно малку погоре живееш ти, подобро да не те сретнам веке никогаш, и од памет веке да ми се избришеш, па ако сакаш оженисе веке еднаш и умри со се женати
Мило ми е што ја напушти таа работа. Барем ќе се лишиш од негативни уанаби фаци,а и ќе си имаме цели денови за нас. Има време, ќе работиме и ќе заработиме. Само ти биди ми добро.
Ах мило колку ми беше само убаво вчера цеел ден со тебе,езерото,плажата,ние во водата уживавме уффф убавини.Ми смисли нов прекар-жапче ,а јас тебе ќе те викам Цирунче си знајш зошто .Мило ми е што си овде и што ќе се видиме поќе време ем ќе бидиме заедно секој ден ем пак ќе се брцкаме.Колку е прекрасно се,не сакам никогаш да заврши,но за жал знам дека ништо не е вечно па тоа нема да е.Те Сакам Мило мое
море идиот,немам ништо со Hикола,доста љубомориш само те сакам највеќе на свет,од тука до месечината...и назад....пешки....со една одврзана патика и смкнати панталони
па и да ти кажам не би ме чудело ако навистина се ожениш-после долги врски вие машките секоја следна е ВИСТИНСКАТА(барем од оние што ги познавам) па во тавче, ке бидеш после тавче-гравче
Колку шо знам адресата иста ти е,а поштата работи,исто и домашниот,така да нема да ми избегаш и ќе те најдам! И да ми објасниш зошто се овие глупости,шо ти е проблемот и како така наеднаш се откажуваш. Епа јас не се откажувам и точка! Посебно не кога знам како се понашаше кога бевме заедно. А за тоа како ќе се однесувам кон тебе тоа е друга приказна. Ќе ти вратам за овие нервози,ќе видиш убаво.
http://www.youtube.com/watch?v=BQCd0jO5pLk Еднаш ти ми ја посвети, сега јас тебе ти ја посветувам, душо најмила Од прв до последен стих