Го чекам денот кога ќе дојдеш кај мене пред зграда,јас целата успана и бушава ќе се симнам на првата скала и ќе ми речеш -Мило,многу ми недостасуваш,да продолжиме каде што застанавме. Требаше ова одамна да го сториме,да го сторам поточно,но ајде,вака требало да биде. Можеби сега поинаку ќе постапеше и ти. Сепак,не знам како би се снашла од другата страна. Но верувај,и од оваа не оди...тешко е премногу,посебно навечер кога ми се враќаат спомените,преку ден гледам да сум зафатена и да не го проверувам телефонот на секои 5 мин. Тешко е ,но ќе издржам,ако те барам знам дека ќе те турнам од себе подалеку.Вака,ќе ти недостасувам...можеби,а можеби и не. Ова ќе ме убие. Знам дека ме сакаш,и знам дека мислиш на мене,ама не можам да ги спречам мисливе. Што да кажам освен- Те чекам,затоа што грев е да не се обидам да ја спасам оваа голема љубов. Биди паметен до тогаш. Ако го препливаме ова,сигурна сум дека периодот што би ни следел би бил поубав и од самиот почеток,кога бевме изгубени еден во друг. Спојлер Фала форуму фемина,фала членки,да не беше ти,сега ќе бев неутешна,кога прочитав за повеќе случаи на надминување на онаа најголема криза на скоро секоја врска поголема од 2 години,сфатив дека е нешто што горе доле мора да се помине,тест на љубовта фактички....и доста да не се врзувам веќе оти тешко ми стана
Сакам да знаеш колку Те сакам и всушност... јас те одбрав Тебе. Свесно. Те одбрав. Затоа, шшшш. Спиј си мирно.
Во некои ситуации неможам да те разберам. Уствари како можам јас да те разберам, кога ни ти самиот неможеш да се разбереш...
незнам зошто ја одбиваш помошта што другите ти ја нудат и зошто не сватиш дека тоа што го правиш е погрешно ... мислиш дека си паметен и дека знаеш се епа не си прифати ја вистината и размисли за постапките кој ги правиш дали се исправни или не ......
Се надевам дека денот кога навистина ќе се сретнеме, ќе бидеш исто толку совршен колку и сега, дека ќе си возиме точак на кеј и ќе си ја слушаме "нашата песна" http://www.youtube.com/watch?v=hOTYaJNgWzA п.с. и не зае*авај веќе, редно е ти прв да пишеш
Се чувствувам виновна дека не ти верувам. Ти кажав толку многу за себе, се уверив дека ме запозна... Ама, грешев и пред тоа. Можев живот да ставам на ризик велејќи дека некои личности вистина ме познаваат, а се што тие запознале била само една избледена слика од мене. Таква сум, и ти така рече, затворена. Не сакам да навлегувам во детали... Тоа само ги одбива луѓево од мене. Секој си има свој терет на грб, пак јас уште мојов да го делам? Поделен на стотинки е претежок. “Ти олку многу ми кажа за тебе, што ме плашит’’ ми рече тогаш, ме зачуди. “Зошто те плашит?’’ Се замисли. Те притиснав да ми кажеш, но си молчеше. После неколку минути тишина, ми прозборе. “Ми кажа работи, тешки работи, а се гледат дека уште зад ѕид се држиш. Ме плашиш, кој знајт низ што друго си врвела.’’ Мислиш не сакам да ти кажам? Јас на дневникон зафрен му немам пишано. Ниту пак на форумов. Тоа што ти го кажав се осмелив само затоа што сум зборувала за тоа предходно. Првиот пат е најтежок. И што, кога и тогаш сум грешела, со зборови. Погрешните луѓе, тие ми зедоа дел од срцево. Ти благодарам што не ми поверува кога ти реков дека не знам да сакам. О мили Боже, да не знаев да сакам, немаше да бидам раскината на олку ситни парчиња. Сакам премногу... само не себе си. Ја изгубив вербата, не си ти виновен, биди сигурен во тоа. Се направи ко што требаше. Извини што не можам да ти верувам... не сега. Се надевам дека е вистина тоа што ми го кажа. Поточно, се надевам не е, тоа е нешто ужасно. И јас повеќе не знам што сакам... најверојатно сакам да не ми кажуваш работи што не се вистина. Но ако тоа е... е тогаш, мило ми е што ти ја кажав сличната приказна за себе. Се надевам се разбираме. Да имав храброст ова да ти го дадев да го прочиташ...
Јас се надевам, и само тоа ми остана, се надевам, се молам како никогаш најмил мој... Те сакам цел живот до мене, дај немој да си отежнуваме, и да почниме да си остваруваме. Те љубам и ќе те љубам, веќе одамна сум само твоја засекогаш...
Ти отиде да полагаш, а јас ни пораки, ни повици, ништо не сум осетила. Со среќа знам дека ќе положиш, ти си закон дечко
Нели вчера ќе се вратеше бе? Ама како и да е, јас и онака те чекав да си дојдеш на трети па ќе ги издржам и овие неколку дена, не е проблем. Да, сеуште не можам да престанам да мислам на тебе и вчера другарка ми мислам ја отеков, секој втор збор ми беше Стефан. Кога бев со Стефан, беше вака, еј знаеш ли што му реков на Стефан, еј ми фали Стефан... Мислам дека девојчево ќе почнеше очи да превртува уште малку ако продолжев да и го дрвам за тебе. Ама некако, по скоро 2 недели поминати без тебе.. чудно ми е. Бев навикната да те гледам често и не дека ми е баш сеедно, ама последниве денови се чувствувам малку рамнодушно, неможам да издржам без оној физички контакт, и се осеќам како да сум оладена. Не оладена во смисол на чувствата, нормално дека сакам да те видам и ми недостигаш ама незнам, незнам да го опишам ова чувство. Првата недела ептен онака бев попалено ,па си мислев што ќе биде, како ќе биде кога ќе се вратиш, ама си викам ај да не си кројам планови пред да си дојдеш, нека си биде спонтано. Најубаво така. Епа драги.. те чекам да се вратиш на трети, а до тогаш имај си убав помин во Охрид.. и се надевам дека барем ме мислиш половина од ова што те мислам јас.
За некоја минута ке одам на заболекар,а ти мисли му ја кога ке се вратам дома ако те нема онлајн. Па мора некој да ме теши.И кој друг ако не ти
Се извинувам што сум вака ЧКЉ расположена. Период е, ќе помине. Ама се нервирам за ситници бе... Некако како да се одалечуваш, не знам.. Како и да е, чекам да се видиме повторно и да си отиде глупово чувство. Знаеш.... Те сакам.
Оваа недела без тебе ме натера многу да размислувам за нас. За тоа што било и што е... Се присетив на многу моменти. Тажни и среќни... За тоа како беше тука да ме гушнеш и да ми ги бришеш солзите... Да скокаш заедно со мене кога се радував за успехот на двајцата. Сега за сега животов ми е незамислив без твоето присуство, пред се како другар во него... Убаво ми е со тебе... Убаво ми е кога ми ја мрсиш косата, кога мрзам да го напуштам твојот кревет, кога твојата маица ми е поудобна од моите пижами... ... И да, ако ја скратиш косата, те убив!