Ахх срценце колку ми е убаво кога ми ги читаш мислите и кога нешто не ми е згодно да кажам а сакам ти како да го прочитувап тоа во мојата глава и го поставуваш одмаа Златоо мое најсакано и сега сваќам непланираното секогаш е најубаво
http://www.youtube.com/watch?v=TQawOz9p ... ure=relmfu ..Сношти сакав да ти дојдам, да те видам.. да те гушнам.. Да заедно излеземе од времето кое е само дел од вечноста која касни. Сакам да се стопам со тебе.. Сакав само да ти кажам дека многу.. многу те сакам. Мил мој. Ти си љубов, а воедно и отров што ќе ме отруе...
... Најлошото чувство е кога ти недостига некој кој го гледаш секој ден. Тргнувам утре и ќе ме нема 10тина дена. Се надевам ќе си оди таа личност што не држи вака разделени, оти не можам веќе да издржам. Многу ми недостигаш, многу!
Што да правам бе маченце, морам да те лажам... Не смеам да дозволам да ми се доближиш, да ме засакаш, да се навикнеш на мене. А богами, и јас се контролирам. Вака е најдобро, на ова и ќе останеме. Верувај, јас не сум за тебе, ти заслужуваш подобро, заслужуваш да бидеш среќен. Вака е најдобро, а кога ќе дознаеш каде сум и што сум, јас ќе бидам далеку, мнооогу далеку. Тогаш џабе е, нема потреба од нервози и сцени. ...And I miss you like the deserts miss the rain...
нокеска пред да заспијам размислував, и тоа баш за тебе дека сум 1милион проценти сигурна дека ТИ ми ја имаш пренесено хламидијата, а не си знаел дека ја имаш(каков што си горделив да отидеш на лекар да се провериш е глупост) а претпоставувам дека и новата девојка ке ја заразиш а кога ке забележи , доцна ке биде-ако не се лекува на време доага и до стерилност а не се лекува така лесно, баш со докторка зборував за ова-треба на неколку месеци тестови да се прават а за се што јас имам претрпено со тебе, друга да беше не задавеше без пардон верувај, и кога ке размислам подобро има многу причини ЗОШТО е подобро вака-секој на своја страна со различна партнерка или без партнер сеедно
[СДК] Сакам да кажам... Добро, зошто мора да биде олку комплицирано?! Зошто не ми кажеш што те мачи?! Ах, колку ми пречи таа затвореност кај луѓево. Не, не може вака. Јас знам дека ти не можеш да читаш мисли и никогаш не сум те натерала на тоа. Зошто ме оставаш да се прашувам, да се нервирам кога може тој мал, верувам незначаен проблем да се реши без никаков напор само доколку ми кажеш за што станува збор. Те сакам, не сакам тензии, не сакам недоразбирања, сакам среќа, насмевки и прегратки како до сега. Talk to me, I'll understand!
Знам дека имаме многу несогласувања последно време, ама тоа е тоа цврсти карактери сме и двајцата, мора малку да омекнеме, да се дојде до некаков компромис. Знам и дека почнуваме да се караме заради нешто банално, па потоа си навлегуваме во сржта за да на крајот пак за нешто уште побанално се закачкаме. Се си мислам ако не е така нема да бидеме ние ние. Те сакам бе, дебело мое. На крај-краева се се сведува на тоа, нели?
не го заслужи сето ова идиоту,ја стаив љубовта пред гордоста,цени го ова немаш појма која привилегија е ова!