Се топам кога ќе ми кажеш злато. Така слатко го кажуваш тоа што моментално заборавам се’ и лутината бргу ми поминува. А уште помило ми е кога има некој со тебе таму, а ми кажеш злато. Порано не го праеше тоа, напротив, се лигавеше и тоа ужасно ме изнервира. Си се променил , на подобро. Те сакам. Злато.
Злато мое, убаво да си поминеш ама те молам да се пазиш. Јас ќе си мислам на тебе и ќе те чекам, ќе издржам де, малку денови се. Ти ич да не ми се секираш, уживкај си, барем ќе можеме да се слушаме. И легни си поранко оти утре треба рано да станеш. Убав помин, ќе ми недостасуваш
Срценце моее!! Немаш појма колку убав ми беше тој момент, иако постапката беше изненадување за мене Солзи ми потекоја кога заврши натпреварот а ти место да одиш како победник да ја земите наградата, ти од на голот истрча до кај мене, се качи на трибини, ме бакна и ми кажа ’’Не би можел без тебе!’’ Изненадување беше, па нели муцле се договаравме дека уште малку ке си ја криеме врската.. Не се лутам, те сакам најмногу!
Слушнав дека ке се жениш.. за тебе...Иако знаев дека никогаш нема да бидам со тебе, потајно се надевав, ама ништо од тоа.Иако глумеше заинтересиран за мене, се покажа дека не е така, добро е што сепак немавме ништо, бидејки повеке ке се разочарав одколку сега што сум. А инаку во бракот нека ти е се најубаво ( па и се знае зошто е овој брак, за документи да избегаш од тука, ретко кој пропушта таква прилика, а и момичката со која тајно се гледаш ти е убава, машала...
Ти си еден голем човек. Човечиште. Имаш душа голема колку сиот свет, и срце широко и големо колку сите срца на светов. Се прашувам само со што ли те заслужив јас ваква никаква тебе таков предобар? Ме оставаш без зборови бре, душо една душлеста Не престануваш и не престануваш пријатно да ме изненадуваш, не претерувај да не ме разгалиш И не само заради ова вечерва. Заради се' што си направил, правиш и ќе продолжиш понатаму да правиш.
Мило ми е што те слушнав макар на кратко.Следниве неколку дена ке ми недостигаш,да знаеш. Чувај се. А сега ке те оставам на мира.Па терај си ти
Те обожавам, кога скришум ми го цувнуваш носот додека спиеме, кога ми купуваш бело Ритерспорт, кога си цугаме пивце на тераса, а ѕвездите не’ греат, кога се тушираме и ми го треш грбот со пилинг, кога заспиваме и ме покриваш за половина... Те сакам кога јадеш со сласт се’ што ќе зготвам, што ми го почитуваш инаетот и кенкањата за време на ПМС, кога ме чекаш после работа со наместен кревет, кога танцуваш со мене на Ал Грин, кога сонуваш за Нас... Среќа сме, што се најдовме.
Види ваму... Te љубам толку искрено, што проклето боли. Боли секоја минута која ја поминувам без тебе. Ми зборуваше за иднината, за Нас.. За нашите соништа. А сега велиш не сакаш повеќе да ме мачиш? Мене таа болка ми беше убава, многу поубава од оваа сега, од студенилото во мојата соба, од крвавите очи од плач. Проклетство! Ми фалиш, премногу!... Не дозволи барем да ти бидам убава за крај, да ми кажеш дека сеуште сум твојот ангел... Да те прегрнам.. Да се збогувам како што треба. И ете повторно сум на почетокот. Истото секогаш. Денес, утре, задутре. Постојано. Непрекинато. Неизбежно. А..боли, боли да се прашуваш, а ништо да незнаеш...................................
Немој да ми газиш по нервите. Ајде ти се молам. И сакам да ти ја лупнам една. И ме нервираш. И те сакам. И сакам да те задавам. И искубам. И изгризам. И иштипам. И така. Дојди си побрзо. Или не си доаѓај. Како сакаш. Ама дојди си. Ми недостигаш. Знам дека и јас тебе. Бројам денови. Добра ноќ. Ај чао.
Љутко, инат, забеган еден ајде иди си веќе оти ич не ме бива без тебе! Шо мајка бараше баш па во Кипар и тоа 10 факинг дена??? Абе ееееј!!!
И стварно не разбирам зошто ти дозволувам да ме правиш љубоморна. Едноставно свесна сум дека не треба да ти дозволувам бидејќи нема некоја јасна причина, ама сепак љубоморам. Им љубоморам на сите девојки кои те опкружуваат, сите кои ти зборат, дури почнав да им љубоморам и на некои девојки кои никогаш, ама баш никогаш во животот нема да имаш шанса да ги запознаеш. Ќе почнам и на твоите другари да им љубоморам што те гледаат секој ден, а јас не. И зошто го правам тоа? Не знам ни сама, бедно е многу. Ама едноставно премногу ми значиш и се плашам да не те изгубам, а веќе те имам изгубено толку многу пати. Се плашам па можеби и затоа љубоморам. А болно е тоа. Морам да престанам. Кажи ми да престанам.
Се топам ко карамела кога ќе дојде во допир со усната празнина дури и кога си далеку. - Те мислам... Еј два збора преку порака го добиваат своето значење, два зборам прават една приказна, два збора доволно зборат. А ти.. не можеш да замислиш кои мисли ги споделувам со универзумот и кои разговори ги водам со ноќите. Ти си делче од сложувалката на мојот Живот, а тоа едно ситно мало делче од оваа слика ако недостига... таа слика претставува ништо. Едно големо ништо. Сонувам, јас постојано сонувам, а ти му даваш смисла на мојот сон. И додека лежиме на кревет јас поминувам со показалецон низ текстурата на твоето лице, знај дека сакам и најмалиот детал од тебе тесно и длабоко да биде врежан во моите мозочните виуги. Внимателно го впивам како сунѓер секој твој збор што го изговараш, склопувам клепки за да те почувствувам тебе со сето твое битие, со сета твоја воздишка од задоволство. Најмилите моменти ако можев ќе ги урамев и ќе ги сместев на ноќната масичка или претпазливо ќе ги чував во потфолиот во оклопот на дебелите корици од папките, ама не.. јас ги чувам повторно.. некаде низ ѕидовите од спомените кои ми изнудуваат црвенило на образите. И така.. убавите спомени како кога седиме на нашето ѕитче и палиме цигара, ми ја тргаш косата на една страна и ме бакнуваш од пределот позади увото, па ги тркалаш усните се до работ од рамото, јас се чувтвувам како да се претварам во течност што ги пополнува празнините на жежок асфалт. Исто и таа блага насмевка на сред бакнување, играње со туѓите прсти и пополнување на признините измеѓу нив, тишината додека лежам на твоите гради со погледи вперени во таванот од празна соба.. празнина имаше просторијата се додека не и вдахнавме живот, присутноста на две тела кои и даваат смисла, топлина и хармонија. и повторно.. ми недостигаш.
Добро ти го гасиш некогаш фб? Кога и да влезе човек онлајн си, во 5 сабајле, во 3 попладне.Што човек ке беше. Оди најди работа, не седи дома како мисир