Те сакам,те сакам,те сакам.Маче мое најубавооооо,сакам уште еднаш силно да те гушнам и бацам пред да заминеш.Како ли ке изджам без тебе ((((((((
Место не ме држи денес,а којзнае како би ми било утре,и ден потоа...Ај вракај се побрзо,да го довршиме започнатото.
Молчам... Рамнодушноста не заслужува зборови. Зошто да зборувам? Ниту разбираш, ниту се трудиш да разбереш. Молчам... Голтам горчини. Поминувам и преминувам преку сите остри сечила. Градам мостови таму каде за нив нема услови. Создавам нешто од ништо. А само празнини и рушевини. Молчам... А тишината никогаш потивка не била. Се слушаат нејзините вресоци зад сите некажани зборови. Молчам... Така ќе успеам да ги скротам сите гневови. Да го прегризам јазикот пред да каже се што не се разбира. Молчам... Зошто чувствата бараат мир. Зошто зборовите се скапи за слаби уши. Молчам... Само тогаш ја слушам вистината. Онаа вистина со која војувам, крварам и се распарчувам А потоа со истата се смирувам. Молчам... За да не ги испуштам сите тешки воздишки За да не настане немир. А ти... Ти барем почитувај го молкот. Не ме прекинувај. Умеј го барем тоа. И осветли ги сите тие празнини кога ќе поминам покрај нив да не се плашам... Молчам... Застанав на половина од сонот и не го досонував. Немав дозвола. Морав да прекинам. Морав да го напуштам. А не го напуштив.. И не заминав. Тука е сеќавањето. Тука е се. А ти... премолчи се што сакаш да кажеш. И заборави... Од празнините јас ќе изградам живот. И од темнина светлина ќе создадам. Молчам... Нурнувам во длабочините на своето јас. И утре пак ќе сум посилна. А сепак нешто нема да е исто. Ти ќе изгубиш се. Јас ќе изгубам битка. http://www.youtube.com/watch?v=bp5T3pxV ... re=related
Знам дека не беше за лутење тоа што ми го кажа вчера, искрено и ме изненади ова од машко да го слушнам, мило ми е што сепак сум ти значела.. А со ова што ми го кажа, само ми го потврди тоа. Но, во моментот едноставно се изнервирав што и ти почна да ми солиш памет како и другарките, а јас ич не сакам некој да ми паметува и да ме разубедува. И тука била работата што ти не превземаше ништо, а јас се чудам на што чекаш. Ама чудно ми е бре на некој да му се нудиш на тацна, на машко па, и тој да ти вика не. Никогаш не сум помислила дека ќе стигнам до ова, па и уште јас да ја превземам иницијативата за вакви работи, ама ете. И ноќеска се утепав од плачење во 3 саат, а ни сама незнам зашто, размислував за се она што ми го кажа, и дали навистина треба да почекам.. па после си турив некои ствари во глава што ќе биде кога ќе те изгубам и слично и фатив да рикам уште толку. Абре, ни мене не ми е лесно, знаеш. Како и да е, знаеш дека те сакам. Многу. И не го правам ова зашто ми се присакало, зашто сакам да пробам и сум љубопитна (океј де, сум малку, нормално) туку зашто си ми посебен и не прифаќам никој друг да биде на твое место колку и ти да не ми веруваш.
Матeријалното е просто неспоредливо со духовното богатство.Но што ако матeријалната благосостојба предизвикува духовна еуфорија ?!Тогаш ти лепат лепенка ПРОДАДЕНО.Јас искрено ни денар не би дала за тебе, ете ни толку не вредиш.А ти се продаваш за ефтини пари.Срамота. И незнам каква е оваа сила што ме надвладеа и ми го замолчи внатрешниот глас, кој вриштеше во име на гордоста.И плукаше по тебе затоа што ја изгази.Сега испраќам молби до севишниот Господе дај ми памет и сила да си одам од него , или земај ми го паметот и силата ама скроз за да не патам што си предизвикувам саМомазохизам.Ако се изматуфам нема да знам што ми се случило.
Извини за тоа што ти ја упропастив цела вечер со моето повраќање и фала ти што и тогаш ме гушкаше и чуваше
Со еден дел од мене проклето многу ми требаш. Но со еден дел и толку многу несакам да те видам. Сакам да бидеш до мене и да ме утешиш. Да ми кажеш:Будалче, па тоа не е вистина. Ах,целата сум збркана. Те молам немој да ми се јавуваш. Немој да ме бараш. Немој да доаѓаш. Излeзи од мојот живот исто како што влезе. Јас заслужувам подобро. Знам дека заслужувам подобро.
Многу убаво си поминав синока на твојот именден нека ти е за многу години да си го славиме заедно. И поканата да преспијам кај тебе синока ми го направи денот ама имав важна обврска утринава па друг пат. А утре, е утре јас, и ти и многу љубов цели 6 дена. Те сакам!
On and on, and on and on... Воздишки. А не сме од оние што со зборови си ги искажуваат чувствата. Може ни беше потребен пресвртот од синоќа. Може редно беше да ја проголтаме кнедлата во грлото. Лесно е да се координираме кога исто чувствуваме. Се имаме. Потполно и постојано. И повеќе од доволно е.
Вчера беше еден од најубавите денови во мојот живот.Фала ти мило мое за се.Ме воодушеви мене,а исто и моите со однесувањето,своите манири и љубезноста. Изгледа дури и поќе те засакаа од мене Ахх по ова нема ништо што би посакала од тебе повеќе. Се надевам само дека ќе има уште многу такви денови и дека и ти беше задоволен колку и јас.
Ми викаше се измував ама не ја сакав знаеш и сама дека те сакам тебе, со неа се измував онака из разонода.. Ееее братуу ти се муваше ама не ги сакаше, сеа јас не се мувам со никој ама сакам некого.. Жалам,кај мене више немаш шанси
Сношти може и не ми требаше Бог знае колку... Некако и како да немав потреба од тебе покрај сето друштво... Ама затоа ужасно ми требаше засношти барем само на оваа песна http://www.youtube.com/watch?v=-koGAgBamWk
Љубов, и овој пат го послушав гласот на мојата гордост, и го задржав за себе она што сакаше да го слушнеш "Ми фалиш, исто толку колку што и јас тебе..."
Го прочитав мојот во пост во темава, кај што имам пишано дека си до мене... Ми текна на моментот! Ти решаваше крстозбор, а јас си седец на Фемина дури чекавме да се направи вечерата... А сега, јас сум сама во мојата соба, а ти си таму на тренинг... Барем да имав причина да си одам Скопје, уште итре ќе си заминев! Ми фалиш!
незнам со кого да го споделам ова што ми се случува со тебе црногорец па решив тоа да биде со фемина се допишувавме, се случи тоа што се случи и ти си замина за Црна Гора на одмор-мислев дека кога ке се вратиш, ке ми пишеш да се видиме но ете не се случи тоа-ми кажа дека веке си се вратил ама комуникација на нет мегу мене и тебе се уште има-по зборовите кои ги користиш се гледа дека нешто и на тебе ти се случува(рак си е рак) и јас и ти сме само некако ко да не сакаш да ме сретнеш, се обидуваш да ме избегнеш-мислам во живо, а мене па прееска ме издадоа, бидејки не ми е сеедно-си ми многу посебен. Како што времето поминува, свакам дека не беше само обична авантура јас и ти се засакавме, ама никако да си признаеме-особено не јас да ти кажам дека МИ ЗНАЧИШ (ок де, ти кажав неколку пати те сакам и ти мене исто) оти знам дека ке си речеш-ја имам оваа,а од друга страна не сакам да те притискам да се обидеме да бидеме заедно, бидејки ти уште на почетокот се изјасни дека не сакаш врска-божем ке ти ставам окови, и нема да смеееш да мрднеш а пред малку ми пиша да би била до тебе убаво би било-е сега од моја страна гледано едно не ми е јасно значи ако не споменуваш да ме видиш, значи ме држиш на дистанца-можно е да сум ти резерва, и значи дека ти немаш доверба во мене-доверба не се гради за толку кратко време, и што направив јас за да таа доверба ако некогаш постоела ти да ја изгубиш во мене? ако сум резерва, зошто сум? не сакам да си го преоптоварувам мозокот со се-доволно ми е преоптоварен со други маки и проблеми, ама можно е да ти поставам неколку прашања наскоро-можеби сум добра, фина, чуствителна ама НЕ СУМ БУДАЛА Само се прашувам ШТО ЛИ НАПРАВИВ толку лошо да бидам толку несрекна во полето на љубовта :? е тоа никако да сватам, ниту ми се разјасни некогаш