не сум јас крива,ама ајде...ќе бидам крива. само да не се караме повеќе. те сакам,те сакам,те сакам,те сакам
Би му кажала ми недостигаш, ама не сакам да го замарам додека работи. Ми има многу пати кажано еј досадна си. Пред некој ден ми прати некој виц со тоа зошто Колумбо не ја оженил Америка. Од тогаш го викам Колумбо
Хммммммммммм, трпение како што милуваш да кажеш и ти. Само едно знам: постои разлика помеѓу ,,те сакам" и ,,премногу те почитувам". Постои, нели? Е сега очекуваш дека ќе сфатам дека сакањето оди под рака со почитта?? Има тука нешто, ама не би рекла дека е баш тоа тоа. Да требаше да кажеш ,,те сакам" ќе кажеше. Ти благодарам сепак за почитувањето. Се почитуваат и борците од НОБ, разноразни постари лица и бла, бла, бла. Арно ама не е тоа тоа! Дефинитивно не е. И повторно ќе кажам, за жал. Ти благодарам на искрените зборови верен другару мој! Знаеш дека ми го разубавуваш денот, нели?!
Незнам зошто постојано те сонувам,можеби бидејќи не ми излегуваш од мислите,можеби бидејќи соновите имаат некакво значење,но јас мислам дека е тоа првото. Знаеш,ни во сонот не е совршено,не е убаво,доаѓам кај тебе како мало врапче кое има потреба од поголемо крило за прегратка,сакам да се стуткам покрај тебе но ти ме оттргаш. Сакам да ти објаснам се што претходно не сум можела,сакам да ме ислушаш но се будам.Ниту на сон неможам да ти кажам колку ми е криво,ја пружам раката за да те фатам но ти ми бегаш,а јас се будам. Знаеш додека ти се вратиш имам доволно време за да почнам нова страница,имам време да се приберам и да пробам да бидам рамнодушна кога ќе се сретнеме. Но не ! Како деновите одминуваат и следува твоето доаѓање,јас се повеќе и повеќе се возбудувам.Чувствувам немир кога ќе помислам дека пак ќе те видам.Дека ќе се сретнеме и ќе те прегрнам силно,најсилно. Пишувам глупости јас овде,глупости. Очајна девојка сум станала.. Давид си има планови за кога ќе се врати а јас будала тлеам надеж овде. Е вака ќе ви се случи доколку не си ги почитувате партнерите што ги имате покрај вас,ќе ги изгубите,ќе ви биде криво,ќе ги барате назад а нив ќе ги нема. Слушајте што ви кажува Цигарче..
Како прво јас ти реков дека сум лута што ме испрска целата со чаша вода! Како второ фала ти за пиците за вечера. Како трето сам си дома а си легна во дванаесет и не си на работа ,и да сакаш во ова не можам да верувам...премногу е сомнително... И како четврто ми викаш ти се оди на базен ама не сакаш сам да идеш за јас после да не одам сама...во ред рече не одиш а од друга страна се договараш со другарти сабајле да одите вие другарите...па нели без мене не одиш?Епа оди слободно не се бунам ама не плачи кога и јас ќе речам дека ќе одам сама.Така да си знаеш!!!
Преку глава ми е од тебе! Толку е лесно да се биде машко,какви чуства какви бокрачи,какво замарање,какво јавување. А јас па и уште се замарам со тебе. Идиот
Вакво си с'што, само со брада. И среќна сум, пак и пак и пак, ен соу он антил инфинити. Посебен си, затоа што ме правиш вака среќна без никаква причина, ма доволна ми е само твојата појава за да се окезам. Медведичу мој златен, ќе те галкам уште долго - чувствувам!
Ниеден друг вид интимност не може да се спореди со два искрени погледа што се среќаваат со иста сигурност и решителност и едноставно одбиваат да се пуштат еден со друг.
зошто после толку долго време ти се однесуваш ладно кон мене и зошто не се тргнеш од другарите кој те направија тоа што си сега дури после 4 год ти веке не ми ни кажуваш кај одш ако мислиш дека ќе го дозволам сто ова си лажеш......
Колку и да ми кажуваш дека јас и ти секогаш сме се разбирале јас тврдам дека не е така. Понекогаш навистина не можам да те сфатам, ама стварно. Од една до друга крајност одиш и никако крајот да ти го фатам.
Конечно веќе од памет ме изваде. Да ти се плукнам во тој телефонот твој. те молам ова да не се повтори
Се навикнав без тебе Ај Гив ап. Не за друго,ништо не ми стори,ама оваа неизвесност ме убива А јас така не можам да живеам. Вракај се па аман
Ти благодарам за: Прекрасната тараса која ми ја направи, ти благодарам за преубавиот поклон кој ми го подари, ти благодарам за 484804230 мохита кои ги напраи и изиграваше бармен, додека јас седев како гостинка и си го славев роденденот, ти благодарам за целодневното украсување на терасата ...... ти благодарам што постоиш, ти благодарам што ме караш учејќи ме на НЕКОИ работи.......