Не ме погледнувај сега кога веќе се е завршено... кога сакам да ставам крај значи не сакам да остане ниту пепел од тоа што било со тебе ,не сакам да ми подметнуваш мало жарче ,не сакам тоа да остане да тлее во мене како малку надеж дека сепак сеуште не е готово и ти значам барем малку ...не сакам повеќе да се повредувам себе си верувајќи и надевајќи се на нешто што нема да се случи ,нешто што нема да успее.. Јас не сум таа девојка која ја бараш , јас сум онаа од која треба да бегаш за да се спасиш ...знам да те сакам искрено и бескрајно многу но кога ќе ме повредиш почнувам да те мразам ,ќе кажам илјадници лоши зборови за да те повредам ,јас можам да ги истрпам ударите кои ми ги нанесуваш но кога чашата ќе се прелеее јас заминувам и не погледнувам назад ...јас не знам да простам ,што и да сториш јас нема да ти простам ... не вреди да се борам за нешто што оддамна е осудено на пропаст .
Понекогаш се прашувам со што те заслужив. Со што заслужив да ми се појавиш во животот и после сите работи да останеш во него. Ама потоа имам некое чувство дека ниедна не те заслужува, дека само јас те заслужувам иако знам дека не е точно. Јас најмалку те заслужувам, но не можам да те замислам со друга.
сеуште погледнувам во телефонот со надеж дека ќе се јавиш но знам дека ми е залудно.кога нешто ќе пукне не може да се залепи.сакам само по добро да те памтам а не по тоа дека ме изигра.
Ќе ти дојдам на гости не се секирај. Има да ти врзам две до три шамарчиња за да ти дојде паметот да не ме гризеш повеќе бидејќи доста ми е од модрициве што ми се појавуваат од тебе
Секое е*ено зборче што сакам да го кажам слушни го Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=aEV2yFdQ-h0&feature=relmfu
и си тој што ме тера да се враќам од сите кога бегам тука си Ти си тој толку добро јас те сфаќам го рушиш секој љубовен ѕид моите соништа, твои патишта Ти си тој што во очи будиш пламен и поубав го правиш овој град Ти си тој што со нежност топиш пламен по тебе душо чувстувам глад. Се ке направам да те зачувам Ова срце најде лек ќе те љубам еден век Секој ден, секој час да те гледам, да те милувам јас Влегов без никаков грев во твојот свет. Верувај премногу те сакам за тебе се би дала Ме чуваш ко да си ангел мој, ангел мој Те најдов тебе љубов моја сигурна сум дека ти си тој. ТЕ САКАМ ЉУБОВ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СОНЦЕ!!! Нека ти се множат годинчињава, биди највесел и најнасмеан, најзаљубен во мене и најздрав. Среќата нека те прати на секој чекор и чувај ме секогаш до тебе. Сакам денов да ти биде незаборавен, а нормално јас ќе се потрудам да биде така. Освен тоа, сакам цела наредна година да ти биде исто, среќна, исполнета, најдобра!!! Втора исто толку важна работа што сакам да ти ја кажам е следнава: Среќна годишнина сонце! Една година ... Една цела преубава година. Сакам засекогаш да ни е вака, да сме сложни и да наоѓаме решение за секој проблем. На почетокот ни јас не мислев дека ќе дојде до ова, но со тек на време, како што те запознавав, сфатив дека до мене ја имам најдобрата личност што некогаш сум ја запознала. Датум за паметење, нели? Почетокот беше малку чуден, дека беше ново, непознато .. но на крајот се излезе супер, дури и подобро од тоа што очекував. И како што поминуваше времево, секој нареден ден ми беше се поубав и поубав. Ете, дојде и 5 август. Посакувам наредната година да ни биде уште подобра од оваа. Фала ти за се!!! Се надевам дека и ти го мислиш истото. Уствари знам ајде Повели, ова е за тебе: Спојлер love you. http://www.youtube.com/watch?v=iLi_osYNsOU
О бре вол еден, на моја најдобра другарка и викаш да искочите, па да си ја видел пред да иде на одмор, па колку ќе седела ау ,па да сме искочеле заедно да си ја видел пред да иде. Не ме заебааш? Мислам не можам јас никако на неа да и бидам љубоморна, зашто ја знам од малечка, и верувам за се, ама ме нервираш бре ти, иако знам дека ништо немаш и нема да имаш со неа. Ама дали мене ќе ми речеш вака денот пред јас да одам на одмор? Туку како и да е, не можам тебе да ти бидам лута, и знаеш дека многу ќе ми недостигаш кога ќе одам на одмор, иако станува збор за само 5-6 дена. И не ти кажувам сега те сакам, зашто ме изнервира преска!
Излегов со насмевка од дома за вечерва убаво да си поминам и со голема надеж дека ќе се јавиш, дека ќе посакаш да ме видиш. Одам по булевар со надеж дека ќе поминеш ти. И навистина помина, но.... Сеуште неможам да си поверувам како можеше да ме замениш за детиште од 15 години. И тоа ајде да беше некоја паметна ОК. Со најголемите сељаци и к*рвичиња е другарка. Браво за тебе Секогаш љубеше да кажеш дека сакаш курва во кревет и конечно ја најде. Алал да ти е. Ќе ми набиеш комплекс дека јас не вредам за едно глупо дете од 15 години. Дека таа е попаметна од мене, дека со неа повеќе ти оди муабетот, дека таа повеќе од мене може да те сфати и да те критикува на грешките и да те советува за плановите што ги имаш. Дека таа поубаво те гали, те бакнува, те милува, те секса ?! Знам дека не го заслужив ова јас. Вака тивко да патам и да се затворам во себе, но животот никој не поштедил па и мене ме снајде лошото. Некако многу долго трае. Ама ќе помине, а тогаш... нема да те спомнувам, нема да мислам на тебе, нема да те чекам, нема да одам по булевар со надеж дека ќе поминеш. Тогаш, ќе се прашувам како можев да бидам олку голема глупачка.
Не знам зошто воопшто пишувам овде, кога предмалку те видов... Можеби затоа што при секој мој обид да го изустам она што го мислам, зборовите ми се заглавуваат под јазикот. Знам дека во очите ми читаш очајна потреба да се тргнам од тука барем на некое време. Ги одбројувам часовите...
незнам зошто секогаш кога ќе кажам дека треба да разговараме ти паничиш и мислиш дека сум бремена аман немаме незаштитен секс па да сум бремена а има и многу други теми на кој би разговарала со тебе ...
Се што имав во животов ставив на коцка за тебе и изгубив тоа е нешто кое неможам да си го простам! Спојлер ТЕ МРАЗАМ МИ СЕ ГАДИ ОД ТЕБЕ !ТИ НЕ СИ МАЖ КАКО ШТО СЕ ЗАМИСЛУВАШ ТИ СИ КУКАВИЦА !!!!!НЕ ТИ ВРЕДИ УБАВИНАТА КОГА СИ ИДИОТ !