Зошто е тоолку тешко да се биде искрен? Да си стоиш на зборот ? Да си ги кажеш вистинските намери? Без страв,без лаги,без себичност. Точно и така како шо навистина е,и вистински внатрешно го осеќаш. Затоа шо тоа шо го велиш и тоа шо го правиш не се согласува едно со друго. Биди маж. Однесувај се како маж.
Кога ме држиш в прегратка, макар и за момент, се осеќам како да сум направена од коцки мраз, а од твоето тело зрачи неподнослива топлина. И таму, макар и за момент, се топам, за на крај да се изгубам и целосно да ме снема ..
Ти да си ми некој бивши ќе имаш малку креативност во тоа паметот. Ќе се вратиш пред време од Америка и ќе ме побараш преку Све за љубав ! Ама немаш ти толку памет за да ти текне тоа.
Јас знам, милион проценти, мил мој, најмил, знам и на цел глас кажувам и сега еве ќе пишам дека ти, ти заслужуваш да ме имаш мене, јас заслужувам да те имам тебе, знам дека ќе те сакам засекогаш, вистина било дека кога вистински се сака, еднаш се сака, само еднаш умее човек најдобро и без грешки, без граници и со најдлабокото во себе да сакаш онака како што самиот Бог сака, и јас те сакам тебе така, и ќе те сакам засекогаш, јас сум твоја, ти си само мој, без разлика каде си, јас сум мирна, знам дека душата, срцето, телото, усните твои се мои и не ги делам со никој, и никогаш нема! Нема да дозволам ништо да застане меѓу нас...
Иди у пизду материну. Готово е Иване. Крај. Нема да запалам уште една цигара само затоа што ме нервираш, нема да пијам повеќе само затоа што ме нервираш, нема. Готово е. Ќе ме умриш, а јас нема да бидам јас ако не се извлечам навреме. Проклет да си. Проклета и јас нека сум што мислев дека овој пат ќе биде поразлично.
Брат ти седеше спроти мене. И цимерка ти. И се молев да не се појавиш на скалите. И молитвите ми беа услишени.
Можеби последната недела ми беше најчудна.. Знам дека имаш многу добри страни но сега навистина почнав да се прашувам дали сум среќна!! Дали до сега сум спиела на тоа уво дека повеќе сакам да бидам со некого отколку да бидам сама, не сум сигурна.. Но не сум повише сигурна дека ова е за мене.. но како како да постапам кога знам дека ако одлучам да раскинам со тебе дека никогаш нема да го прифатиш тоа? не можам, превише се измачувам а не сакам да ти згрешам, не си заслужил..
Готово е! Со тебе завршив вчера,а ти мислиш дека ова е како секојпат и дека за еден ден до твоето машко плачање дека не можеш без мене,со твоите извинувања и празни ветувања дека не чека беспрекорна розова иднина ако останеме заедно, пак ќе бидеме заедно епа НЕМА готово е веќе нема да те сожалам и да се вратам пак кај тебе.Ниту една шанса до сега не знаеше да ја искористиш како што треба,а ги имаше доста многу...Доста ми беше веќе да ти изигравам мајка и дадилка и да те учам на се,а за возврат да добијам само нрвози и повредување од твоја страна.Сега сфатив дека колку и да се трудам со тебе ти никогаш нема да пораснеш,ќе си останеш засекогаш дете кое иако има 18 години се понаша како да има 8,9 или пак 10 годинки и ништо повеќе.Можеби некогаш кога ќе престанеш да бидеш марионета и играчка на секој,а поготово на твоите,кога ќе станеш сериозен колку што е можно за твоите години и ќе си ги увидиш твоите грешки можеш тогаш да се јавиш и можеби ќе добиеш повторно шанса ако сум сама ама сега нееееееееееееее затоа не си го ни губи времето за да ме молиш.Само ми е криво за тоа што потрошив 3 години на тебе учејќи те и не постигнав ништо посебно од тоа,но за некоја година ќе дознаеш дека сум била во право кога ќе сфатиш дека најубавите години си ги поминал дома слушајќи ги твоите и работејќи како вол,а да не спомнувам за слушањето на другите и тоа што поради тие услови си останал полуписмен.Сега збогум и се најубаво...се надевам дека ќе можам да те заборавам во најскоро време... Бивши-сега знам како ти е било пред 3 години кога јас се понашав како мало дете и ништо не сфаќав сериозно,а ти се обидуваше да ме промениш и да ме научиш како треба.Сега сфатив колку ти било тешко со мене големо извини за тоа што се ти го правев тогаш...се надевам ќе имам прилика и храброст и во лице да ти го кажав ова...
Абре јас знаев дека си луд, ама незнаев дека си дотолку за да ми носиш мачиња во 3 ипол саат сабајле! Ама мило ми е што се сети на мене, и за тоа што ти зборев пред некој ден.. а тоа што некои рандом луѓе не видоа на сред улица како се лигавиме во ниедно време, тоа друга работа, а ако се разбудеше татко ми, тогаш трета работа. Абе душа си, стварно, затоа те сакам.
Се исплатеа деновиве заедно. Дали на добро или лошо, не знам. Сега барем знам дали кога си постојано со мене, зјапаш по други без осет, ти ги знам (не)хигиенските навики, (не)познавањето на општи работи... а тоа што си уште посрамежлив од мене, а си машко е врвот. Јас да ти мачкам за јадење, јас да купувам од пазар, уште и јас да се јавував по такси... Единствено позитивно е заспивањето во твоја прегратка. Мислиш дека тоа чувство е доволно за да поминам преку се` горе набројано?
Те сакам многу, ми фалиш... навистина работите во нашата врска си дојдоа на ред, и многу сум среќна... морам да признаам дека сега ми е поубаво од порано ... Извини, се каам за сите мои лоши работи, и за целото време кога ние двајца сме се карале и расправале за глупости ... Кога сум мислела дека не те сакам едноставно, тоа е било само во нервоза, секој момент се повеќе ми фалиш, чуствата ми се многу поголеми... од било кога... Се чуствувам исто како на нашиот почеток, се е ново, и драго ми е за подобрувањето на нашата врска, во врска со малите кавги и расправии... опуштеноста не прави посилни, поенергични и позаљубени... Ти благодарам душо моја ,.... ПС: Оваа ке му го кажам на нашата наредна средба, колку да знае колку се каам за се што сум згрешила...
Донесов одлука...поќе нема да те барам, се уверив дека и под дејство на алкохол можам да издржам, така да полесно ќе е а ти кога ке ме бараш (а се поблиску е денот коа и двата се враќаме скопје), е то ќе е посебна прича...ке се гледаме до септември и тогаш ке ја обојам линијата црвена...ке се одвоиме и ке ти докажам дека стојам зад кажаното,ама ке видиме колку ти ке се придружуваш. Не сум сигурна што чувствувам за тебе, ама мислам дека знам ти што сакаш.
Јас се ти кажав што мислев,а тебе те нема! Епа ќе пукнам! Ако ме снема,ќе ме бараш ли ти мене? Ќе видам колку ти значам и колку јас ќе ти недостигам...Еве ќе се повлечам,па да видам што ќе правиш...
Ах колку би сакала да кажам на некој за тебе,за она што го чувствувам,колку не ми е убаво моментално. Јас знаев дека не требаше да ти верувам тебе.Знаев ама сепак си дадов шанса. Шанса за што?Пак да бидам повредена???Видов колку ти значам. Сите ме правеја луда као ај имај доверба во него ке видиш дека се ке биде друго,а јас како да знаев дека нешто ке се случеше. И не грешев.Јас никогаш не грешам.Секогаш сум во право. И сега кога чувам во себе и не знам кому да кажам јас се распагам. Стварно ми значеше,стварно мислев дека си океј,ама ти си го покажа вистинското лице. Браво за тебе. Ако некогаш се сетиш на мене речи си го тоа:Taa ме сакаше многу и сакаше да ја сакам.