Знаеш колку те сакам? Не. Е како не? Многу си будала значи. Не е дека стварно не знам колку ме сакаш, ама толку ти ја сакам фацата кога ќе ти речам не, па ќе ми речеш толку сериозно е како не што не можам да ти речам знам ко што ми викаш ти мене и морам со оваа варијанта за да си се смешкам цел ден на твојата лудост. Јас сум те прифатила со секоја твоја мана, зошто инаку мислиш дека уште сме заедно? Научив да се сносам со секоја твоја негативност во текот на годините затоа што си човек, не можеш да бидеш безгрешен и совршен. И иако неретко ти велам да смениш нешто, немој, немој никогаш ништо од себе да смениш, зошто те сакам ваков, несовршен, а совршен, само мој. И те љубам со целото срце баш таков. И веќе не ме плашат кавгите. Тешки карактери сме а толку лесно функционираме. Сега знам дека имаме доволно волја и љубов за поминеме преку тешките периоди зошто не малку од нив сме ги поминале и закопале во минатото. Колку само сме пораснале и заедно сме созреале. Кога ќе се навратам наназад кога раскинувавме на секое карање и кога ќе погледнам каде стоиме сега, горда сум. На тебе, на себе, на она што го изградивме. На нашиот мал свет. На нас. Затоа што сите околу нас го бараат тоа а ние го имаме. И по неколку години уште повеќе ќе бидеме горди. Сигурна сум... затоа што во срцето знам дека сме вистински и дека ќе траеме.
Ах.. Што да кажам ај? Ме остави без зборови вчера, а и уште не можам да се соземам и да ти кажам се што ми лежи на душава. Цела вечер ми беше посебна, романтична, елегантна... се осеќав како во холивудски филм да сум Имам еден посебен момент од цела вечер, кога се чувствував најзаљубено, најсреќно, најисполнето. Утре ќе ти кажам кој беше тој Те сакам, ми го направи животов 2035998529 пати поубав. http://www.youtube.com/watch?v=9BMwcO6_hyA
Усни да ти бакнувам Нежно да те прегрнам Да ти признаам љубен Дека си ми се' Срце не се лекува Ќе те сакам довека Ниедно сеќавање немам без тебе... ♥
Ах кога ќе се присетам на деновите кога ќе се припиев до тебе како малечко маче кое сака да се гали ,уживав во твоите прегратки ,сакав кога цврсто ќе ме гушнеше,ме галеше по косата но после се што се случува се прашувам каде и како исчезна сето тоа,дали сето тоа било само сон...неможам да не мислам на тебе,на нас, не се она што се случува ...во еден момент кога сум лута,бесна и гневна те мразам , те проколнувам,те навредувам но во следниот момент сфаќам колку само те сакам тогаш сум најранлива личност тогаш срцево чувствува најсилна болка ....те сонував но и во сонот не те имав покрај себе ,ти одбра да бидеш со некоја друга не со мене
Би му кажала... Сакам да истражувам, ме интересира, дали си толку посебен и во реалноста или само во моите размислувања.... хахахах (а сигурна сум дека не си)
Моментот кога двајцата во исто време се будиме од кошмар во кој сме сонувале дека на другиот му се случило нешто лошо. И силно се гушкаме плашејќи се дека ќе се изгубиме и во реалноста. Случајност?
Не ми е криво тоа што се налути, туку ми е криво тоа што не бев дома и не ти кажав се што ми лежеше на срце ама утре кога ќе се вратиш од работа има се да ти кажам што неможев вечерва
Šta si na meni video još uvek pitam se nikada nisam bila tvoj tip ovako pametna zar ne uvek si težio da imađ one jeftine kao što ona je Голем поздрав http://www.youtube.com/watch?v=7jc54llp6_M
да знаеш сега колку сакам да ме побараш па макар и да се скараме ама знам дека нема.не знам ни јас што се надевам повеќе ама што да правам кога те сакам.којзане каде си и што правиш.сигурно не ни помислуваш на мене ама да знаеш дека некој те сака и те мисли и очајно чека да го слушне твојот глас.
како можеш да ми се јавиш на мобилниот на другар ти, и да ми кажеш дека си верен, женет, па дури и татко ке станеш-се прашувам која лага е поголема од претходната ама ај, и верен и женет бе и кога си пијан на мене ти текнува-а овој пат ми се јавуваш ко пријател хахахаха, и кога ти кажав дека работам, еи со срека нека ти е , а каде работиш ова сериозно, мислиш дека ке ти кажам а што мајка ми гледала низ прозорец, тоа дефинитивно било случајно, и сега што, па ај да пагаме во транс луда главо, во ист град живееме, а како било тоа, ке немам никој во мојот живот-освен семесјството, а од друга страна баш ти било гајле што се тоа де со Албанци и други националности , и требало јас тебе да те преболам-само се прашувам во која шпанска серија живееш ти-што е тооолку страшно, што сум ти пишала по некоја порака во момент на слабост бе, а ти тооолку драматизираш ти ТРЕБА ДА СВАТИШ ДЕКА НЕ СИ ЦЕНТАР НА МОЈОТ СВЕТ и да ПРЕСТАНЕШ да ми се појавуваш ко воскреснат од мртвите, и да изигруваш гатачка-не ти доликува Што да правам кога некоја со моето име тебе животот ПЕКОЛ ти го правела а грешка ми беше и тоа ОГРОМНА што се загледав во другар ти-откако јас и ти раскрстивме еден од многуте пати и се мував со него, и еве признавам дека навистина се стресов кога дознав дека ти си верен, па женет и ке станеш татко-сепак некогаш невистина многу ми значеше и те сакав најискрено, а сега верувај дека не би те ниту погледнала-ептен си пропалица од човек, и најискрено ЈА ЖАЛАМ таа која ке биде твоја сопатничка и мајка на твоето детенце
ништо не би му кажала,и онака повеќе не е мој..бев во криза некое време поради тоа,но сега не се замарам не сакам да се враќам на стари раб.и поштувам такви луѓе кои сеуште имаат гордост,кои не гледаат назад,и кои сами си даваат подршка во тоа..гледам да бидам една од нив,-изгледа успева
Дека таму требаше да бидеме јас и ти а не тој и таа и тие. Дека на секое едно ќоше не гледам нас. Дека сакав да бидеме едно. Дека сакам да одиме таму најмногу од се. Дека сакам јас да се глупирам а ти да се смееш и да се чудиш од каде дојде новата јас. Дека сакам да играме фудбал. Дека сакам да готвам за тебе. Дека сакам да се смеам на твоите глупави грешки. Дека колку и да се правам силна за тебе сум најслаба. Дека колку и да се преправам дека ми е сеедно, не ми е. Дека кај кого и да одам, пак кај тебе се враќам. Дека никој не може да биде како тебе и никој не гушка поубаво од тебе. Дека тебе те сакам најмногу од се, не него, не некој, туку тебе. Ми фалиш, ми требаш до толку да боли веќе. И секој претходен пост и секоја мисла за тебе си ветувам дека ќе ми биде последна, и пак го прекршувам ветувањето.
Убаво од тебе што ми објасни.Камен од срце ми падна.Мислев дека направив голема грешка тоа што се деси меѓу нас,али океј е знам дека имаш многу работа летово и неможеш да ми обрниш гоолемо внимание.Има сонце време,ќе се глеаме секој ден коа ке одам на Школо,ќе ти мафтам од автобус
Епа душо, виде, и јас плачам....Ама, не плачам само кога ми е тешко. Не знаеш ти што плачка сум јас.... Плачам и од убавина. Како во саботата вечер што се случи. Тоа сум ти јас, премногу емотивно створење кое во одредени моменти го надвладуваат чувствата и мора да излезат. Тоа ти е, во најубавиот момент, кога ти го кажуваш она што долго време сум сакала да го чујам, кога секоја друга девојка би била пресреќна кога се кажуваат тие работи.... јас плачев. Плачев зашто ми беше најубавиот момент досега во мојот живот, плачев зашто уште еднаш ми се потврди интензитетот на чувствата кои ги имаш за мене, плачев зашто уште еднаш сфатив колку многу се бориш за нас, плачев зашто уште сто пати повеќе те засакав. Ако воопшто е можно тоа....Имаш еден тон маани, како и јас, но немој да менуваш ништо. Совршено добро се снаоѓам со сите такви твои особини, и не сакам да ги немаш. п.с. Се надевам дека малку ги утна бројките и мерните единици за време кога го кажуваше периодот