Е арно што не поверував дека си толку добар каков што се претставуваше... во право бев, фејк и пол си !
Навистина знаеш да ми го смениш расположението !!!Те обожавам будалче едно... Ветувам дека нема никогаш да помислам дека си ко останатте.Јбг,ме понесе љубомората малку
И јас сакам да чујам дека ти недостигам... И јас сакам да знам дека ти фали да се будиш до мене... Сакам да ти текне на датумот кога правиме половина година заедно, а не да се чудиш кога ќе ти спомнам... Сакам да ме изненадуваш... Посакувам да ми се јавиш само за ми кажеш дека мислиш на мене... Што ти стана?
.. и јас сеуште се чудам како издржа со мене година дена. Не сум забавна девојка. Ниту другарка. Напротив, многу е тешко да се справиш со мене, со моите досадни идеи, депресивни моменти, потреби за некои кратки благо-романтични мигови и премолчувања на работите што ми сметаат. Всушност, не знам како успеавме ние двајца заедно толку долго. Толку контрадикторност на едно место немам видено! Црно и бело, Јин и Јенг .. не знам веќе уште која клише компарација да ја употребам за да го доловам нашиот однос. И покрај сите спротивности во карактерите, мило ми е што љубевме исти работи - природата и музиката. Од тебе научив многу, што треба и што не треба да бидам. Ако почне некој да ми набројува карактерни особини, и стигне до: упорност, издржливост, тврдоглавост, пожртвуваност и инает - твоето име ќе ми одекне во мојава глава. Бевме многу контрадикторни, а толку добро функциониравме заедно. Уште малку повеќе од мојата (некаде длабоко скриена) забавна страна, со повеќе желба да ни успее врската и повеќе љубов - сега немаше да седам сама и да го пишувам ова. Ќе тонев во твојата прегратка, знам. И криво ми е што ти никогаш не сфати што всушност ми значеше мене. Едно огромно -колку мојата љубов кон тебе и твојот сегашен напор да ни успее пријателствово- сè!
http://www.youtube.com/watch?v=sC90cHHK ... re=related ти ме љубиш, чуствувам..... Остани во мене векови да минат покрај нас, Остани во мене безброј ноќи да те сонам јас Остани во мене душо нека мине се само немој ти ти си во мене...
Убо ми е ко ќе слушнам дека ми звони телефонот, а при тоа на екранот ти го читам името! 150.000.000 пати да ми се јавиш во денот, пак малце ќе ми се!
Некако почнувам да верувам во твоите зборови дека си ми како сидро околу нозете и дека ме потонуваш заедно со себе, ама никако не можам да поверувам во тоа дека не вреди да се трудам. Колку и да боли, одбивам да верувам во тоа, па макар и заедно да го допреме дното. Не се откажувам така лесно од тоа што го сакам.
што е бе црногорец, ти недостигам па нели си го градов, или пак си ескивирал за ц.г тешка превара си, те свакам и тебе не ти е лесно
Го допрев дното. Буквално. Ме оболе. Буквално. Кренав температура, неможам да зборувам, ме боли кога зборувам, среќа имам тастатура.. НЕМОЖАМ. НЕМОЖАМ. Неможам. Ти во буквална смисла ќе ме умриш. Нека ми помогне Господ оти јас сум готова.
Не памтам кога последен пат си ми се јавил, не од навика, туку затоа што сакаш да ме чуеш. Еве и сега, имаш време за фб, а немаш две минути за да ми се јавиш. Секогаш ми правеше друштво додека одам накај дома, а сега забораваш и да ми се јавиш, ме оставаш сама по темните улици. Вчера, велиш немам осет. Останав уште малку бидејќи ми недостигаше, ме немаше 5 дена а ти не ни го почувствува тоа. Брзо ти минаа. Кога се вратив едвај чекав да ме гушнеш, а ти само ме потапка по рамото. Не ми дозволуваш да те допрам, велиш не е време за тоа. А кога дојде времето, го доби тоа што го сакаше и толку. Ми викна такси. Не памтам кога последен пат си ми кажал те сакам, без јас да го барам тоа од тебе.Кога последен пат си ме гушнал, си ме помилувал по лицето за да се стопам целата.Јас сум ти потсетник на нашиот ден. Веќе не го ни помниш. Не го ни славиме. Баш како секој друг ден, без везе муабет, ако воопшто се видиме. Сакам да сме среќни, многу ли е? Имавме договор, толку брзо го заборави? Јас го исполнувам својот дел,а ти? Каде си ти? И што правиш? Толку беше нашето? Сеуште те сакам и секоја секунда копнеам по твојот допир и твоите бакнежи. Тоа го прават заљбените и оние кои сакаат. Ти не.Ти не ме сакаш веќе. Тоа е мојот заклучок. Ако грешам поправи ме, и кажи ми што ти се случува.Не сакам веќе вака,ова е измачување.Ти си многу ладен,и постојано замислен.Што е? Не знаеш како да ставиш крај? Те оставам уште некој период да се сетиш дека имаш женска покрај себе, а не пријателка. Неможам веќе.Те сакам, ама ова не води никаде.
Колку сакаш ќе се преправаме дека се е во ред,ама џабе е.Не сме ова ние..ни јас,ни ти.Што ни се случи..е,ти не знам дал си свесен дека секогаш цехот за твојата лудост ми го оставаш секогаш мене да го плаќам?Епа се уморив.Не сум веќе дете лудо по тебе,а не си ни ти и не ти личи да се понашаш вака,лигаво и неодговорно.Не би било фер сега да ти префрлам зошто сум се ставала во опасност ради тебе,ама ти знаеш дека беше така и дека не,не го заслужувам ова.А ти упорно се вадиш на некој периоди,моменти,фрки или шо знам јас..ама знаеш,после се себично е јас да сум во средина.Јас разбирам да не ти е денот,ама не може упорно да ме оставаш да чекам да ти помине.Чекај бе,немаш само ти фрки и проблеми.Имам и јас,па ај сеа цел свет да го ставам на чекање..нц,не иде мали. Веќе не знам ни дал ме боли ова или само ми е криво за се што имавме и планиравме.Многу е и стварно тежи.А не е еден месец или два,туку години.Се заборавам дур низ се што пројдовме.Ама не ми е исто бе.. Едино ме боли што знам како функционираш и како ќе се чувствуваш ако ти свртам грб.Не можам да прифатам да страдаш.. И можда заслужувме уште еден муабет и шанса..сега,настрана од сите.А можда ти пак ќе си ист..или можда нема.. Искрено,не ми се прави муабет.Не ми фалиш ти..не ми фали никој.Можеби утре..или некој друг ден ќе ми фалиш,ама мене промениве што следат ми се повозбудливи од тебе.. Не можам да ти ја префрлам цела вина тебе зошто двајца сме,ама ти ме натера вака.Нешто не оддели..се разминуваме со зрелост ваљда. Можда ќе се каеме,можда грешиме што убиваме сон...али,јас не можам вака,не не не !
Кога ја погледнав твојата прекрасна насмевка, допрев нежната рака, срцето засекогаш ми остана твое... Ќе бидам пламен кој никогаш не гасни... пламен кој гори на твојата љубов
Море мрш поќе, ќе ме бараш, ти не си чоек, ти си едно суштество кое не знај да цени и да сака. Очи мој да не те видат.