На друго место и во друго време, да. Вчера, денес, а и утре, за жал... шансите да опстоиме се еднакви на малку повеќе од нула.
Било што и да ти треба кажи ми зборови не избирај.Ова срце уште игра кога ќе чујам твој глас дишам пак. И никој нема да те знае,онака како те познавам јас.Знаеш каде да ме најдеш па тоа сум само јас. Те сакам до небото и назад!
ТЕ САКАМ БРЕ НЕ МЕ НЕРВИРАЈ Ама таква е љубовта нели? и кога ми оди да те трснам од земја,да те удрам,да те изгребам,да те изгризам,да те удрам во златната тројка со клоца....и тогаш те сакам повеќе од себе еееј. Срцко мое,не си ти крив Ја сум чурук девојче Знам дека се сакаме и кога највеќе се мразиме.
Многу ми се свиѓаш. Судбина ни било да се запознаеме далеку од Мк, а да имаме заеднички пријател.Јас ќе верувам во тоа, зошто така ми е поубаво, а и не е случајност, зошто се се случува со причина. Да не ми те грабне само некоја пазисе, јас само смеам да те грабнам разбра? Друга никоја. Неизвесно е за колку време ќе те видам, барем ќе бидеме поблиску.
од како почнавме да комуницираме , сакав да те запознаам,и ете завчера ти кажав дека да , прифакам да одиме на сокче-пак јас со Овен ама ти си веке Овен бр. 2-имам искуствоа и си со подзнак Стрелец, и си малку повозрасен и многу поискусен од оној претходниот, и ми изгледаш некако ок, поздравчиња и др. ситници-многу сум ти мила-ко самовила и се навредуваш за секој збор, а ако некој треба така да реагира тоа сум јас-бидејки ракот и криво да го погледнеш има да ти замери, па сега ти види ама од досегашново искуство убавецу, не мислам да се замарам со некои луге што не вредат-ке се запознаеме на едно кафе, ке поразговараме, ако не оди не оди, и секој на своја страна-за сега ми изгледаш внимателен, за понатаму ке видиме
Од една страна ми е мило што си многу пожртвуван, сакаш да помагаш на блиските, макар и на своја штета (особина која јас одамна ја избришав од мојот список, посебно за поголемиот дел од роднини кои не го заслужуваат тоа). Ти се восхитувам поради трпеливоста, смиреноста и широчината на твоето срце. Моето дефинитивно толкаво не е, брои и далеку помалку луѓе скриени во него, да не кажам дека си само ти. Од друга страна, таа добрина и пожртвуваност не сакам да ти се граничат со наивност и твое искористување, зашто тоа ми гази на нерв. Знам дека не си некој смотко, па да те прелажат како мало дете, ама имај на ум дека ако за момент ја свртиш главата на другата страна, јас сум тоа идиотчето со очи и на газот :geek: и гледам за тебе. Нема да дозволам никој да те искористува или повреди, тоа да биде јасно. Па нека ме мразат мене, што дека, и онака го прават тоа поголем дел од времето и без причина.
Мхмммммм или пак хммммммммммхмммммхмммммммм. Работава - сакам кажам, не знам речам. Не знам што би му кажала. Најискрено не знам. Немам поим! А така е бидејќи самата со себе не сум на чисто. Не знам ни што би си кажала јас. Кога ќе дознаам, ќе му соопштам. Конфузија......
на тој што го сакам во моментов би му кажала дека најмногу го сакам и дека никогаш не сум Чуствувала вака спрема никој друг а со него се неам ни мувано ни ништо само запознаено и седено неколку пати со друштво.. и дека поарно ке му биде со мене отколку да мува некои си лесни девојки може и ке ме разберете за какви девојки бидејки има некој што го сака со искрено срце и заслужува таква, ја не сум ни пак како тие девојки, не сум ни толку убава ама стварно не ми е јасно зашто таквите како мене не не сакаат, ова би му го кажала ама тоа е.. :\
Остави ме на мира...денес те мразам најмногу...си ме повредил со зборови како со нож да ме удри дирекно!
Небитно дали утре или задутре... ќе ми фалиш, а јас нема да можам да си поверувам во што сум се заплеткала...........
знаеш вечерва излегов но те немаше крај мене и сите ме прашуваа каде си?а јас што да одговорам?душата ме здоболе кога те спомнуваат а ти си во прегратките на друга.
Како некој камен од душа да ми падна кога те нареков глупак. Во тој момент не беше, ама се испразнив за некои ситуации од порано. Мирно ќе спијам вечер.