Кога би имала можност би му кажала дека премногу се приврзува за мене и дека не е во ред тоа што несака да си излегува со другарите !
И треба да му кажаш душоо, у најскоро време, оти така ке ги изгуба другарте, јас пратам некој работи mwah
Сакам цел ден да си мекнеам со тебе... Многу ќе ми фалиш, уште од сега. Но, нема да кенкам, ќе бидам силна. Знам дека ќе вреди. И ти благодарам што ми кажа дека си размислувал на тој чекор. Иако колебливо, сепак убаво е да се знае дека сакаш да го поминеш животот со мене. Ќе си бидеме двајца мускетари и после плус уште еден Те сакам гикче мое!
Мутафко -добро функционираме и вака разделени ти на север јас на југ, за потоа убаво да си се изгушкаме . И да не те можам кога си заспан ,нерасонет или како и да се вика .
Таа студена ноќ кога дождот паѓаше.. Се почна од тогаш, всушност од вчера. Зошто мораше да го направиш тоа? Од денес ништо нема да е исто, ништо. А јас бев решена никогаш повеќе да не те бакнам, да не те прегрнам, да не те погледнам. Зошто мораше да дојдеш пред мојата куќа и да изиграваш "романтичен" дечко? Знаеш дека бев решена да е крај, затоа што нема опроштај на тоа што ми го направи. Знаеше дека ќе паднам пак на твоите зборови и на твоите солзи.. знаеше.. Тоа што не го знаеш е дека душата ми плаче. Никогаш повеќе нема да те гледам со истите очи и нема да те љубам со истите усни. Никогаш повеќе нема да ти кажам те сакам, а навистина да го мислам тоа.. Никогаш повеќе..
Во моментите како овој, кога без причина плачам и насместо да ми го свртиш грбот, ти ме стиснуваш силно за да почувствувам дека не сум сама и ми ги бришеш солзите, сфаќам дека ништо повеќе не ми треба. Ако сакаш доаѓај немиен, небричен, искинат, прави граматички грешки, ќе ти смеам на лошиот англиски... Ама знаеш што? Сите тие се споредни работи. Битното е дека не ме оставиш сама за да не ја попримаш негативната енергија, не се двоумиш околу изборот, не размислуваш да ме напуштиш. Не ти е битно како другите сметаат дека нашата врска треба да функционира и како тие велат дека треба да се однесуваш со мене. Значајно е што ЈАС мислам. И се` почнува да ми причинува болка. Најмала караница со тебе, моментот кога си заминуваш и не знам кога ќе те видам пак, не јавувањето често... Кога ќе те повредам макар и ненамерно, почнувам да се грижам и за тебе. Сега, кога сето слободно време го одвојуваш за мене, а јас ти плачам, тоа ме убива. Не ми е таква замислата за нашата врска. Но тебе ништо не ти пречи. Сакам да те поштедам и да те избркам, да не патиш, да не ме трпиш, ама ти не сакаш да си одиш. Зашто не дозволуваш мојава состојба да допре до тебе. Се` ти е минливо и гледаш само на позитивно на се` она што не чека. И дали треба воопшто да бирам меѓу културен човек, со високи амбиции, дотеран, среден и човек кој е целосна спротивност на првиов, но во ниедна прилика не ме оставил сама? Со кој имам долго граден однос на потполна искреност и кој слободно да го прашам дали имал шанса да ме изневери, би ми признал? Кој можеби крие некои работи, кои можат да му го кренат егото, но не ги кажал за да не ме повредат, а ако ги прашам, би бил искрен? Кој не ме прави љубоморна, а да има и само 5 сек. во денот слободни, би ги одвоил за мене? Кој трпи да му викам, да се лутам за недоволно внимание, па да минува саати објаснувајќи колку сум важна и зошто не можел да се јави, да се види со мене и сл.? Кој ако треба да бира меѓу одмор на планина и море би го избрал првото, макар и да нема желба, само да ми удоволи? Кој трпи работи кажани од моите, а се однесуваат на нашиот однос и не дозволува да допрат до него? Кој ќе ме гледа лута скоро секој ден и пак наоѓа разбирање и ќе попушта и ќе направи се` за да ме развесели? Кој ќе ми дава да проверувам телефон, компјутер кога ме фаќаат луди напади на љубомора, наспроти да ми каже дека не треба да се мешам во негова приватност, а само за да бидам мирна? И уште ќе ме вика кога ќе оди на кафе со која било женска личност, само да не сомневам. Тоа ако не е љубов, онаа во романине за Ромео и Јулија, сигурно е. И ако мене навистина ми треба нешто повеќе од ова, да си го земам јажето за скокање, ама да го искористам за друга намена.
Ако остани таков и не се смени,чувај го! Не го испуштај.Мене ми изгледа на фер и човек што те сака. Кај мене,се ова се изгуби,затоа не оди повеќе... Не требаше да дојде до ова,дозволи да умри нашата љубов,си дозволи да ме отфрлиш и да не се грижиш за мене...А јас горев за да сум покрај тебе засекогаш... http://www.youtube.com/watch?v=oEZjmXvljT8
само немој да ми кажеш дека вечерва нема да се видиме оти многу ми недостигаш и сакам да те видам те сакам убавиноооооо
Ти кажав ли дека од многу планирање ништо нема да испадне? Дали ти кажав? Е друг пат, пак прави планови 10 дена унапред!
Оффф мило мое ми подари бескрајно најубави мигови исполнети со среќа,љубов,смеа.Две недели само за нас,две недели кои што не споиа повеќе и направија да размислуваме за нашата иднина подлабоко и уште повеќе. Ми недостигаш убиствено,си замина а во мене остави празнина која што некако не ми се пополнува.Ах мило мое те сакам најбескрајно ај побрзо да помини времето за пак да дојдиш.Мило ми е што те изненадив пред време за роденденот и шо ти го честитав прва. Ах ќе те изгрицкам цел
Знам дека те повредив со тоа што го кажав, но ти мене многу повеќе ме повреди. Знам дека не требаше синоќе да заспијам во твојата прегратка,но сакав да те почувствувам за последен пат. Вчера бев гневна, бев лута на тебе, бев разочарана од тебе, а денес сум од самата себе. Требаше синоќе да се збогувам со тебе без тие прегратки и бакнежи. Не требаше да дозволам да останеш кај мене, но не мислев дека сега ќе е потешко. Го направив тоа за да се сеќаваш на мене со убаво, а не да се сеќаваш на мене како ти велам да си одиш. Затоа те љубев синоќе, затоа те сакав. Затоа бев тажна кога станавме утрото, затоа што знаев дека ќе си одиш и јас ќе морам некако да ти кажам дека оваа е крајот.. Оваа ужасно боли, а уште повеќе болеа твоите солзи синоќа. Ме болеа твоите зборови дека нема да се откажеш од мене, дека ме сакаш. Не, не сакам да ме сакаш. Сакам да се тргнеш од мене. Сакам да ме оставиш да тагувам сама затоа што јас..ти..ние никогаш повеќе нема да сме истите. Да можев да те погледнам, се ќе беше поинаку.. http://www.youtube.com/watch?v=NkdfSR2vNIQ