Ти. Си одев сама, мирно, бавно, малку налутено. Ама се опуштив. Гледав луѓе-странци и заљубени птички; тоа бевме јас и ти. Лани. Пред 2 години особено. Мирисаше на лето и креми за сончање. Сите потемнети а јас сиренце. Си уживав. Гледав по излозите. Предходно поминавме тука, кај твоето место, со домашните, ама те немаше. Тогаш се уверив дека нема да те видам, како плус на фактот дека не ти ни кажав дека дојдов. Се немавме ни чуено недела и пол. Кого лажам - недела и пол? Недела, 3 дена и 7 часа. Па добро, од прилика де. Те немав видено помалку од година, ако не ги броиме тие 5 минути пред некоја недела. Ама ете, тогаш си врвев без да те барам. Седнав на ѕидчето и го свртев бројот од мама да ја прашам до кај се. И те видов. Прво очите, па тебе. А ти, ти ноншалантно зборуваше со некоја девојка, се смеевте. Не ја знаев. Се распарав. Дали да ти викнам? Дали да ти пријдам? Не знаев. Но ти беше побрз. Ме виде и за момент се здрви. Веднаш тргна кон мене. Јас си седев и те гледав како ми се приближуваш. Што да правам? Сега беше само метро подалеку, стоеше. На лицето ти се раширила најголемата насмевка. “Мариа,’’ рече смирено, па се насмеа. Ми го повтори името, овој пат пополнето со ентузијазам. Станав и те прегрнав како што секогаш правам. Мирисаше на зелени јаболка. Ти го знам шампонот. Ме стопли, цврсто и удобно. Не се сеќавам колку долго траеше, но си причинив бесконечно. Ми ја бакна косата и се повлече. “До кога си тука?’’ Ти беше првото прашање. “До десет,’’ и ликот малку ти се распадна. Погледна на рачниот часовник. “Епа, да побрзаме. Имаме 5 саати и 24 минути.’’ Таа насмевка твоја. Заради неа се занесов и ништо не реков. “Требат да ојш негде?’’ И јас се насмеав. “Почекај да се јава, па не ќе морат.’’ Се чувствував како бегалка. Не ми се смеј. Сегде бевме, ама на едно место. Така ми беше. Си ја скратил косата. Не многу, и самиот си рече. Тогаш баш небото ја завзеде бојата од твоите очи. “Црвена.’’ Е па, црвена сум. Ме гризна, ми рече јаболче сум била. “А, не ти се лутат тие гостите?’’ Кој гости? Ги заборавив нив. Си поминав доволно време со нив денес. Сигурно во тој момент беа некаде со моите родители во некој скап ресторан, и се полнеа со меса од сите врсти. Како и секогаш. Знаеш колку ме засмеа, тогаш ко бевме кај тебе во двор? “Мамо!’’ Како и звика! И таа беше како тебе. Побрза од сите. “Чекај да погодам, ова е таа твојата Мариа?’’ Па од кај ме знае? Слики? Ах, како ме исполни, толку неочекувано. Зарем на твоите им кажуваше за мене? Заборавив да те прашам која беше таа девојката од пред тоа. Но ако. Ќе те видам утре. Вети ќе дојдеш! Немој да мислиш дека ќе спијам вечерва... Уште од сега пеперутки в пети и нагоре имам. Ама подобро за двајцата е да се наспијам, ќе ни треба енергија. И знаеш што? Те сакам. Од секогаш за секогаш.
И твоето кафе со сол ми беше убаво бе Го испив целото Те сакам и кога наопаку ќе ја облечеш маицата,и кога ќе се замачкаш со сладолед како некое прасенце,те сакам и кога со сааати сликаш и целиот си замачкан со разни бои. Те сакам кога ќе се насмееш и очите ќе ти засветат,кога одејќи ќе ме фатиш за рака,кога ме трпиш во библиотека зошто се задржувам со саати,кога со саати дискутираш за книги со мене,кога и двајцата си даваме стимул за некоја наша одлука. Сите работи и тие совршени и тие несовршени те прават она што си. Не сакам да се менуваш,сакам секогаш да останеш ваков ко што си,и да се смееш како денес. Совршен си за мене и те љубам секој ден повеќе и повеќе. Тоа е единствената вистина.
Неможам да те мразам, ама има доста причини за тоа. Добро, за што одиш со мене?? Се друго ти е поважно од мене. И си ме сакал. Како не. По се што правам за тебе, ти вака ми враќаш. Зарем не ти недостасувам, зарем не сакаш да ме видиш? Уште колку непреспиени ноќи поради тебе? Па сега и не ми се јавуваш. Веќе ни јас не те барам. Ќе ми биде тешко и ќе се надевам дека ќе ти текне да ми се јавиш, да ми испратиш некоја порака како некогаш. Да ми посветиш некоја песна како ти што знаеш. А може и некоја друга да ме замени така?
Оф да си ми сега при рака има да те фатам и да те фрлам низ тараса од 5 спрат, па ако незнаеш да леташ, има да научиш Стока си знаеш!
КРАЈ Е, КРАЈ! Овојпат засекогаш. Имаше право ,ти мене не ме заслужуваш. И веќе нема да паднам на твоите зборови. Немам коментар, како само можеше, со кого тоа јас одев 7 месеци.
Ми недостигаш. Сакам да те видам, да поминеш покрај мене да го почувствувам твојот мирис. Не мора да застанеш со мене, не мора да ме погледнеш, само да те почувствувам.. Само тоа сакам. Ништо нема да биде доволно за да те мразам, за да ја заборавам твојата насмевка, да ги заборавам тие очи, да ја заборавам нашата љубов. Не, ништо нема да биде доволно да те одсакам, да те преболам.. Што и да направиш, колку и да ме повредиш никогаш нема да те заборавам. Не сакам да те заборавам. Сакам да се сеќавам како ме љубеше и сакам да мислам дека ме сакаш. Не сакам да има друга во твојот живот, не сакам да си среќен без мене, не сакам!
Ми фалеше твоето присуство вечерва. Само сакав да си тука, макар и да не зборуваме воопшто. Срамежливо да гледам како се движиш, како зборуваш со другите, како пиеш и како ти се провлекува една тајна насмевка на лицето кога ненадејно би ни се сретнале погледите. Само тоа, ништо повеќе. Потајно се надевав на се‘ ова, зашто ми фалиш самиот ти околу мене. Да знам дека си тука и доволно е. Плус, домашна журка. Совршено. Ама кога прочитав дека нема да си тука, срцево се распара. Таман го зашив малце - сега и тоа е џабе. Изгледа не сум имала среќа овој пат. И .. you won’t ever know, you won’t ever see, how much your ghost since then has been defining me ..
Не си тука кога најмногу ми требаш. Да ги стиснам ноктите во твојот грб пикната во тебе и да липам неутешно... а ти галејќи ме да се обидуваш да ме утешиш неуморно. Ми недостигаш, а тоа е дополнителна болка врз оваа... ајде утре ...
да знаеш како секоја вечер те чекам да ме побараш. и после се што се случи јас се надевам дека ќе ме побарш.да знаеш тоа не е моја вина како ти што тврдеше.не сум јас виновна за се што се случи.и имаш право така е најдобро но ајде докажи му го тоа на срцето.ќе те послуша?секако дека не.тоа и понатаму ќе се надева.само не сакам да останам заглавена во минатото,да живеам само од спомените.не сакам да бидам огорчрна ниту да плаќам за туѓи грешки.сакам само да си продолжам напред како никогаш да не си ни бил дел од мојот живот,само не знам колку е можно тоа за сега.само би сакала да знаеш дека и јас сум човек,и јас имам чувства и многу ме повредија твоите зборови.се знае што ќе биде со нас само уште не можам да се помирам.
жал ми е што 4год се уништија така лесно заради твојте глупости и да знаеш каде и да си секогаш ќе бидеш дел од мене можеби еден ден ќе бидеме далеку јас со друг ти со друга но и понатаму ти ќе бидеш во мојте сеќавања зошто оваа врска не се заборава лесно
Исто колку што и ти никогаш нема да ја разбереш мојата љубов кон тебе, толку и јас нема да ја разберам истата. Комплицирано е.
Не очекував дека толку добро си поминал. И знам дека нема да признаеш. Ама една слика заменува илјада зборови, така да знаеш. А ќе очекувам уште некоја. Затоа што знам дека има, чувствувам. Ништо не останало скриено злато мое. Ама ако, ќе дојдат и моите пет минути, ама тогаш ќе запре времето, ветувам!
http://www.youtube.com/watch?v=70VxcPrF--o Ама ако.. кога се работи за тебе, ама ако, не е проблем за тебе, можда не сум во право - ама ако.. Се за тебе љубов..
Ти си еден промашен сперматозоид, промашена инвестиција на мајка ти и татко ти .. Како бре татко ти не те издркал на некој камен .. Ќе те лежам. Ќе те лежам у затвор мајка Јана нека е. Ми се иде да те заколам само затоа што знам дека после тоа нема да шеташ по дуњава и да имаш шанса да повредиш и да унаказиш уште една девојка како што ми направи мене. Ок, доста со епитетите. Време е јас сега тебе нешто да ти кажам, воедно и за последно. Се она што не сум ти го кажала, што нема ни повеќе да ти го кажам, да го кажам и у пичку матер веќе. Тука не сакам веќе да се враќам. Не мислев. Пред две години не мислев дека ќе стигнам до тука со тебе. Пред две години не те ни забележував. Постоеше и беше како што многу други мажи постоеа и беа и уште постојат и уште се во мојот живот - безгласни. Пред две години ти беше оној за кој велев да го излапам него таму и ајт со здравје. Ох, како сум се заебала, кусо да сум за тие мои зборови. Како успеа да ми влезиш под кожа, алал нека ти е. Нема да има друг таков. Нема, затоа што јас нема да дозволам. Затоа што сега знам да препознаам такво влегување под кожа. Сега јас го практикувам тоа влегување под кожа. Две Б. Бавно и Болно. Толку бавно, а толку болно, нешто како дрога. Не се може, ама те уништува се повеќе со секој нареден пат. Како успеа да ме шокираш кога почна со неа, и за тоа нека ти е алал. Секогаш си ги имал кецовите во ракав. Во ниту еден момент не остави ништо на спонтаноста. Се ти беше толку многу добро испланирано, што дури беше и премногу добро како тоа се ти излезе по планот. Какво куче си, кога не успеа да ме добиеш на твојот начин, почна да играш на карта нека ме изгуби, сама ќе си легне на брашното и ти успеа. Куче едно кучешко. Ти успеа. Тоа ми беше како шлаканица. Можам да го изгубам единствениот маж кој се појавил во мојот живот со кој уствари толку многу имаме заедничко, за толку многу имаме што да правиме муабет, што дури беше и морничава цела ситуација. Колку тоа многу ние двајца бевме сродни души. И тоа што беше со неа уопште не ни сметаше. Напротив, и двајцата си свативме што губиме ако се изгубиме меѓу себеси. И во тој период НИЕ и НАШЕТО ни значеше многу. Затоа и се држевме ко слепи за стап за него и него пуштавме. И вложувавме во тоа ние како да ни е последно. И секој пат тоа ние беше се посилно, беше се подлабоко .. И после беше и таа вечер. Која беше ама баш иста како оваа пред точно еден месец. Само што сега играеше на карта ми недостигаш, те немам видено сто години, дојди само да те гушнам, како може ти да заглавиш со ваков клошар како мене, ти можиш да го имаш секој еден зошто баш со мене ( и се од муабетиве е точно ) и пак поен. И пак победи. И тука некаде беше болката. Не море, сега оваа е каде каде повеќе болна. Првиот пат, кога ми ги кажа тие збора, дека си сватил дека ја сакаш неа повеќе, да, срцето ми отиде курбан, али јас имав факултет за завршување. Еден семестар ме заеба у животот, уште еден си реков - нема. Е тогаш си ја видов јас силата. Кога сето ова ми се деси на недела пред колоквиумска. Тогаш се видов јас дека кога сум решена за нешто, нема такво нешто на овој свет што би ме спречило да си го остварам, па макар и еден Иван. И те заборавив. И оваа година одлично поминавме. Јас конечно го прифатив фактот дека ја одбра неа, а не мене. И поминавме одлично. Но ти мораше да се посереш врз сето тоа. Мораше да ми го уништиш и ова лето. Гомно едно скапано. Толку многу ме повреди, што цел живот ми е малку за да се опоравам. И не. Нема ни еден маж после тебе да плаќа за ова. Охоохоо, не не, нема една работа што еден маж би можел сега да ми ја направи, а таа да допре до мене,а уште помалку да ме повреди. Ти ме уништи за цел машки род. И како што кажа еднаш Нумерија - толку да сакам и вака да ми биде вратено .. Доста беше. Иди у пичку матер и ти и семето твое. Фацата не сакам да ти ја видам. Јас не бев родена за еден гомнар како тебе да ме унакази у животот. Но веќе кога се деси тоа, јас ќе бидам таа која ќе се извлече жива. Јас овие гомна не ги трпам повеќе заради тебе. Мислев дека ќе се вратиш по мене. Сега гледам дека тебе патката не те боле за мене. И не знам како ќе продолжам понатаму, кога секој ден плачам по сто пати на ден, не им давам на луѓето пристап до мене, се убивам во балади, патетики и кафиња, ми недостигаш до n кога n тежи кон бесконечност, се ме потсеќа во овој посран град на тебе, почнав и во смеата на другите луѓе да те препознавам веќе, по десет пати на ден си го вртам мојот пост кој го пишав на 14 јули и уште сто пати ќе се прашам каде згрешив, зошто мојата љубов никогаш не ти беше доволна, зошто си исплашен од помислата да си со мене, зошто потроши две години од твојот живот со таа гуска кога имаше милион други начини да ме казниш, зошто не ме побараш да го решиме овој Бермудски триаголник еднаш засекогаш, но ќе продолжам. Не знам како дојдов на ова дереџе животецот ми да ми се врти околу еден маж, но јас за овој живот не сум родена. Ништо најубаво не ти посакувам. Се надевам дека ќе умреш сам, па дури ни мачки да немаш до тебе. И не ми се јавувај кога ќе останиш сам. Кога ќе нема кој да те разбере. Кога ќе ти се плаче, а нема да има рамо на кое да се потприш. Кога ќе сакаш да си ја нахраниш таа посрана твоја душа, а јас нема да сум таму за тебе. Запомни дека ти така сакаше. Ти така одбра уште многу одамна, кога ги премина сите граници, само што јас толку многу те сакав, што не знаев кај тебе за граници. Сега знам. И сега тие граници се ставени. Марш од тука.
Знаеш, јас никогаш не би сакала да те ословам како „мојот бивш дечко“. Ниту пак ти мене. Сакам да сме засекогаш ние - ние и нашето што тек следува. Мислам дека толку многу работи нѐ спојувале низ годините што поминале, а само прашање на време било кога ќе си станеме она што сме си денеска. Петката е блиску, договорот е направен. Јас типувам на уште многу петки и знам дека нема да ми изневериш друштво во плановите кои си ги правиме постојано. Било за блиска или далечна иднина. Те сакам тука, до мене, засекогаш - па, ти си мојот човек, as you know.
Слушнав дека си се верил, со среќа нека ти е, навистина се надевам дека конечно си ја пронашол среќата, дека конечно си сватил што е вистинска љубов, дека конечно сакаш како што јас те сакам тебе, веста за твојата веридба е докрајчи, сакав да плачам, ама не можев, немам веќе солзи, ти и тоа ми го одзеде, само седев немо и гледав таму некаде посакувајќи сето ова да е лош сон. Се надевам дека барем ти ќе бидеш среќен.