1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.733
    Ти всушност си многу,многу несигурен во себе.Затоа и го правиш ова. Бараш некаква утеха, разбирање. Од мене можеш да го добиеш тоа,само пристапот ти е тотално погрешен. Некои работи во врска со тебе почнаа да ми стануваат кристално јасни.Официјално признавам дека успеав да ти направам повеќе од добра психоанализа. :wasntme:
     
  2. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Ќе ги премижам сите тие сомнежи,анализи,сеќавања на шо се ми кажа. И ќе се вратам. Колку повеќе мислам,толку повеќе сум збунета. Крај на мислењето. Ќе ризикувам и ќе дојдам. За да знам,за да видам дали сите тие сомнежи држат место или се само некое типично женско побудалување. За да еден ден,не ми биде мака шо не сум ризикувала а сум се скрила,плашејќи се дека ќе бидам повредена.
     
    На Lunaria и julie77 им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    навистина не очекував да ми се јавиш, ме изненади многу пријатно :$
    а и убав ти е гласот-некако многу е некако привлечен
    и јас едвај чекам да те запознаам, па дали ке биде сокче, вечера или нешто трето не е толку важно :)
    а тоа дека сум прекрасна-па убавецу рак сум јас-ако ракот не цени такви знаци на внимание, јас незнам кој цени, и се надевам дека утре вечер КОНЕЧНО ке те запознаам :*

    а ти бе колега, кој ти е крив што си го пратил како оглас истиот стан како и јас па сега јас сум ти ја уништила зделката, што не ме праша прво мене :^) леле ама си лутко е, ама сепак јас сум човечна јас, а и ти кога ме виде како чекам автобус јас замислена, ми мафна со папката за да се свртам да те видам :lol:
    и патем си ми срекичка-после 30 минути чекање на автобус, се појави ти, и дојде автобусот :D
    знам дека твојата партнерка ти се допага, а ти си онака симпатичен, ама не си баш мој тип, како што кажав вчера дека не ми се допагаш веке, има некој друг кој е многу попривлечен-од сега ти си само колега, ама не доагај со мене во конфликт, те предупредив на најфин и најкултурен начин :)
     
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е,навистина...
    Од моите усни само што не излегол зборот КРАЈ...
    Незнам повеќе како да го решам нашиот проблем кој веќе трае предолго...
    Премногу почна да ме гушиш,со твојата љубомора,со секојдневното гледање и префрлање за се и сешто...
    Но како?Како еднаш засекогаш да прецртам и да не погледнам назад...
    Еднаш ја имав таа храброст и се гордеев самата со себе,но сега ја нема...
    Успеа повторно да ме погазиш...
    Но јас ќе застанам на нозе цврсто повторно,тебе не ти се предавам,нема да дозволам да ме уништиш повторно.
    Сега јас сум на ред за да те погазам а не ти мене пак и пак...
     
  5. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Што да кажам освен...проклето многу ми недостасуваш.Секој нареден ден се молам да е последен од оваа разделба (пауза,не знам како да ја наречам оти навистина нема дефиниција),и тешко е,ние и претходно сме имале несогласувања,но никогаш не поминал ден а да не се слушнеме и брзо минело се`.Се молам да го сфатиш она што силно го посакувам-дека не можеме еден без друг,и да ја зачуваме нашата љубов онаква каква што беше на почетокот-безусловна. На крајот на денот...ти си оној кој ми недостасува покрај мене. Секаде го наоѓам твојот мирис,ех,пуста психа.
    Ако треба малку да се помачам за подобро утре,нека,и требаше ова да ни се случи можеби и порано. Но...исчекувањево ме убива. Те сакам...така едноставно, невино.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    6.771
    Е ѓубре си. Ама стварно. И од сега ќе биде како ти со мене до сега, така и јас со тебе во иднина. Наивна сум да, во природа ми е јебига ама во овој случај претерав. Се ти дадов, и душава и телово и иако знам дека не чувствуваш ништо за мене, не сме во врска пак сакам да го направам тоа со тебе, пак неизмерно те сакам. Океј, можеби донекаде ова е и моја грешка, што си допуштив да се ослободам толку со тебе и да не сфатам мене и тебе сериозно кога не е така, и што допуштив да ми правиш вака.
    И во право е другарка ми, ја имаш таа чудна способност некого да убедиш да каже, да направи нешто, да го убедиш да верува во нешто, како да го правиш мутав, а себе да се правиш жртва и накрај пак ти испаѓаш добриот и невиниот. Јас и таа сме си правеле филмчиња? Абе ајде. Немој бре да ме лажеш во очи и да ми трепкаш со очињата како ти тоа со неа си се смувал само еднаш, кога сигурно биле 3-4 пати и со неа излегуваш скоро секој божји ден. Немој бре Стефане.
    И имам приметено дека кај тебе важи оној принцип кога некој трча по тебе како да го игнорираш, јас секогаш се трудам, искажувам чувства иако ти не ми веруваш, секогаш прва пишувам, доаѓам кај тебе иако ти никогаш не си дошол кај мене, никогаш не сме излегле надвор асално бре да се прошетаме... И ништо. А еден ден да те заебам, да не ти пишувам и да не ти се јавувам обавезно вечер ќе ми пишеш еј кај си, што си, па после ти си жртвата, тажен и отфрлен од сите. Ау.

    Преска па што, не можеше еднаш да ме гушнеш, да ме фатиш за рака? Или тоа само во четири ѕида кога сме сами, уствари не, братучед ти е кај тебе дома, а ние пред него ќе се драпаме ко луди, е нема бе така, неќам. А преска ко да не ме знаеш, другарка ми ја изгушка, ај бе, се заебаваше со мене, ме креваше, ме буткаше, се испотепавме.. добро. Зезанција е, еднаш, два пати, три пати.. ама сто пати бе?! Не ми е воопшто гајле што преска си отидов и не те ни гушнав и не ми е гајле што се ставив сега married со некој друг на фејсбук. Не е ова инат, не е ова детско однесување, воопшто. Јас заради тебе се променив, донекаде можеби станав и подобра личност, не бев таква која ги отфрла другарките заради дечко, не се занесував веќе и не правев глупости, гледав да не се замарам толку и да драматизирам.. ама сфатив дека ПРЕМНОГУ ти попуштам околу СЕ.

    Искрено, како да не го заслужуваш тоа. Барем не повеќе. И иако бев за влакно блиску да го направам тој чекор, среќна сум што не се случи тоа. Сеуште посакувам да го направам тоа со тебе, ама криво ми е бе ова што се случува. Дали така и правеше на неа, дали неа не сакаше да ја држиш за рака во јавност? Не е дека се знаеме од вчера па да ти е срам, да не сакаш да го направиш тоа и ау, други срања. Незнам Стефан. Дури размислувам сега да те оставам, барем да направам една пауза, да размислам.. и баш ме интересира дали ќе ме побараш. А ако не ме побараш, претпоставувам колку сум ти значела. А ако пак ме побараш, јас знам дека пак одма ќе ти дотрчам во раце, ама тоа е. Ме интересира како ќе изреагираш за браков на фејсбук, и тогаш одма ќе ти лупнам се во фаца за неа, и за твоето мување со неа демек на ВИП, за сликите на кои таа те драпа за газ и ти седи во скут па да видам тогаш ај пак кажи ми дека си правам филмчиња и ќе те лежам жими се!

    Доволно е Стефан. Доволно игнорирав, доволно попуштав, доволно прогледував низ прсти и доволно време бев наивна. Време е да свртам нов лист.. и можеби ти веќе нема да бидеш на него. Ќе ми биде жал, ама си заслужи.

    Ах и да..


    http://www.youtube.com/watch?v=TOrnUquxtwA ;)
     
    На Squirrel и L-enna им се допаѓа ова.
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Aма која сакаш серија - таа ќе ти ја спуштам, ако треба и неограничениов интернет за тебе ограничен ќе го напраам, само да не бидеш вака тажен и депресивен. Mаче си бе мое, ама право маче. :)

    Aма и ѓубре си. :D
    Cега ми се жалиш и туфкаш, како комшиите погоре со неограничениот интернет и open wi-fi network ти го ускратиле животот овааај интернетот. Mоре биди среќен и со овие веќе година дена што ги прошлепа така, си симињаше и играше што ти курца пожели. :D

    Jа ти викам, да ги замолиш куртурно луѓето да ти го кажат барем пасвордот, ти скромен се праиш.

    Hајинтересно ми е кога си немоќен, а јас ти го удоволувам и тоа мало задоволство кое те прави бескрајно среќен. Mа те сакам колку што во моментов си очаен по интернет. 3нам колку е тоа, зато ти кажем! :D

    :*
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Знаеш,не очекував од тебе нешто,па сега да можам да речам од нас.Се зафркавав,ми беше симпатичен и искрено,не мислев дека можеш да ми парираш,па ти возвратив.Не во смисла на потценување,али не може секој покрај секого да стои.
    И токму кога тој се изгуби..ти ме фати на емоции.Ме улови ранлива и несигурна.Кога него го немаше,ти ми покажа дека умееш со мене.Ми се пикна под кожа,знаеш зошто?
    Зошто ми дозволи да не глумам..туку да бидам јас.Зошто знаеш да ме прекинеш кога ти вртам глупи муабети и си искрен.Затоа што имаш трпение кога не ми е денот,ме слушаш и кога ти се дерам,кога ти спуштам телефон и кога те одбивам со најглуп изговор,но ги знаеш границите и не ми ги оставаш сите конци мене.Ме освои зошто си свесен дека вредиш и ми покажа до кај можам да се курчам,макар јас се курчам до кај шо сакам.
    Знаеш колку ми си сладок кога се опушташ и ми зборуваш за себе...кога си слободен пред разликите што не делат?
    Ама јас не можам да те љубам,нас не делат многу работи.Јас го љубам него,носам многу лузни во мене..и сум камен.Може месец,два да се топам пред тебе..ама ќе ми здосади.Не драматизирам,туку мене ме има само еден човек.Нема да ти одговарам,зошто ќе те повредувам..ти ќе се залеташ уште повеќе,а јас ко мало дете секогаш ќе му се враќам нему.Ко Леси што се враќа дома.
    Ние не припаѓаме на исто драги,знаеш.Може да се криеме,да бегаме,да ни е слатко..ама пак,на месец или два.Вреди да си правиме рани за нешто што сигурно е невозможно ?
    Не,не не не не не и не!
    А пусто,не можам да те пуштам..ко го рошкам телефонов,па чекам да ми се јавиш..и кога те нема ко посрано дете сум.Како бе ко се јадам дека ќе ми свртиш грб и ќе ми фалиш? Се плашам дека ќе ме замениш со некоја што ќе се топи пред тебе,ко секоја нормална?Згора на се и убав и згоден си.
    Нејќам да те изгубам,ама..не ме оставај јас да ти свртам грб,зошто не можам.Педерче сум..
    Само почекај уште малку..нека потрае.Дозволи :) И јави ми се,да те чујам :*
     
  9. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.009

    Секоја чест за напишаново, симнувам капа!!! Уште наместо Иван јас ќе напишам Горан.
    3 години да учам со тебе, ништо да не чувствувам кон тебе за на крај од 4 година почнеш да ми се доближуваш, ех да имав тогаш грам памет ќе те отерав на едно место и немаше сега вака да се чувствувам. И посебно ти го посветувам последниот пасус од мислењето на mysterious!!!
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Едвај чекам да дојде утре :wasntme: :wasntme:
     
  11. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ти се јавам и да ти речам среќен пат-ама не можам. Барем да можев да ти напишам порака-не можам ни тоа. Бесцелен ќе биде секој единствен збор проговорен меѓу нас двајца. И додека јас седам тажна, а во глава триста прашалници, најасни работи, недокажани зборови, додека јас минувам низ тешки бессони ноќи, размислувајќи за се она што се случи-ти ми рече збогум и си продолжи понатаму.
    Сепак, нешто ми вели дека ова не е дефинитивно збогум, нешто ми вели дека јас и ти повторно ќе се видиме,не е битно кога, не е битно каде, битно е дека ќе се видиме, пак се седиме на клупа, ќе јадиме пуканки и ќе ги оговараме луѓето. Или тие нас ќе не оговараат. Малите дечиња ќе трчаат накај нас и ќе им велат на мајките: мамо, мамо, види ги оние двајца колку се заљубени!..........
    Подобро да престанам да се залажувам, ти си одиш и се надевам дека кога наредниот пат ќе дојдиш овде, јас ќе бидам далеку. Се надевам дека со поглед ќе ме бараш низ цела Битола и ќе се прашуваш каде сум...А ако случајно ме сретнеш, се надевам дека ќе истрчаш кон мене извикувајќи ми го името. И да даде господ никогаш да не ме заборавиш! Да даде господ да патиш секој ден, да ме сонуваш секоја ноќ, да даде господ никогаш да не си простиш себеси што си дозволи да изгубиш некоја како мене-убава, силна и паметна. Всушност, јас не знаев дека сум таква-Ти ми го кажа тоа! Ете тоа не било лага. Да даде господ колку што патам јас сега деновиве, ти толку да патиш и по 10 години. И да даде господ никогаш да не најдеш девојка ни 1/10 добра колку мене! Впрочем, нема ни да најдеш таква личност "на твојата страна од светот". Свет полн со холивудски ѕвезди, милионски градови, огромни градби...свет за кој ние "провинцијалците" секогаш воздивнуваме кога го гледаме на телевизија и си помислуваме еххх да живеев таму, а не во оваа Македонија.....За жал, живееш во свет во кој луѓето ги загубиле основните морални вредности и принципи на живеење. Свет на изопачени монструми кои заборавиле што е ЉУБОВ. Се надевам дека некогаш ќе имам прилика да ја посетам твојата страна од светот,и како на филмско платно ми продефилира сцена од мене, успешна, убава и популарна, на твојата страна од светот, појавувајќи се на телевизиски екран...Ти ме гледаш и воздивнуваш...и тогаш ќе си речеш: ехххх, а можев да ја имам...............
    Тогаш ќе сфатиш што изгуби.
    А до тогаш, Збогум.
     
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.588
    Помина пола година, ќе помине и цела, а јас неможам повеќе да дишам. Неможам да го вдишувам воздухот кој ме пече длабоко во себе.
    Неможам повеќе да се поднесам самата себе како постепено пропаѓам поради тебе.
    Сакам само да се разбудам и ти да бидеш покрај мене. Да те прегрнам силно, силно, и да не те пуштам.
    Сеуште моите раце ја чувствуваат твојата кожа, сеуште те гледам пред мене, и моите бакнежи сеуште не бакуваат никого чекајќи те тебе.

    Незнам повеќе како да ја издржам тишината која ме убива.
    Несакам ни да продолжам понатаму со спомените од тебе кои ме убиваат. Иако сето ова го чувствувам за тебе, сакам да ставам крај. Да заборавам. Да ТЕ заборавам.

    Повеќе не сум ни половина од она што бев кога бев со тебе.
    Како се да продолжи во вода.
    Но јас иако не те гледам, и не сум со тебе ја чувствувам онаа љубов како и првиот ден кога те засакав. Кога бев заслепена дека оваа љубов нема да боли.
    Но болеше.
    Многу.

    Јас те барам секаде. Јас сеуште те барам во други. Те споредувам тебе со други. И незнам кога и дали некогаш ќе заборавам она што бевме. Дали некогаш ова ќе остане само спомен на кого ќе се сеќавам, или ќе боли како и првиот ден кога ме заболе.

    Барав време. Многу време. Ме тешеа дека времето лечи се. Но јас се залажав. Тоа само минува бавно пред мене. И мојата душа се залажа да продолжи да живее така.

    Признавам дека по толкав период сеуште сум заљубена, и никогаш не сакав да те изгубам.
    Те сакам, иако сум далеку од тебе.

    Морав да напишам некаде затоа што душата ќе ми пукне.
    Сакам овие чувства да избледат, и некој да ми го земе вниманието на друга страна, затоа што овие чувства ми ја трујат душата одвнатре.
     
    На Strumfeta93, La.Reina.Del.Sur, ljubam и 10 други им се допаѓа ова.
  13. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Ако не те сакам...зошто боли вака? :)

    цитатот на мојот љубовен живот моментално...
    Те мразам и те сакам во исто време
    Сакам да ти кажам збогум а неможам без тебе
    е не за џабе кажале дека љубовта е чудна ;)
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ахх колку само те сакам никогаш не сакам да те испуштам од раце НИКОГАШ! :*
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Ти, ти, ти и само ти, засекогаш ти !
    Никој ни приближно не е на пиедесталот, но одблиску, ниту пак ќе биде.
    Светот може да се сврти и наопаку и секакви гадости нека се случуваат, се додека си ти тука покрај мене, немам страв од ништо.
    Ти ме чуваш, ме храниш со рој убави зборови и постапки, никогаш ништо не забораваш, ти верувам и припаѓам целосно.
    Сакам да остарам покрај тебе, да заспивам и да се будам секој ден до крајот на мојот живот додека дишам покрај тебе.
    Кога слушнав случајно дека ти се испушти како детенцето наше ќе биде целото метнато на мене - кенкаво, напорно и разгалено, срцето ми се стопи :$
    Љубов... и конечно ја имам, ја добив, ја посакував, ја преколнував, ја плачев, ја мразев, ја повикував и после толку долго ми се смилости да ја допрам и имам... не сакам никогаш да ми се лизне низ прстите.
    Ти благодарам за тоа што си ТИ, и за тоа што сум ЈАС.
     
    На Neytiri, Strumfeta93, La.Reina.Del.Sur и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ќе си пукнам од желба да те видам! :tmi:

    Живеам за тој момент, да ти истрчам в прегратки и да се гушкаме цеееел ден.
    Да си спиеме така гушнати.




    Демек легнав да спијам, ама како? Како кога ми фалиш?
    ... Никако!


    Пу бе, пу! Живот е*ан!
    Пак со солзи ќе заспијам.



    А! :l:
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Мислев дека откако ќе се смириме ќе биде сè подобро и дека нема да се измачувам, но всушност јас сè повеќе и повеќе патам. Се измачувам и се проколнувам за сите грешни постапки, сите мои грешни постапки, сите твои грешни постапки, за тоа што не си дадовме шанса да покажеме кои сме и што сме.

    Го проколнувам сето тоа што некогаш сме го имале, сето тоа што можевме да го имаме, но го прокоцкавме. Те проколнувам тебе што воопшто се појави во мојот живот и имаше намера да останеш, но не ми го покажа тоа. Зошто? Зошто не ми ги кажа своите намери? Сега сè, буквално сè ќе беше поразлично. И не можам да престанам да размислувам на тоа што би можеле сега јас и ти да бидеме да не беше минатото.

    Оди си. Не сакам повеќе да се трудам залудно. Кажи ми дека не ме сакаш во твојот живот, кажи ми дека не сакаш повеќе да ме гледаш, ниту да ме слушаш. Кажи ми дека веќе не сакаш да имаш никаков контакт со мене. Кажи ми дека сум те повредила и дека оддамна си заборавил на сè. Кажи ми дека не ти е гајле за мене и дека ич не те боли тоа што ме повредуваш, дека не ти е гајле за ништо што е поврзано со мене. Кажи ми да си заминам, кажи ми да се откажам. Кажи ми ги сите лоши зборови на кои можеш да помислиш без разлика дали ме опишуваат или не. Докрајчи ме. Направи го тоа и олесни ми ја работата. Натерај ме да се откажам и да престанам да мислам на тебе копиле едно. Те молам. Те молам, не сакам повеќе да ме влечеш кон дното со тебе.

    Те проколнувам уште еднаш да ме повредиш. Би требало тогаш да се освестам и да престанам да одам со глава во ѕид. ;(
     
    На Nymeria, fallenangel, Ammy.Lee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Ми се бендисваш бе, а осеќам дека тие погледи не се за џабе :wasntme:
    Срцка ми си :*
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    Ех златен... од ден на ден сфаќам дека јас сум таа што ги прави сите кавги, ама нема да попуштам, нека бидам кучка до крај!
    Или ќе биде по мое, или никако! :!: