што се смееш бе малоумен колега ти на мене ми рече дали имаш рак на очи, а јас ти мавнав еден силен бокс јас ти се извинувам, а ти се смееш ШТО ТИ Е СМЕШНО? јас чуствував грижа на совест-солзи ми беа полни очите а ти се кезиш ко последна будала на светов-заслужуваш уште еден а ти мачо мен, имаш мускули, и вишок хормони, а со мене богами не можеш те осетив јас вчера-само се издаде со увото кога ме бакна, и уште денес ми пиша дека сакаш да бидеш со мене-сакаш ама НЕМА и ако навистина сакаш да потрае ова, има да се ВОЗДРЖИШ , или нема веке да ме видиш -Овенот е таков, прво телесно а после срцето, е богами јас сум обратно, па ке видиме кој ке победи
Те сакам бре! Иако знаеш дека мрзам кога каснеш, го правиш тоа. Океј простено, втор пат ти беше... Те сакам и кога се смееш како зелен и кога ме боцка твојата брада, и кога само ме гледаш и ми зборува твојот поглед. Те сакам и ваков и онаков и секаков. И лут. И разгален. И раскезен и разбушавен. Фала ти за лазањите, ама не си фер што не ми го кажуваш рецептот
Дечкото си бил сигурен дека ние нема да раскинеме.Сигурен бил во себе,а јас не сум можела тоа да го направам. За твое изненадување сум подготвена од кога и да било,особено сега кога ти стана толку сигурен па ме искушуваш.
Не е лесно да те заборавам уште се сеќавам на тебе! Гледајќи те така натажен мислев дека само насмевката ќе ти помогне. Барем еднаш да те видам да се насмееш или пак ти воопшто ти не си бил тажен само изморен. Те молам барем еднаш сети се и ти на мене и на тие насмевки што ги делевме и за таа чачкалица и за секое наше видување. Сакам да сме близу еден до друг и сакам да те видам пак. За мене ти беше, си и ќе останеш СОВРШЕН!
Пијана сум ко дроб, али нема да ти пишам тебе, туку ќе ги масакрирам и понатаму сите тука.. Ми фалиш Иване, како воздух ми фалиш. Како здравјето на болен човек. Ете толку.
Извади си го тоа од глава дека ти ќе ме учиш во Недела да правам палачинки незнам а и не сакам да научам да правам мразам палачинки, знаеш дека не јадам и не сакам да ги има во моја близина ако толку сакаш, имаш тава, зејтин и прави си што сакаш ама без мене
Дозволи ми да те видам кога светла ќе изгаснат Дозволи ми да те чувам кога сите ќе исчезнат Дозволи ми да сум крај на твојава претстава ...и барем ти кога спиеш до тебе да долетам.
Прости ми. Те молам прости ми за сето тоа што ти го имам направено позади грб, прости ми за сите работи за кои не сум доволно храбра да ти ги признаам, да ти ги кажам во очи. Прости ми што сум толкава кучка. Прости ми што не знам да си ги смирам страстите и што морам да кријам такви значајни работи од тебе. И после си ја мавам главата од ѕид кога не ми пишуваш и кога си ми лут. Па што да очекувам од тебе, да ми велиш „браво тоа е правилно, само така продолжи“. Се чувствувам толку гнасно, толку одвратно. Гадна. Прости ми. Те молам. Се надевам ќе научам да престанам да ги правам овие глупости. Не знаеш колку бедно се чувствувам моментално. И потребен си ми.
џабе ми се праеше паметен вечерва ! НЕ СИ ВО ПРАВО ! знам дека не беше касно да го направиме тоа што ти викав ....и на крај 15 минути пред да си одам ми викаш-"Океј ајде направи го.."?!...искрено...ме изнервира најмногу на цел свет ! -.- <- тоа би му кажала во моментов...ме изнервира НАЈМНОГУ вечерва
Да мече, даааа, ќе си садиме цвеќенца во новото станче Ќе го средиме како што си кажувавме, најтоплото гнездо во Скопје ќе го направиме, и има да се љубиме секаде, секаде!
Знам дека мислиш на мене. Нема толку километри кои можат да го прекинат патот на твоите мисли. Ти требам... За грев, за љубов... Ти требам... Како храна, како воздух... Ти требам... ама не сум покрај тебе!
Аххх... Ми недостигаш многу ! Не се сеќавам кога последен пат сум била волку јака на изглед а толку ранлива во душата. Се тоа е после нашата врска ... Се тоа е после тебе знаеш.. Знам дека кога човек многу се надева на крајот доаѓа до големо разочарување.. Ама ако !!!! Јас се надевам Давидеее ! Тебе нема да ти биде сеедно кога пак ќе се сретнеме за кратко време.Знам дека нема.. Само уште една ноќ...Пак ќе кажам само уште една ноќ барам со тебе. Не ми е гајле дали сум испила повеќе од што треба вечерва. Гајле ми е што ќе се случи кога ќе се вратиш. Давидддд!
Не знам дали сум пијана или дефинитивно сакам голема иднина со тебе. Паметам што си ветивме. Ама знам и како ќе ми заиграат колената во недела. После 11 ноќи без тебе.
Станувај ајде само спиеш,станувај дојди прај ми друштво.Ајде станувај станувај станувај, да бев до тебе сеа ќе бев досадна како што ти викаш дека сум секогаш за будење
немам зборови повеќе што да ти кажам.доволно се трескав од земја.сега мене ми е ред да си продолжам со животот.искрено ова не ми е ни малку лесно.со тебе имав планови и мислев дека ќе успеат.а тебе ти посакувам да ти се врати се што направи па да видиш колку боли.јас продолжувам таму каде што застанав,секако без тебе.
Престани да ме повредуваш! Доволно е! Просожи си со својата мизерија наречена живот, а јас, јас знаеш дека ке бидам добро секогаш сум добро! Неможам да престанам да жалам по изгубените години со тебе, на пропуштените можности во животот, на секоја солза што ја имам исплачено за тебе, за секое простување и смирување. Ама тоа е јеби га живот!
http://www.youtube.com/watch?v=K0adFYuN ... re=related You're in my mind all of the time I know that's not enough...