Ни крива ни должна јас го извлеков подебелиот крај.Се трудам цело време да ти ја докажам мојата љубов а ти на тој начин ми вракаш:Ете ти го него? Така ли? Па ми е преку Мирса со тоа твоето дека не те сакам. Кажи ми како да ти докажам?
Се откажав од тебе, ти ставив точка тогаш кога најмногу ме разочара, се правев а бога ми уште се правам дека не ми е веќе битно што правиш која ти е сега женска и така натаму но само јас си знам како се чуствувам кога ќе те видам пред мене, како пелтачам и берам сила за да можам што подобро да ти одговорам на поздравот а бога ми најтешко ми паѓа кога ќе ме прегрнеш а јас почнувам да копнеам да останиме така засекогаш или барем за миг да застани времето. А песнава знам дека ќе те потсети на убави работи... http://www.youtube.com/watch?v=SmM0653YvXU
дека ми е преку глава веќе јас да го извлекувам подебелиот крај,кога ти си крив за се.Ти си тој кој треба да го поправи однесувањето,не јас.АКо не сакаш,собирам сила да ти кажам крај, иако те сакам.
Оваа е дефинитивно нашиот крај. Измачување цела една недела. Не знам зошто, но ни малку не ме боли.Ни малку не сум тажна, разочарана, гневна што завршивме јас и ти. Порано живеев во некоја бајка надевајќи се дека ќе живееме среќно до крајот на животот. Во вистинскиот живот нема такви глупости .. "до крајот на животот".. Се тоа е срање. Знам претерав овие два дена со моето однесување и знам дека тоа го доведе крајот на нашата врска, но знаеш што? Се е заслужено. Јас не правам лошо на оние кои се добри со мене. А ти не беше добар па си го доби тоа што си го заслужи. И не, ич не ми е жал што два дена пукаше од нервоза, сега барем знаеш какво е да си во моја кожа. Жал ми е само што заврши нашата врска, што тие години поминати заедно сега се ништо. Знаеш мислев дека и овој пат ќе паднам на твоите убави зборови, но не беше така. Сега сум силна личност благодарение на тебе. Да, само за тоа би ти кажала фала. Знам дека вечер ќе направиш нешто, како што си кажа сам, но тоа ништо нема да промени. Всушност ќе промени. Ќе те замаразам повеќе од што те мразам сега. Знаеш, мислев никогаш нема да дојде овој ден. Мислев дека секогаш ќе сум со тебе, но искрено ти не си за мене и јас не сум за тебе. Ние сме два различни света, црно и бело. Ние никогаш нема целосно да бидеме среќни заедно. Затоа оваа е најдобрата одлука. Сега знам дека ќе ми е тешко, но болката поминува. Ќе те заборавам, како да не си постојал никогаш во мојот живот. Последен поздрав за тебе. http://www.youtube.com/watch?v=ttBKRYPfHTA
Да, сега сум сигурна дека веќе истото нема да ми се случи. Си ја научив грешката, обично само од сопствените учам, а не од туѓите. Сфатив и осетив што би било кога би било, и не, не сакам тоа да се случи Ќе дадам се' од себе за да не биде така. Ти, ти го имаш цело време на светот кое ти е потребно за да се справиш со настанот Знаеш дека сум покрај тебе, ти кажав милион пати Ќе те љубам уште долго. Ќе те љубам додека си најмилото човече на светот, моето човече. Ќе те љубам додека ми се насмевнуваш наутро, додека сонливо посегнуваш накај мене и ме бараш со раката по креветот, па со блажена сонлива насмевка ме повлекуваш до тебе. Ќе те љубам додека ме гледаш вљубено со очињата и погледот од кои не можам да не се растопам. Ќе те љубам додека под завидна доза на алкохол почнуваш да губиш самоконтрола и почнуваш да шараш со рачињата по мене и бараш глупав изговор да си одиме. Ќе те љубам додека така тврдоглаво и детски се лутиш за најбезвезните работи, а всушност само водиш инает и чекаш јас да попуштам. Ќе те љубам додека така срамежливо и ептен од околу ги кажуваш своите планови за нашата иднина. Ќе те љубам додека ме гризеш на рамото во моменти на преголема страст. Ќе те љубам додека се справуваш на свој начин со нервозата и стресот кои ти ги создава работата и притисокот со неиздржливите рокови и се трудиш да ме држиш на страна од сето тоа. Ќе те љубам додека шетаме во тишина до кеј и назад, преморени и исцрпени од околностите. Ќе те љубам додека ме караш и се грижиш за моето здравје повеќе и од мене, со изговор дека наскоро треба деца да раѓам и да се чувам. Ќе те љубам додека ме прекоруваш и ми укажуваш каде грешам. Ќе те љубам додека не' има нас. Ќе те љубам и после тоа. http://www.youtube.com/watch?v=qAIVE8_gy6Y ...Odakle ti pravo znati me ovako i uci mi pod kozu zauvijek...
иако те видов само еднаш-нели кога се запознавме, ептен се приврзав за тебе, ама јас тврдоглава, нема да го кажам тоа па да експлодирам на парчиња -дури и истата вечер солзи ми го облеаја лицето од нервоза-тоа беше пред да заспијам-се охрабрував себе си да не потклекнам и да не се заљубам во тебе , сепак јас сум жена со памет и разум а не од шекер знам дека ке се издадам по покрети дека ми значиш , ама да кажам те сакам нема шанси се надевам дека и ти ке ме засакаш мене ако не си ме засакал до сега ке ти вртам муабети за се и за сешто , ама ако не сакам да ти кажам нешто, нема да ти кажам и крај
незнаев дека си таков не те замислував таков мислев дека си подобар од другите во твоето друштво и дека си поразличен ама не си бил стварно се разочарав од тебе и више ништо не сакам за тебе да слушанм ништо.
Не знам што да ти кажам освен Прости ми за тоа вчера што претерав со моите зборови.Те налутив,повредив знам.Тоа го разбрав кога ми зборуваше со твојот треперлив глас кој што изгледаше толку повредено од мене.Што и да кажам е малку и никогаш нема да си простам на самата себеси поради тоа.Ти денес се правеше како ништо да не било и толку внимателен и мил беше кон мене што уште еднаш сватив дека крај мене имам совршен ангел кој што нема никаква мана.Не те заслужувам тебе и твојата љубов и не верувам дека ти можеш да направиш нешто лошо за да ме повредиш бидејќи ме сакаш толку силно,страствено и искрено што дури и небото и звездите знаат.Јас сум ѓубре,за ситници те нервирам и те носам до лудило од нервоза.Вчера ти реков дека знам ако продолжам вака ќе те изгубам,а ти ми рече не,дека никогаш нема да ме оставиш.Кога ми го кажа тоа беше толку убеден во себе,што направи да ме убедиш и мене во тоа и да ми пролеат солзи од среќа,а истовремено и од тага бидејќи јас направив се.Ти ветувам мило мое дека никогаш повеќе нема да направам за да те изнервирам,повредам,навредам бидејќи ти заслужуваш само љубов,внимание,нежност со кои што ќе те опсипувам секој ден како што беше и до сега.Те Сакам и не можам да се замислам без тебе мој совршен другар,брат,љубовник.
леле знам дека не ме бидува да готвам јадење али се надевам ке бидам подобра,има време ке науцам може подобро
После две недели, повторно ќе ги видам тие плави очи.Повторно ќе се најдам во твојата прегратка, ќе го осетам биењето на твоето срце.Ќе треперам во твојата прегратка, ќе се топам од твоите бакнежи.Сеуште ми се тресат нозе кога ќе ме гушнеш иако веќе не сум мала затрескана тинејџерка или пак сме на почетокот на нашата врска.