Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Многу сум лута за сите работи кои ги изнакажа. Ама во истото време сакам да ти се јавам и да ти кажам дека идам, и дека сакам да сме заедно пак. Ако оставам на тебе ти никогаш нема да се јавиш,ти и твојата машка гордост. Ќе ми се јавуваш кога ќе си лут и ќе ми изнакажеш,оти така оти онака,го кажав тоа дека ме изнервира ама нема да кажеш да се смириме,луто ќе спуштиш. Дури и да дојдам да ти кажам ајде да се смириме,ќе се мислиш ќе се буниш,а гласот,очите се ти издават дека и тебе ти е тешко и дека сакаш да ме гушнеш. Сеа зошто правиш инает,а? Шо да правам кога сум си малце љубоморна? Мора ли згора на се изнервираш заради тоа па и да ми кажеш работи шо уште повеќе ќе ме збеснат? Шо се ли сум јас крива,само мене ли ме фаќат у моменти да ти кажам некоја глупост,да бидам љубоморна,да одговорам луто кога некој ме изнервирал,да ти преговорам ако нешто направиш..само јас ли ? Ама не,ти одма мора да се изнервираш заради тоа и да се скараме многу,очекуваш јас секогаш да реагирам како шо треба,да одговарам правилно,да не ме фаќат будалите од време на време. Очекуваш да сум совршена и да правам и да кажам се како шо треба кога треба. Епа не сум совршена. И правам инает,и иам променливо расположение некои денови,и сум љубоморна понекогаш,и се лутам без везе. Таква сум.
     
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Прегрни ме уште еднаш со твоите раце. Подари ми светови. Или само обој го мојот во твоја боја. Сакам да те чувствувам до мене. Во мене. Со твоите раце да ги почувствувам сите бранови на светот. Сите ветрови. Сите болки. Сите љубови. Да допрам до мојата душа. Да ја соблечам пред тебе. Да не се срамам. Да ме држиш цврсто. Да дишеш во мене. Да те чувствувам уште еднаш... Убиј ме на зајдисонцево. Земи ме. Не сакам да ги гледам сама облаците, розеникавиот сјај на небото. Сакам да бидат веродостојни сведоци за нашето постоење. За нашето разбирање. За нашата тишина. За нашето молчење.
    И уште колку ќе чекам да те видам?
    Очајна сум како што никогаш не сум мислела дека ќе бидам.
    Очаен е воздухот. Дрвјата. Се е очајно. Се е болно.
    Врати ми се... Макар за пак да ме оставиш. Едноставно врати се.

    http://www.youtube.com/watch?v=e3Tl00rQh48
     
    На L-enna и kikav им се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Абе шо кур сакаш ти ?!? :fubar: :swear:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ах колку посакувам сонот од сношти да стане реалност, да лежам така до тебе и да трескам глупости, да се смеам како луда и мирно да заспијам на тоите гради :|

    Ми фалиш Х премногу ми фалиш :doh:, мислев дека ако те видам ќе можам побрзо да расчистам со самата себе, ама се излажав,
    кога те видов се почувствував жива, ми фалеа твоите глупирања и оние фацички што знаеше да ги правиш за да ме насмееш и кога не ми беше дојдено до смеа, ми фалиш да ми кажуваш убави зборови, вицови, ми фалиш да ме изазиваш, ми фали твојата насмевка, твојот глас :| :|

    http://www.youtube.com/watch?v=hL9JZaAvzYo
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Некогаш ја презираше, знаеше со денови да не и’ прозбори, правеше да се замисли дали воопшто постои во неговиот живот. А потоа одненадеж ќе се појавеше облечен во неговото најдобро расположение, ќе ја шармираше и ќе и’ кажеше дека сака да го помине своето слободно време со неа. Никогаш не собра сила да му каже „не“. Го сакаше во целост, ги сакаше дури и неговата непостојаност и непромисленост, го сакаше и кога беше груб и насилен, најмногу го сакаше кога ја смееше, дури и кога се трудеше да му биде лута. Знаеше да биде и нежен понекогаш. Можеби поради тоа што премногу ретко покажуваше емоции, секој таков момент и’ изгледаше повистинит, пореален и повреден отколку ист таков момент со кој било друг човек на планетава. Се случуваше да седат еден до друг и да немаат што да си кажат, во тие моменти можеше да ја поднесе тишината. Двајцата знаеја да уживаат во таа тишина. Единствена тишина која не можеше да ја поднесе беше онаа кога си беа лути еден на друг. Тој молк ја доведуваше до лудило, до степен на газење на своето драгоцено его. Најчесто таа беше онаа што попушташе, но не и’ беше важно. Повеќе ја болеше неговата далечина отколку кршењето на својата гордост. Некогаш знаеше многу да ја повреди со неговата тврдоглавост и брзоплетост, да ги премине границите на дозволеното. Тогаш таа се повлекуваше и се откажуваше од нивната комуникација. Но тоа никогаш не значеше крај. Тој секој пат доаѓаше кај неа, секогаш кога ќе таа си заминеше. Знаеше колку мрази ласкање и лигави зборови, па успеваше да ја придобие на само негов, единствен начин, со прости зборови кажани на духовит начин. Колку само победнички се чувствуваше во тие моменти. Можеше да умре од среќа. Веднаш му простуваше, затоа што двајцата знаеја колку и’ недостига кога го нема и немаше потреба од глумење лудило. Се сакаа. Се оддалечуваа и пак се зближуваа. Така е тоа со правата љубов – има топло и ладно, има далечина за повозбудлива да биде близнината потоа.
     
    На Mrs.Cuper, cinderella5, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.913
    Допаѓања:
    102.725
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=mtVN8vpR ... r_embedded
    Што би ти кажала ? Не знам.
    Што да те прашам? Не знам.
    Не би те прашувала за минатото.Не верувам.Би се распрашала за твоите деца.Какви се?Сакаат ли барем нешто од тоа што сакам јас...
    Би ти зборела за мојата мачка.За Мицика.И би те засмевала за тоа колку мојата куќа е всушност обична.Би ти кажала за Него.Како ме сака,и се грижи за мене.И ќе излажам секако.Тој никогаш нема да го има твојот поглед ,како ти,кога би се грижел.Никогаш не би се нервирал ако излегувам без шал на пример,или без вода во чантата,ниту би се лутел што палам по некоја цигара,како ти....
     
    На cinderella5, green.eyes, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Без да размислиш, многу добро знаеш да направиш нешто глупаво што ке ме повредии.............
     
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.648
  9. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ми недостасуваш ;( :worried:
     
  10. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Со секој ден се повеќе те мразам,а сепак пак сум со тебе и покрај се што правиш...не е можно ова...не
    Зошто не си одиш веќе и да ме пуштиш да бидам среќна?
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Секоја секунда,море стотинка од секундата јас мислам на тебе,на твојот лик,воздишки,на твојата бескрајна љубов.ПРед 5 години и еден месец да ми кажеше некој дека толку ќе сакам,а и ќе бидам сакана ќе го направев шушулига. :fubar: Ќе му речев јас не верувам повеќе во љубовта,ниту ќе верувам.Но,сега јас ја сакам љубовта,нејзиниот мирис,ги сакам пеперутките кои ми летаат во стомакот секој пат кога ќе те видам,бакнам,прегрнам,но најмногу те сакам тебе.Чувството кога сме како мали дечиња кои што се раддуваат на нова играчка кога ќе ја видат на секоја наша средба никогаш нема да исчезне.Сакам да тонам во твојата прегратка,да се смејам на секоја твоја глупост,на секоја твоја нежност јас да се разнежнувам уште повеќе.Знам дека секогаш ќе бидиме вакви-заљубени и зелени како што велиш ти тешко нас на тој кој што ќе биди до нас,но битно е нас да ни е убаво.Те Љубам Тралалалајко -Брливко мој :D
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.934
    Пол:
    Женски
    Се беше прекрасно,нормално,неверојатно.Беше весело девојче со премногу илузии,сонови,желби,полно со фантазирачки дух.
    Се појави Давид и ја остави со целосен неспокој...

    Остави големи траги во нејзиниот живот.Ја остави да коленичи пред минатото,ја остави да липа пред неговите зборови,да плаче по неговата љубов.Ја остави да го бара во секој збор,да копнее по неговите усни,за кои заедно мечтаеја да се предадат едни на други,ја остави со надеж дека еден ден минатото би зазело позиција како нејзина иднина,и дека повторно ќе се спојат тие,двајцата како заљубени души.

    Тоа и се случува на вашата Цигарче...
     
  13. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.788
    Допаѓања:
    83.026
    Пол:
    Женски
    ... не знам да ти се налутам.
    Едноставно не оди толку лесно како што оди со другите.
    А лутка голема сум, знаеш. :lol:
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    19.08.2008- На денешен ден пред 4 години мислев дека сум заљубена, и дека и покрај сите проблеми во врската тој е вистинскиот.

    to be continued...
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Морам да ти кажам дека си најнаивниот што сум го запознала. Многу си смотан, осеќам дека сега ќе има трета светска војна. Мора да те испеам јас тебе еден ден...
     
  17. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Многу ми е тешко се борам сама против себе.Срцето и разумот водат војна.Срцето ми вели да му пишам ,,сонце сакам те,не можем без тебе,требаш ми неќем да раскинеме,,а разумот ми вели,,треба да бидам што подалеку од него-така е најдобро за мене со него немам никаква иднина,освен нервирање и повредување секој ден-тоа никогаш нема да се смени,,Не знам што да правам,како да постапам поделена сум на две страни,а ти ни најмалце не ми олеснуваш во изборот...
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    кај си бе злато, во земја ли пропадна? :D те нема никаде
    или можеби си лут што ти кажав дека со колегите ке одиме или во Куманово, или во Маракана-а на крај си останав домче и си гледав филмче :lol: два пати ти титнав ниту еднаш не ми врати, што се замислуваш ти, ке се лутиш ко некое мало детенце :^) СОЗРЕЈ МАЛКУ, 33 години имаш
    вечерта кога се запознавме, дури и за дечиња ми зборуваше-наши дечиња :fubar: се познаваше дека лажеш ама ај, а се однесуваш ко тинејџер, и после јас сум ти била девојка-не ме засмејувај те молам
    абееее, знам јас дека на таквите ко тебе само игнор и грубо треба и не девојка туку за она што го бива(по можност за една вечер) и толку-како ли те поднесувала таа 4 години незнам,секоја чест за неа :bow:
    уште утре мислам да ти напишам порака-демек сум те запоставила бла бла, секако со некој комплимент-вие Овните пагате на тоа, а после злато ИГНОР, и Господ нека ми даде сила ако не ми одговориш да те заборавам-па после ако сакаш вени сечи за мене нема да имаш шанса ниту да ме видиш, ниту да комуницираш со мене :!:
     
  19. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    A: Откажи се од мене!
    Овие 2 дена ми се пеколни, нервоза до нервоза. Нема ништо да бидне меѓу нас зашто јас сеуште го љубам него, џабе се надеваш, џабе е се‘. Знам дека звучам грубо кажувајќи го ова по милионити пат ама морам вака, немам друг начин.
    Готово нека е .. ти Скопје, јас тука. Мирна глава, зашто стварно немам сила повеќе. Толку пати реков, толку пати пререче. Џабе.

    ~
    А тебе .. шта да ти причам кад све знаш. Мислам, вие се‘ знаете. Тој не.

    Да беше ти на местото на детево погоре, да ми ги зборуваше иститите работи ..
    .. би те љубела до бескрај!!

    Се‘ за тебе мил мој .. ама ти за мене ништо.
    Too bad.
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.105
    Ќе ти дојдам утре да те галам и палам.

    Спреми ми само добар џингл и ќе денсам. Може и Muse, со Undisclosed Desires! :devil: 8) ;) :*
     
    На DeepRed и L-enna им се допаѓа ова.