Tell me what you want me to say But would you leave me, If I told you what I've done Да Марио, би ме напуштил ли повторно ако ти ги кажам сите работи што ги кријам? М? Всушност знам дека ќе ме напуштиш по не знам кој пат, затоа не можам да ризикувам и да ти признаам. Не можам да претрпам уште еднаш да те изгубам.
Се надевам дека ја прочита пораката. Последна беше жими се! И се што имам би дала само да можев да ти ја видам реакцијата откако ја прочита... За жал невозможно е, најарно ќе биди за мене да престанам да мислам на тебе ако неќам да пропаднам...
Ептен, ептен ми е кеф шо те запознав Факултетот ни е тема за муабет, осеќам дека ќе не спој Ајј да не зборам пред време, ако не, се со ред Би сакала да те запознам поќе
OMG! Баш така е! Приказнава ко на нас ми личи (а изгледа и вашата е таква) И мразам што е така,ама...љубов си е љубов...да му се сневиди,еден куп маки ни создава... За него... Па...мило ми е што ме запре...ама не ми е мило што брзо попуштив,требаше да те помачам.Ама ете,ко во приказнава,ти знаеш секогаш што точно да кажиш. Ако ме познаваш толку добро,зошто правиш проблеми и ко ќе не треба? Ама,ќе се дополнуваме ми се чини. Јас неможам да живеам без тебе,а ти неможиш без мене,признај си! Иначе одамна ќе бевме разделени. Ти значам,колку што ти ми значиш! Премногу! Премногу за да дозволам глупости да не разделат. Ама внимавај на зборовите,баш тие некогаш ќе те зафркнат. Друг пат нема да си играм игра ,,признај ми дека ме сакаш" или "запри ме" ТЕ САКАМ! Немој да го уништиш тоа.
Многу си ми изменет, не знам што е, од ден на ден си се поразличен, де вака-де онака, после те сакам... дај таму малку прибери си ги емоциите и се да биде Ок, добра нок
Е ваков те сакам Што убаво ме расположи пред спиење. А тоа што бараш да ти го кажам не можам. Целосно се сложувам дека треба да сме искрени еден со друг, но некои работи едноставно е подобро да не се кажат. Ова е за доброто за нас двајца. Некои мисли и стари чувства што одамна требало да бидат закопани јас сеуште пробувам да ги закопам, а ти бараш од мене да ги извадам на површина. Не сакаш ни ти да ги слушнеш. Но попусто го пишувам ова во моментов, ќе остане испечатено на еден форум но некажано..
Шо ти е на тебе бе муле? Ти на мене ли ќе ми кажуваш кај да идам и шо да праам? У кој свет живееш? Тоа на некоја мутла, на мене тие фори не. Ќе ти ја скршам фацата уште еднаш ако прозбориш за истото. Ич не те трпам више, не знам ни шо праиме заедно.
Е ова стварно не ми се верува. Хахахахахха Не,не....Утре,снег ќе заврнит верувај! Хахахахахаха Гледав,и не им поверував на очиве. Ова е можно само кај тебе и кај мене. Се лутиме,и одма се смируваме.О,Господе.Хахаха А и да те сакам!
Инат инат има во тебее ехеее од тука до Америкаа.Дај не ми се лути повеќее, многу многу ми фалиш без тебе не сум комплетна.
Иако знам дека ќе се покаам што ќе ти завртам сега,но морам имаме поминато премногу време заедно,а и 3 годни не се малку и не можам,а да не те слушнам иако вчера инсистирав да раскинеме...те сакам иако си сосема различен од мене и имам доста причини да те мразам...
Море трлалајко еден ти ми си мое Хани Бани ти измислив нов прекар јухууууууууу Те сакам и љубнувам бубнувам
20.08.2008- На денешен ден пред 4 години, го добив најголемиот испад на љубомора од негова страна и конечно сватив дека немам иднина со него... to be continued...
Кога ти го правиш тоа ,во ред е се ,се случува ајде луѓе сме ,различни ситуации ова она. Кога го правам јас истото ,т.е бледа копија нешто многу помалку од тоа твоето тогаш е крај на свет ,јас сум лоша Кејт ,ти си грефче си приказната .Кутар ти ...