Намали го тонот на тв.......мразам кога слушаш на глас магаре едно незобано . Кавалерко мој ,прекрасно велоспидеско трачарење направивме, воздух смеа, љубов ,фотографии куповки за мохитче ново ........едвај чекам да ти направам гравче со ребра па да видам до кај сум со домакiнлукот..................
Ах бе мило, многу ми недостигаш, 2 дена те немам видено ни чуено. Еве сега очите ми паѓаат од умор, ама ќе чекам да дојдеш од работа бар да ти го слушнам гласот и потоа да си заспијам спокојно.
Ти си мојата починка, мојата дебела сенка, големо дрво во суша на километри и киломтери. Просторно и временски. За тебе би играла секогаш и секаде, некогаш и некаде, кога би било каде и да било. Ти го ставам клучето под чергиџето и те чекам; како што треба ќе те пречекам ииии... ајде, ајде продолжи да те видам http://www.youtube.com/watch?v=KqtYrpe4RyY
Tи си чудовиште мое!ТЕ ЉУБАМ таков каков што си.ПОТПОЛНО мој,единствен.Никогаш за никого нема да те заменам..ти си се што некогаш ќе сакам!
Ај свести се малце во животот и промотај си го филмот како се понашаш у последно време, а како јас заслужувам.
Секогаш, ама секогаш кога ќе помислам дека не си за мене, ми го докажуваш спротивното, ми докажуваш дека вредиш, дека НИЕ вредиме и сме посебни.. Како само ме гушна денес, како само ме погледна...не можам ни сама да си опишам колку беше посебно...
Би им кажала: Се ставам офлајн некој период. Повреденото его ќе си го лечам сама Не сакам повеќе да мислам на тоа дека сум само една силуета. Очигледно само за него бев една мила душа. Ма што е битно, секако на крај останувам сама.
Како е можно... Се што ќе ми ветиш да исполниш? На она што ме повредува да ставиш крај? Да прекинеш контакти кои не ми се допаѓаат? Да ја сакаш мојата себичност? Да ме бакнуваш кога ради мене ти ја снемува насмевката на лицето? Да бидеш толку оптимистичен кога не го добиваш она што заслужуваш? Да планираш иднина со невротична, control freak, негативна ? Да те прави среќен само моето присуство? Да ми удоволуваш, да ме разгалуваш...? Научи ме да сакам на таков начин...
Спојлер Абе легално е да им кажуваш на повеќе луѓе во темава, нели? Да не испаднам биполарна после. Имам некои работи со некои стари дечки да расчистам. Како и да е, не знам од кога те немам видено. Можда од пред две години. Кога уште бев смотана и зелена. Не дека имам некоја желба, да бидеме реални. А можда и те гледам, ама ти го имам заборавено ликот и не можам да те препознаам. Реално, тоа е најстрашното нешто што јас можев да ти го направам. После се. Да те доведам во мојот мозок до тој степен, да од нешто големо, паднеш до некое бледо, задно сеќавање. Да ми бидеш странец на улица и блокиран на фејсбук, чисто ради мој мир и спокој. Јас никого не блокирам на фејсбук, па ти види сега. Бедно беше другар, твоето однесување спрема мене, бедно. Ако бев малку полабилна, ќе ме осакатеше за цел живот, ќе не можев да мрднам од мртва точка ради тоа твое однесување. Пред некое време си мислев дека се повеќе тонам со секој нареден, ама не. Денес сфатив дека напротив, сите се однесуваат се поубаво и поубаво со мене, дека сум научила многу од тебе за тоа како не треба некој да се однесува спрема мене. И од чиста љубопитност, за да видам дали си се сменил на подобро и си тргнал некаде во животов, те побаравме вечерва да те видиме на фејсбук. По каверот ќе те видам што човек си станал. До кај си, што си, како си. Мило ми е дека и јас сум на блокада, те држи лутината од моето игнорирање , ама не можеш за жал сите другачки да ми ги блокираш. Да не ме мислиш, видов, си стасал од мртва точка А до умрена точка Б. Ми се намири душичката.
Срам да ти е... немаш пола саат да одвоиш за мене а со сите се шеташ.. ја па уште те жалам 5 испити имаш да не те замараммм... ауууу не ме интересира више ништо за тебе
Лебдам. Ме исполнуваш. Целосно. Седам со затворени очи, додека го чувствувам твојот допир. Ги отворам и гледам љубов, почит, страст, нежност. Обожавам кога ми ја држиш раката и ми го бакнуваш внатрениот дел на зглобот, неочекувано. Обожавам кога ја држиш мојата дланка блиску до усните и не правиш ништо, само дишиш...во линијата на животот на среќата, на љубовта...Те сакам.
Поарно некои работи на време да завршат отколку да се продолжи понатаму со толкава љубомора и мистериозност. Иако мора да ти кажам дека навистина не ми е сеедно
Во моментов знам дека би ти кажала многу работи... Ми недостигаш да, и покрај се многу ми недостигаш, и како јас да продолжам понатаму? Објасни ми како. Се ме потсеќа на тебе,секоја песна секој убав збро кажан и се убаво што имавме. Зошто јас никогаш не ти бев доволна? Зошто јас секогаш бев крива за се? Зошто кон мене не беше како и сите други бивши? Оти ти не ме побараш? Да прашаш дали сум арна, дали сум болна, жива или умрена? Ама не не те боли к.. за мене, сеедно ти е. Мораше да ми уништиш две лета со кои со нетрпение те очекував, да те видам и да бидиме среќни, но толку да те сакам и тебе да ти ја подарам сета моја љубов и ти вака да ми враќаш? Не заслужив, ама ништо од ова не заслужив. Не планирам да ти се одмаздувам, туку ќе се молам на Господ никогаш да не ме заборавиш и кога ќе помислиш на мене и ќе ми го спомнеш името да речеш: Незнаев што пропуштам крај себе ! Не планирам нити да се отепвам, трујам за тебе, то во никаква намера не ми е. Ама сакам да ти биди тешко, да копнејш по мене, и сите тие курвите оттаму да те одебат и да сфатат каков си, ич да не те фермат, ти не заслужваш ни трошка љубов. Трошка многу е, НИШТО. Маршш
Мило ми е што сега се е во ред. Не би сакала да признаам, но морам... јас бев таа што ги предизвика кавгите. Поточно мојата љубомора. Но, нема повеќе. Си ветив на самата себе. Самоконтролата е најважна во животот. Јас сум силна и ќе го поминам тој предизвик. Веќе нема да ти превелувам за тоа. Сам ќе се свестиш. Зошто многу добро знаеш што имаш покрај себе. Колку вредам и што заслужувам. И, ни малку не се каам за филмот што ти го свртив, кога би знаел, би морал да признаеш дека сум одличен режисер и уште подобар глумец. Ама ако. Јас се чувствувам многу добро. Се радувам што сум повторно среќна со тебе. И што ти си уште посреќен од мене. Ќе направам да се гордееш уште повеќе со мене, ти ветувам.
Во името на Фемина и нашиот заеднички крст темата Што би му кажале,каде што сите заљубени и разочарани си водат свој сопствен дневник,јас ја ставам раката на мониторот и се колнам дека ова е мојот последен пост за Давид. Ако уште еднаш напишам нешто за него,во истиот тој момент нека снема струја,или нека ми го удри гром лап-топот. Следниот пак кога ќе ја отворам оваа тема за да напишам,тоа ќе биде за некој нов кој што ќе влезе во мојот живот. Во име на мојот последен пост за него овде ќе напишам неколку реченици,така по долгички,како што е редот нели .. Спојлер Се поблиску е денот кога ќе се вратиш од таму. Многу пати пред за заминеш размислував како твоето заминување ќе биде одличен тест за нашата љубов.Тестот никогаш и не се случи бидејќи неколку денови пред да отидеш,ние го ставивме нашиот крај. Како што се наближува твоето враќање,искрено се плашам од сопствената реакција кога ќе те видам,знам и свесна сум дека истата таа вечер кога пак ќе те видам мојата другарка ќе биде мојата перница,која ќе ги впие сите мои солзи. Се ближи и денот кога јас и ти почнавме.Нека помине.Што претставува освен една обична бројка во календарот? Незнам ни дали ќе се присетиш на тоа.. Но ако се сетиш ќе се сретнеме во мислите,јас сигурно ќе помислам на тој момент.Денот кога ти влезе во мојот живот. Имавме чиста врска,без лаги и измами. Но кога нешто не оди тоа се гледа.Никој никогаш не може со сила да направи некоја работа која што не сака да се помрдне од таа мртва точка. Никогаш пред никого од кога раскинавме (освена во темава) не кажав лош збор за тебе.Така и ќе остане. Ќе биде тешко да знам дека пак си во моја близина,но овој пат со многу чекори оддалечен од мене. Кој знае,можеби кога ќе се вратиш ќе си започнеш врска со некоја нова,ќе се заљубиш. Дај боже,биди си среќен. Ако никогаш не се случеше нашата врска јас немаше до сега да сфатам некои работи. После нашата врска имам многу,многу поголема самодоверба. Фала ти ! Поради тебе научив што значи: -Да се будиш и заспиваш како најсаканата личност што постои -Да бидам среќна кога со некого ја делам тишината -Да бидам искрена спрема дечко ми -Со тебе научив што значи да се биде интимен со партнерот (во буквална смисла на зборот) Кога би имала нова врска некогаш,и кога би ги оттргнала работите кои не требаше а ги направив,јас би имала нешто слично како идеална врска. Ете гледаш колку ми помогна ти мене? Никогаш и не верував дека од тебе можам да научам многу,а тоа се случи. Овде на оваа странца ќе те оставам. Нема да пуштам солза како таа вечер кога раскинавме,бидејќи веќе немам. Ќе бидам добро,разликата во тоа е што овој пат нема да се чувствувам сакано како минатата година ова време. Немам кого да милувам,немам со кого да ја споделам среќата и тагата. Пак излажав! Само што ми потекоа солзите. Ма нека бидат последни. Јас само ќе се потрудам кога пак ќе се сретнеме да видиш среќа и топлина во моите очи,да препознаеш убавина во мојата насмевка. Не знам дали ќе има прегратка,незнам дали ќе биде едно обично здраво. Но ќе биде од срце. Чувај се Давиде,со среќа новиот почеток кога ќе се вратиш!