Знаеш што ми се допаѓа? Кај тебе не постојат изговори. Не чекаш 5 работни дена да поминат, за да дојде викенд и да поминеш повеќе време со мене. Знаеш дека не сакам да се гледаме на кратко и така ми е потешко, па доаѓаш после работа и кај мене седиш до сабајле и пак одиш на работа. И затоа не можам да сфатам кога некој друг кажува дека е уморен или дека нема време. И се случило многупати да дојдеш кај мене, ситните пари да ти паѓаат каде и да седнеш, а кога ќе ти предложам да одиме негде, да прифатиш. Или кога ќе ти се расипе телефонот, а ништо не можеш да слушаш, само јас тебе, па ќе се јавиш и ќе си правиш муабет сам со себе, само да не се грижам, да ме известиш каде си. Или кога паузата од 15 мин. ја трошиш 10 мин. на мене, 5 мин. на јадење. Или кога имаш забрана да ја земаш колата, а не слушаш никој и ме носиш да ме прошеташ. Или кога имаш обврски, а не ми е добро, пак сум приоритет. Ама знаеш што? Сакам да имаш време за себе. Да не бидеш притиснат постојано да ми посветуваш внимание, да немаш обврски кон мене, секој слободен момент да го посветиш на нешто што те исполнува, не вклучувајќи ме. Да не бидеш исплашен дека ако не се јавиш ќе се налутам, ако не ми вратиш на порака, ако не се видиме или ако погледнеш друга. Мислам дека ти беше доста. Можеби и тебе ти одговара да се грижиш и да знаеш дека некому толку си му потребен. Ама време е да те ослободам. Те сакам.
Ти ќе си пукнеш од љубомора...Мутле мое, само твоја сум, не би те оставила ни кога Бред Пит би дошол да ме моли на колена Те сакам бре!
Вчера тоа,денес не ми зборуваш...зошто? Ај терај,и онака не сум арна денес па и со тебе да се замарам
22.08.2008- На денешен ден со веке свежо прекината врска, бев обвинета за нешто што не го направив. Со овој новиов беше невино возење низ град и ништо друго не се случи, за што бев обвинета. Тој на денешен ден влезе во мојот живот, онака другарски. Се гледаше дека сака да има нешто повеке од другарство. Предходно го знаев една година но не се осмели ништо додека бев со предходниот. Срце беше to be continued...
Ти си до мене и добро ми е. Ти си среќен, јас уште посреќна. Го сакам допирот на твојата кожа, моите прсти во твојата коса. Знаеш дека те сакам. Секој ден сум се поблагодарна што те имам, што те најдов, што постои човек што толку совршено ме разбира и познава. Со само еден поглед. Сакај ме, љуби ме, бакнувај ме. Држи ме во прегратка, така сум сигурна.
се изморив веќе од чекање.изгледа до тука било.работите можеа да бидат поинакви но ти така сакаше.твоја одлука беше тоа.и никогаш нема да ти простам за се што ми направи.а седа збогум и се надевам дека еден ден се ќе ти се врати па да видиш како е.
Се плашам да те прашам што се случува меѓу нас, се плашам да прашам од каде оваа повторна заинтересираност кон мене, се плашам од одговорот, а толку многу сакам да знам што мислиш и што чувствуваш. Јас те сакам и доволно ќе биде да кажеш само еден збор и ќе заборавам на се, ќе почнам со тебе од почеток, ќе ги заборавам сите непроспиени ноќи, сите пролеани солзи
СДК дека ми доаѓа да те смачкааааам..аааааааааааа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Само ти знаеш вака да ме изнервираш! Да те бакнам и гушнам исто така сакам
Уште нешто да ти кажам и доста е за денес. Ми недостасуваше само една работа кај тебе, тоа што го докажуваш, да го кажеш и со збор. И сега кога слушам "А ти дали знаеш колку јас те сакам?", со тон во кој можам да почувствувам љубов со примеси на страв и болка...ми го полниш срцево и правиш да те засакам пак и пак и пак...
Немавме ламба и дух и планинаревме наместо да летаме, ама ми откри еден нов свет. Свет од кој сум исплашена, но го сакам со сето свое битие. Твојот свет. Ајде да го делиме. http://www.youtube.com/watch?v=-kl4hJ4j48s
Оддамна вака не ме болела душава, можам да ги издржам твоите зборови, можам да издржам се , моите солзи не се доказ дека јас не сум храбра !!!! Туку дека веке неможам да издржам, собирајки се во мене, сега се се пролеа, колку и да се каеш помина... вракање нема... знај дека ке бидам упорна и на некој начин ке се разделиме, ако не засекогаш барем на одредено време /.... неможам да го издржам сето оваа ... само сакам да ме молиш, и малку да патиш како што ми е мене сега... да незнаеш дали ке ти се вратам или не .... дали ке успееш уште еден пат со мене или не ............
Ах бре човек колку само на моменти знаеш да ме изнервираш тоа е чудна работа. Али али ако да си знаеш еден ден ќе ти вратам за се...
сега свакам дека зад тоа обликувано тело што секоја девојка/жена што ни го посакала, се крие срце полно со чуства, нежност и внимание, посветеност и поддршка уште одамна те засакав, тоа ти го пишав овдека, и ако внимателно ме набљудуваш ке видиш дека е така, а ти срценце на секој свој чекор се издаваш ти си маж што секоја жена би го посакала покрај себе-а јас моментално ја имам таа привилегија, и верувај дека ке сторам СЕ за да ме засакаш, и да бидеме што е можно подолго заедно, и секако почесто незнаев дека толку сме телепатски поврзани-ти ме чуствуваш како да ме познаваш , на некој начин исто и јас тебе-само некако ова ми делува како бајка-сето твое внимание, наклоност, ми годи, си признавам кога ке ми текне на тебе насмевка ми го огрева лицето, а кога ке те видам на слика , посакувам да си тука, само за да те гушнам решив здравје од Понеделник , малку да те шпиунирам-каде работиш, живееш, се надевам дека нема да ме фатиш
Мали, фраер да не ми се правиш. Не ти е дозволено да се пувкаш пред другарите дека си бркнал постара, така да знаеш! И уште нешто: Спојлер
Не си мал уште бе тикво една! Не се понашај ко мало дете! Не ти личи за годините! Лути се,шо сакаш прај,ич не ми е гајле веќе! Преку гла ми е од се!