Ја имаш целата моја поддршка за се шо сакаш да направиш јас сум со тебе.АКо ми кажиш сакам да скокаме,јас ќе скокам со тебе,ако ми кажиш да летаме,јас ќе летам со тебе.Секогаш сум овде за тебе и никогаш нема да те оставам без разлика на се.Ние сме необјаснливо поврзани како што никој не може да сфати.Иако сме далекижу со километри ние сме поблиску од било кој. Те Сакам со целото мое битие и душа.
Барем да знаев кога ќе се видиме, точно и да си одбројував, ко мало дете, до секунда. Да неспиев мислејќи на средбата наша. Вака ми е празно, глупаво, бесмислено се‘! Секој ден се‘ повеќе ми фалиш, секој ден се‘ повеќе сакам само да те гушнам. Ваква сум цело време, ! Од напнатост... Од желба за тебе... А!
Животот е чуден, чуден си и ти. Чуден, чудно горделив и имаш чудна чудна хемија, имаш чудна харизма што ти ја мразам, и имаш чудесно најдобро срце и покрај се, на чуден начин почнавме, и правиш некогаш да се чудам со саати во врска со твоите постапки. Чудно ми е сега кога ќе помислам на се од синоќа, чуден беше сабајлечкиот бакнеж после толку ладна и сурова ноќ, чудна ми беше твојата прегратка се со цел да ме стоплиш, ама џабе, јас се заледив од внатре, надворешната ладноќа е само од нервози... Чуден е и овој ден дома, далеку од тебе. Чуден беше сега повикот. А најчудна сум и јас, што и покрај се се уверив дека сум толку храбра и силна. Мене не ми требаш ти за да дишам и да живеам. Мене ми требаш ти пошто јас те избрав тебе за мене, јас се заљубив, ти се предадив, и никогаш нема да се каам. Ти ме однеси на едно место, на едно волшебно место за кое не верував дека постои, и да, ова се само мали мани, кои сум подготвена и за кои знам дека постојат, и ги прифаќам, јас те љубам и ме љубиш, се љубиме како да сме сами на свет, како да сме еден на друг се што имаме, и оваа љубов нема никогаш да заврши заради твоите мани, зашто јас драг мој, те љубам премногу, а твоите мани не се премногу за мене, како што на почетокот моите не ти беа тебе. Боже, колку сум среќна што те имам. Чудна ноќ...
Сакам да дојдеш. Знам дека не зависи од тебе, туку дали ќе ти дадат слободни денови од работа. И знам дека ќе биде многу тешко да ги добиеш, ама намоли ги. Сакам да те видам. Знаеш од кога те немам видено, па уште како што сум во друга држава, не ни можам да те слушнам кога сакам. Тешко ми е, а и ако не дојдеш уште потешко ќе ми биде. Глупо е се без тебе. Сакам да те гушнам, да заспијам покрај тебе. Исто како секоја година. Знаеш дека те чекам. И те сакам премногу
Те мразам ,ти благодарам за сите понижувања,ти благодарам затоа што се однесуваше спрема мене како да сум најголема курва !!!!
Фала што ми остави цело кило сладолед,штета што до утре ќе нема за тебе,а исто важи и за сончогледот кој веќе го изедов.
Ѕвездиве вечерва светат поинаку од обично. И не сакам ова да звучи болно романтично, но навистина би била среќна доколку беше тука со мене. Ти толку внимателно ме слушаш, па уште и тврдиш дека ме разбираш. Зарем можно е?! Ти благодарам за кученцето, за тоа толку живо и весело суштество што знае навечер да се склопчи до мене за да го галам. Си го гушкав него, кога веќе неможам тебе. А тоа ме сака. Ме сакаш и ти. Ве сакам и јас вас. Навидум совршено, но да не уништувам ваков совршен момент истакнувајќи несовршености. Едвај чекам да те видам. Ми недостигаш. Многу. Најмногу!
There is not a single person in this world that I hate as much as I hate you ! На англиски, поефективно е.
Искрено ке му кажам дека е НАЈГОЛЕМОТО ГУБРЕ НА ПЛАНЕТАТА, И КЕ ГО ПРАШАМ ЗОШТО МАЈКА МУ НЕ ГО АБОРТИРАЛА!!!!!!!!!!!!!!! А , заборавив да кажам и дека ке го плукнам во лице, без око да ми тРепне.Ај сега пријатно.
Се трудев да бидам поладна во пораката, но вистината е дека многу ме израдува што и таму дур си со другарите мислиш на мене... И едвај чекам да видам што ми собираше.
Ако и денес не го видам Капетан беле лаѓе, ќе си ја барам правдата во Стразбур, ја ти кажувам! И јас сум чоек бре, и јас имам ... душа! Овенав ко расно цвеќе во ливада...
Што правиме што од тој ден не преставав да те мислам? А? Можеби моја грешка беше што глумев недостижна а уживав со секоја секунда помината со тебе. Тие кратки средби, твојата насмевка и бојата на твојот глас. Искрено, ми недостигаат. Да го вратам времево на тој краток период и да продолжиме таму каде што застанавме?...Или јас да го направм првиот чекор... Те чекам.