Чудно е како можиш да ми го разубавиш денот во 2 минути разговор, на телефон! Ваква сум ! Те љубам! А!
Не знам зошто ми требаше тој луксуз токму пред тебе да се опуштам и отворам за многу работи,а речиси воопшто не те знам.И сам кажуваш дека помеѓу нас постои нешто посебно и многу јако,но никакво фајде од тоа .Колку посакувам да можам да го вратам времето и никогаш да не те сретнев,зошто тогаш се промени се.Ти направи прв пат да почувствувам што значи некој навистина да ти фали и што значи повеќе да се грижиш за некој друг одколку за себеси.Се осеќам како заробена во 4 ѕида и не гледам излез од оваа ситуација.Не можам да те разберам за некои твои размислувања,а и не сакам да се расправам и за тоа.Но,како и да е ,мора да расчистиме некои работи зошто знам дека ако не ставам кочница,јас ќе бидам таа што ќе биде повредена на крај.Сепак,тешко е да живеам со помислата дека јас и ти ќе бидеме само далечни познаници,а толку многу работи тлеат во нас....
Најпрво да ти честитам за унапредувањето мој новопечен офицеру и да ти кажам дека секој ден се повеќе правиш да те сакам.Досега никогаш не сум се чувствувала вака сакана ниту пак сум сакала некој друг на овој начин како што те сакам тебе
Ајде дибече дојди веќе еднаш, знаеш празен ми е станов, башка и вечера ти спремив, уште ако не дојдеш вечерва има само на слика да ме гледаш така да си знаеш
... не требаш ми ништа речи, само загрли ме! Загрли ме око врата, олуја се диже не може ти вјетар ништа ако приџеш ближе...! ... Укала бих сречу за нас, убила бих једино си моје благо, загрли ме...
23.08.2008- На денешен ден, еееееееееее на денешен ден мили мои пред 4 години падна првиот бакнеж со љубовта. Беше тоа на пат за кај дома, се понуди да ме испрати. На скаличките кај театарот од каде што денеска поминав 4 пати и секогаш ми се појавуваше таа сцена... Подзастанав да си ја наместам штиклата, бевме сами, слаба светлина и едно чудо голема желба за тој совршен чин. Бидна, и од тој ден, ти си човекот кој е мој најдобар пријател, љубовник, и се надевам доживотно сопатник. Тебе можам да ти кажам се, те знам подобро од себе, ме знаеш подобро од било кој. 4 Преубави години беа овие, се надевам доживотно ке го славам овој ден бидејки за мене не е само ден на годишнина, туку денот кога затворив едно поглавје и започнав друго. Само сакам да знаеш дека те сакам, и секогаш ке те сакам. Што и да се случи никогаш нема да постои никој друг за мене. Е толку болно те сакам! Нека ни се множат.
пред некој ден-мислам беше Вторникот-трчаше, денес ти дошле сестра ти и зет ти на гости- а ти слободен и неспособен да се организираш-машко ко машко, не ме чуди е вака направи ми во Сабота, жими еден живот , има да те отпишам од живите а тоа за професијата што те прашав, да не испадне-јас сум тооолку љубоморен, што ке пукнам ко балонче-јас да си прашам, да си бидам спремна на се
Толку ми е тешко да се откажам од тебе.. Сакав да ти дадам повеќе последната година,сакав да се борам повеќе за да не ми биде бар сеа мака оти така не направив,оти онака. Сакав,многу работи сакав за нас..ама само сакав,не се изборив доволно за нив.Јас сама сум си крива,ти издржа доволно долго,се бореше со сите,за нас,а јас што направив..ништо. Сеа ќе кукам.. Немам право ни на тоа
Страшно е колку потсеќаш на него... Не знам ни дали ми се допаѓа тоа или ми стануваш одвратен? Зашто? Зашто така ги изброја парите? Дежа ву... ФУј. Иш. Да те нема.
Ах тие очи ќе ги видам само уште еден ден,тие раце кои се само мои ќе ме прегрнат и ќе потонам во нив цели 50 часа.Тие твои усни ќе ме бакнуваат и ќе направат по не знам кој пат да се изгубам во времето и просторот.Малку е за нас знам,но кога не можи повеќе ќе чекаме и подобри времиња.За една година се ќе се смени.ЌЕ бидиме заедно цело време и ќе уживаме во нашата љубов уште повеќе од која што дури и птиците кога се тажни пеат од среќа.Знајш да ме расплачиш од среќа,а истовремено да ме насмееш до бесвест.Да,среќна сум со тебе како што не ни сонував дека некогаш ќе бидам и нема зборови кои што ќе опишат колку ти сум благодарна поради чистата љубов која што ми ја даваш цело ова време. ПРесреќна сум за тебе бидејќи се ти излезе како што планираше.Полн фонд на часови доби мило мое и те пофалија дека си многу добар во својата работа.Кога ми кажа скокнав од радост.Многу сум горда на тебе љубов моја,а сабота ќе прославиме заедно и ќе потониме во чашка вино и љубов.
Толку многу сакаше да ме прегрнуваш вечерва, толку силно ме припиваше до тебе, ме бакнуваше чинам секоја стотинка. И се тоа зошто се однесував доста смирено цело време, не те напнував и бев баш онаква каква што сакаш да сум. Па тоа ти било формула за совршен однос меѓу нас. Вечерва те чувствував како да сакаше да трае засекогаш. Штета што морав да си заминам.... Те сакам, многу!
Не си вредел ни за едно од нештата што ги правев за тебе! Неблагодарник! Што сакаш прави,нема да ме имаш повеќе! Друг нека ме има значи,а? ВАЖИ! Ќе се покаеш покасно,ќе видиш. Вредам повеќе од еден мочко што незнае што сака и незнае да се бори и бега при првиот проблем,незнаеше да ме зачуваш,ниту па се потруди,затоа сега ни јас нема прст да мрднам! ЈАС ЗНАЕВ БАРЕМ ШТО САКАМ! Во моментов толку си ми одбивен,појма си немаш! Отсега поинаку со тебе!
Не ме лажи, но не ми ја кажувај ни вистината. Биди тука покрај мене, но биди и далеку. Обврнувај ми внимание, но на моменти игнорирај ме. Прегрни ме цврсто, а потоа отиди си. Всушност не прави ништо, само нека те нема воопшто ако не планираш да си тука вистински.