Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам, најверојатно ќе вреди се'. Само треба да има граница за вредностите во животот и кое оди пред кое... не треба да е напорно ако е вистинско, не треба ни да биде споредливо парите, кариерата со љубовта..
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    А да расчистиш прво сам со себе што сакаш?
    Како би ти треснала една, од љубов.
     
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Дали се пресече за момент кога ме виде вечерва, после месец дена? Дали си помисли у пичку матер, зошто мораше од сите кафани, баш во оваа? Дали си помисли нешто, било што .. ?


    А Иване? Дали за момент кога ја сврте главата, помисли у пичку матер, до кога вака? До кога ќе бегам ко пичка?

    Ја осети. Ја осети цела моја омраза. Што не ми седна со лице спроти мене, а ? Туку со грб. Немаш храброст. Немаш храброст за овие очи, за овие очи да ги видиш после тебе. Да видиш какви партали ги направи.

    Мислев дека уште ќе бидам во некои тешки болки. Ништо не осеќам. Ништо ...

    Те мразам повеќе од омразата на сите Евреи кон Хитлер.
     
    На thelittle17, Springy, Ema.Sk и 5 други им се допаѓа ова.
  4. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Боли .. проклето многу боли нашево!

    Болат спомените, боли мојата оскудна жед за трошка твоја љубов, болат сите работи кои требаше, а никогаш не ги направивме, боли сè она што требаше да бидеме.
    Ме болиш ти ..
    Без разлика низ колку солзи да те преколнувам и да го изговарам твоето име - нема да престане. Крвавиве очи и распараново срце ми се сведоци.

    Ми требаш како никогаш досега. Само да ме љубиш ..
    .. и да те љубам, ама да сум среќна. Ние двајца, заедно. Друго ништо, само ние да се вратиме.
    Зашто .. во животов после тебе не се случува ама баш ништо. А сакам, ние да се случуваме. Пак и пак и пак и пак .. до недоглед.

    И те љубам .. проклето многу те љубам!
     
    На Ema.Sk, Divinebutterfly, caroline.costa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    ти блегодарам што се врати во мојот живот после сите наши расправии и благодарение на твојата љубов кон мене што реши да се промениш зарад мене ти благодарам уште еднаш и да незаборавам да ти кажам дека без тебе мојот живот не би имамал смисла за живеење затоа толку многу
    ТЕ САКАМ!!!
     
  6. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    офф недостигаш!!! сакам да те видам..тие зелени очи..таа смега коса..те сакам бе..офф..:3 <3
     
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Пиев и бев со друг, помислив дека можеби тој ќе има моќ да те искорени од срцево, посакував место неговите усни, твоите да ме допираат, твојата рака да ме гали по образот, и да се навалам на твоите гради.

    Ми требаш како капките на дождот, како очите на лицето, како ноќта на ѕвездите...

    Сватив дека никогаш, никој нема да те замени, ниту еден нема да ме љуби така како ти, ниту еден нема да ме свати како ти НИТУ ЕДЕН ЗОРАНЕ, НИТУ ЕДЕН ;( ;(

    :d: :d:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    1.050
    Уф колку ме нервираш значи.Ме доведуваш до лудило да посакам од кожа да се извадам,ама неможам бе маче и нејќам за тебе,па и не си единствениот на овој свет,нели? :^)
    Се сум јас крива,во ред е знаеш.Оди кај сакаш и остави ме!Баш ми е гајле.Јака сум јас така да знаеш :!:
     
  9. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Те сакам..многу те сакам,а тоа боли..проклето боли.Додека јас седам сама и плачам тебе не те интересира како сум..барем еднаш да ме прашаше,барем еднаш да докажеше дека толку многу ме сакаш.
    не...не ме сакаш,знам дека не ме сакаш,на ова нашево треба да се стави крај,јас сум таа што секогаш договара се,неможам се изморив да бидам таа која ја води врската..ама нешто не ми дава да ставам крај,те сакам премногу... ;(
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    9.997
    Пол:
    Женски
    Ти бе мене ќе ми кажваш дека моето понашање не ти чинело? Оди бриши! Можиш да сонваш ти дека некоја друга кон тебе така ќе се понаша,се да прави за тебе,да се труди,а ти со прст да не мрднуваш толку месеци,епа готово,заврши тоа. А твоето понашање секоја женска би го посакала :D Глупак! Ај ти се молам не ме замарај со глупости! Кај друг можиш,кај мене не...Епа да,можам,и некој тоа ќе го цени,а кај тебе вака не ни сакам! И не,нема да ти пишам! Знам дека нарочно ме провоцираш.И да,има уште многу работи да ти кажам,ама не ти пишам и готово. :swear:
     
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.636
    Geek. :sun:

    [​IMG]
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу работи би ти кажала ама во грлото имам нешто поголемо и од кнедла. Ме гуши, не ми дава да ја отворам устата зошто веднаш би ми се насолзиле очите. Би се свиткала во тебе и би плачела без престан. Една недела и еден ден, и животот без тебе проклето боли. И наместо да се намалува, болката се зголемува.
    На некој чуден начин јас и ти сме толку исти, а всушност сме толку различни. Од едната страна јас се смеам на ситници и плачам на уште поголеми ситници, кога ми смета нешто кажувам, кога ме повредува нешто кажувам, не знам да поќутам, не сакам да поќутам, работите сакам одма да ги решавам, не се плашам од сериозни муабети. Од друга страна си ти, затворен, по малку себичен, тврд, однадвор бесчувствителен, не сакаш многу многу муабети за се и сешто, преќутуваш ако нешто ти смета...
    Не се сеќавам кога патиштата ни се разделија. Не се сеќавам, зошто беше толку лесно додека одевме заедно, немав потреба да се вртам назад и да погледнам колку сме изоделе.
    Луѓето во животот се соочуваат со најразлични проблеми во врската, прават триста глупости, и успеваат да се држат заедно, а ние дозволуваме нешто прекрасно да се распадне заради инает.
    Да, инает е.
    Не е ништо друго зошто јас знам колку ме сакаш, јас знам колку те боли, ја видов болката во твоите очи вчера и ме пресече. Ја виде и ти кај мене, виде како ме распарчува, како ми ја кине душата. А за што? За што се донесовме до ова дереџе?
    Целата слобода на светот ја имаш, се што сакаш можеш да правиш, поддржан си за се, разбран и сфатен си за се, никогаш не сум се осмелила да ти речам не може ова или она, и пак си неблагодарен.
    Се што барав од тебе во врскава беше кога веќе ме љубиш искрено, да покажуваш како што треба. Се што барав од тебе беше да кренеш слушалка еднаш во денот. Не може тоа да е тешко, и не ти е толку тешко, колку што сакаш да тераш инает и да е ти како што сакаш. И еве до кај дојдовме. Сега ти цвилиш дома, а јас цвилам кај стигнам.
    Во врскава јас инаетот и гордоста ги пикнав во џеб, се заради нас.
    Се што правев јас беше за нас, за нашата среќа, за нашата љубов, за нас да ни биде убаво.
    Многу пати избрзував, многу пати ќе кажев нешто за кое ќе се покаев, многу пати ќе прелетав со некоја одлука или заклучок, многу пати несакајќи те повредив, ама јас никогаш немав лоша намера. се беше за нас. Се. Јас знам колку вложив, јас знам колк се трудев, јас знам колку се мачев. И не го велам тоа за да се чувствуваш глупаво туку зошто така е навистина, и толку ти е тешко за возврат, за промена да бидеш ... човек?
    Ти пак сметаш обратно, дека ти вложуваш, дека ти даваш, а јас се инаетам.
    Каде сега да пронајдеме средина? Што сега можам да речам или помислам за работите да се поинакви? Ништо.
    За мене љубовта е важна, ако не и најважна, јас сакам да те слушам, јас сакам се да ти кажам и раскажам, јас сакам да правиме работи заедно, јас сакам да правиме муабети, јас сакам да сум тука за тебе, јас сакам да сум првата личност која ќе ја побараш кога ти е тешко, јас сакам да се сликаме, смееме, лудуваме, јас сакам да си тука за мене, сакам да ме сакаш, сакам да ме разгалуваш, сакам да ме цениш и почитуваш, пред се како човек па после како твоја девојка, јас сакам да го почитувам твоето семејство, јас одбирам да те размазувам и се и сешто да ти исполнувам, јас сакам љубов што е филмска, силна, искрена, љубов што во животот ти е на прво место, сакам да чувствувам дека не можам да дишам без тебе, сакам да си недостигаме ако не сме заедно еден ден, сакам да сме јас и ти едно, сакам да си ми оној дел од сложувалката што животот го прави бескрајно вреден за живеење.
    Не сакам кога се чувствувам непочитувана, неценета за се што правам, не сакам кога сам се соочуваш со проблемите ко божем ќе ти се намали машкоста ако изразиш желба да ме гушнеш, не сакам кога правиш да се чувствувам дека не сум ти потребна, не сакам кога другарите ги ставаш пред мене, Не сакам кога ми викаш дека не е голема работа ако не се слушнеме два дена, не сакам кога ми викаш не е голема работа ако не се видиме некој ден, не сакам кога ми викаш дека за глупости се нервирам, за ситници се замарам, не сакам кога се инаетиш до бескрај... зошто реално голема е работата.
    Јас сакам кога сум болна да дојдеш да дремеш со мене, јас сакам да трчаш со мене на дожд, јас сакам да немаме грижи, сакам да готвиме заедно и да се закачаме, јас сакам да сфатиш колку проклето нездраво те сакам, да научиш да го цениш тоа и да сфатиш дека нигде не одиш со тој инает. Не сакам љубовта да боли, сакам постојано да ни го скокотка срцето, љубота не треба да боли, не сакам да се задоволувам со трошки, јас сменив заради тебе милион ситници од себе, можеш за возврат малку да дадеш ако сакаш некогаш да успееме. Не потпаѓам на тоа дека некој се сака секако, да јас те сакам со сите мани, ама ова не е мана, ова е веќе глупирање. Кога некој го сакаш ќе правиш малку промени во границите на нормалата. Како јас за тебе.
    Не велам дека и ти не си сменет на подобро, не викам дека цело време е лошо, не викам дека само нервози и болки имаме, не велам дека не ме правиш пресреќна... ама не сакам да сум среќна чекај ќи го периодот на нервози. Не сакам и не можам. Не сум си замислила така. Што треба да се стори за да се средиме? што?
    Дали треба да се однесувам како идиот, јас да не те барам и да ти велам ајде де голема работа, јас да не ти враќам на пораки, јас да изразувам жеба кога и каде ќе се гледаме, јас да не се замарам, да не сакам да правам муабет за ти да се смениш? Можам и така навистина. Само што мене ми е жал.
    Јас давам се и пружам се, не се штедам, со надеж дека за возврат ќе го добијам истото.
    Сакам и се трудам да бидам реална секогаш.
    Реално е дека можев да те ислушам а не да ти ги изнакажам тие зборови.
    Реално е дека да се јавеше тие два дена немаше ни да дојде до тоа да ти ги кажам тие зборови.
    Реално е дека можеш да поднамалиш со инаетот ако сакаш некогаш негде да стигнеме.
    Реално е дека имаме нешто убаво, вистинско.
    Реално е дека на пат сме да го уништиме.
    Реално е дека инаетот е крив за тоа.
    Реално е дека не можам да се сносам со оваа болка.
    Не можам и не сакам без тебе.
    Реално е дека што и да биде со нас, јас секогаш ќе те сакам и ќе зафаќаш огромен дел од мене.
    Уште пореално е дека цело време чекам да заѕвониш да го видам твоето име на екранот, да се видиме, да се извиниме и да ја седиме цела ноќ гушнати. Како и друг пат кога сме поминувале низ вакви кризи ...
    А најреално е дека те сакам повеќе од се на овој свет. И боли колку ми недостигаш.
    Те молам освести се. Те молам, доволно беше.
    И не треба да мислиш дека јас ги памтам само лошите работи. Боли кога ми зборуваш така. Затоа што не знаеш. Не знаеш колку убави работи имам во срцето зачувано, колку спомени имам на душата испишано, колку ситници што не ни знаеш дека си ги сторил ми го исполниле срцето, колку сум среќна и благодарна што те имам, колку ми е страв дека некогаш засекогаш може да те изгубам, колку сакам кога те гледам да се смееш, колку сакам кога ме размазуваш со ситници, колку сакам кога кажуваш за мене нешто што ни јас не го знам а ти си го приметил... јас се приметувам и се впивам. Поготово убавите работи, ама за нив сум себична, не ги споделувам, си ги чувам, зачувани на најбезбедното место, онаму каде што си ти, и кад ешто сум јас, онаму каде што има само убавини од нас, во моето срце ...
    Не сакам количината на болката да ја помине количината на среќата во оваа врска.
    Љубовта е преголема, во исто време и те љубам и си ми пријател, и ти верувам, и почитувам...
    Не сакам да се изгубиме. Не сакам. Тргни го тој инает под черга. Сакам пак слободно да кажам дека ќе траеме засекогаш. Сакам да не се грижам. Се што треба е ти да го закопаш инаетот негде далеку и никогаш да не го откопаш. До тебе е се ...
    Пронајди го повторно патот до мене и фати ме за рака... те преколнувам...
    Јас сум сеуште таа истата, искрена, будалеста, забегана девојка, што те сака со целото срце, и што никогаш не се откажа од нас, како што и ти си истото говедо од порано што ја сака таа девојка со целото срце и никогаш не се откажа од нас ... немој ни сега, затоа што тоа нас е безценето и некој цел живот го бара. А јас покрај тебе го имам, имам се, секогаш ќе биде искрена љубовта што си ја чуваме себично толку долго време. Јас секогаш ќе бидам твоја, а ти мој...
    Секогаш ... дури повеќе твоја отколку своја.

    http://www.youtube.com/watch?v=bAb2OP00Lvk
    Ja znam da vreme svemu menja boje
    i da je silan sjaj pomracilo
    al' meni, eto, nista sem nas dvoje
    nije znacilo...

    :hug: :hug: :hug:
     
    На Unfaithful18, Lolipop23, cinderella5 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.104
    Биди храбар!
    И јас ќе бидам. Ништо не е посилно од двајца што искрено се сакаат.

    И ќе се видиме. И ќе си се љубиме, и ќе си го оствариме сонот и секое патување. Нова ера - и за мене и за тебе!

    Те сакам, и... Немам ни збор повеќе, се’ си чувствуваш.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.274
    Пол:
    Женски
    Мнгоу ме интересира шо ќе ми кажваш вечер, не можам да се стрпам :?:
     
  15. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.588
    Дали ова беше последен пат што ти го чув гласот?!
    Се мразам кога сум ваква. Би требало да бидам сега среќна, а мене сите ме прашуваат што ми е.
    Сите ми велат каде е девојката која не престануваше да не забавува и цело време зборуваше?!
    Ете тоа ме прашуваат сите. Бидејќи не ме знаат како ваква личност.
    А јас, јас потполно се променив поради тебе.
    Поради тебе душата ме боли, срцето ми се кине на милион парчиња, а во целост пропаѓам.
    Дали си свесен што направи!? Што направи од мене!?
    Дали ми ги виде очите какви ми се!? Веќе немам солзи! Секоја ноќ јас ја мокрев перницата, и повеќе немам солзи.

    Мислев дека сум те заборавила. Мислев дека можам лесно да се оттргнам од тебе и да те заборавам. Мислев дека нашите спомени ќе исчезнеа барем за еден-два месеци.
    Но не. Не исчезна ништо од тоа.
    Те гледам, минуваш покрај мене и сетоа тоа се зголемува помножено по три пати повеќе отколку што беше пред да те видев.
    Јас не сум ова.
    Каде сум?
    Се прашувам во секое време, каде сум?
    Каде се изгубив?
    Дали ќе ме пронајде некој онаму каде што сум изгубена и да ме врати назад.
    Сакам само да ми се врати повторно насмевката на лицето, а не онаа лажна насмевка кога се смеам само за да не ме прашуваат нон-стоп луѓето што ми е ако сум тажна. Ја сакам искрената насмевка, кога срцето ќе ми биде повторно цело, а душата нема да боли.

    Сфаќам до каде е оваа ситуација, и неможам повеќе да ги поднесувам вишокот емоции и чувства а да нема каде да ги дадам. Исто како да имам цело шише вода и да сакам да ја истурам само во една чаша. Ми требаат повеќе чаши за да не ми прелие водата.
    Така ми требаш и ти. Затоа што ова кај мене веќе одамна ја прели границата, а јас нема на кого да го дадам.

    Како што кажа Каролина во една од нејзините песни:
    Се помалку со секој ден, ќе имам љубов за тебе,
    и сите спомени, ќе стивнат со тие дни!


    Се надевам барем дека кога една година ќе го одбележи ова, ќе помине се!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    2.331
    Пол:
    Женски
    ...Не би можела без тебе. Фала ти за се што правиш. :hug:

    Те сакам најмногу. :l:
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Ова е за симпатијата
    (швалерот да не речам)

    Ти си висок,згоден и неопходен 8) Те почитувам оти си неморален како мене.И не ти е гајле за ништо сакаш само убав провод.Не си комплициран и не пребаруваш.
    Мислев ќе кажам нешто битно ама уствари нема,многу си убав пу пу машала.
    Не ме тера фантазијата на таму да си снимам филм како ќе беше да завршиме реално заедно.Оти едно знам немаше да функционираме толку добро заедно како што е тоа сега.Врската си има свои предности и недостатоци.Ама јас ќе цркнев од нервози заради недостатоците.Ако ти сум женцка ќе мора да ми водиш евиденција каде и со кој сум, а јас да се нервирам за девојките кои ти оставиле бакшиш и те плеснале по газе :| Така ќе се упропасти се што имаме.А ова што го имаме што е незнам.Не ти досадувам ако си излезен со другарите, ниту се нервирам ако си седнат на кафе со некоја.Заедно си шетаме и се однесуваме како да сме пар а не сме.Сум ги запознала и твоите фини луѓе се, ама јас девојка не ти сум.Се гушкаме и најубаво на свет ми е кога сум со тебе.Оти си брлив како мене.И оти сексот е неверојатен.И можам да ти кажам се, а ти да се накезиш само кога има потреба од тоа.Не ме ни советуваш-те обожавам, ама знаеш да сослушаш.
    Те сакам ! Многу те сакам ! Ама не сум заљубена во тебе.И немој да ме натераш да го направам тоа оти се ќе се упропасти така.Љубовта не чини.Убаво ни е вака си се дружиме.Не ни приметив дека година помина.Без нервози, без расправања, без солзи.

    Исти работи не зближија, исти не делат.Полн погодот е разочарувачката љубовна приказна од која двајцата сме заминале heartbroken.Знам како ти е, знаеш и ти како е да си на мое место.Затоа не ја претеруваме.Ни умреле надежите за љубов.
     
  18. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.912
    Допаѓања:
    7.699
    можеби еден ден повторно ќе се сретнеме.но тогаш би сакала работите да бидат поинакви,да заборавам на се и само силно да те изгушкам.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Штипни ме, и кажи ми дека е ова реално! Т.С мутле мое..
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    да не испадне дека јас сум лажга-што ти спомнав да се видиме или во Вторникот-типот трчал, Четвртокот му била сестра му со зетот на гости, уште Сабота ти останува, и ако не се појавиш, не да плачеш и да молиш, да сакаш да скокнеш од камен мост и да искрвариш до смрт нема да ми биде гајле :!:
    ова најсериозно-и ти пишав дека ова е ПОСЛЕДНО нешто од моја страна, не убав и згоден совршен да си, има да ме сонуваш ако не се појавиш денес :!: