не знаес како е кога сама си и сите други околу се знат и се смеат а ти само како стуб седис и гледас,као така ти со мене си?...
Како мало дете на чоколадо ти се радувам секој пат кога треба да те видам, толку си ми мил што сите кавги, негативни мислења, критики.. се е сувишно кога ќе те видам и после толку време.. Ти знаеш да бидеш срце човек ама знаеш и да ми го уништиш денот, на некој чуден начин
Убаво ми е. Знам дека досега во секоја тага си сакал да бидеш сам. И тоа што те мачело да го скриеш длабоко во себе и да се смешкаш. Вчера, кога го почнав муабетот, бев подготвена да ми се раздереш. Да ми кажеш дека таа тема толку те боли и повеќе сакаш да ја игнорираш. Да не изразиш колку ти е тешко што не можеш да бидеш покрај него во најтешкиот момент. И мило ми е што прв пат направив вистински чекор. И сакам вака...да сфатиш дека пред мене не треба да глумиш, ако треба и да плачеш, да ти го видам црвенилото во очите. Ако треба заедно ќе плачеме. Ама сакам да знам кога те боли. И сакам да бидеш слободен да го покажеш тоа. Не ми требаш само во весели мигови, не ми требаш ради забава. Сакам и да те тешам, сакам да сум ти поддршка, сакам да знам кога ти треба разговор, сакам да знам дали треба да се тргнам или да те гушнам и силно да плачеме, сакам да знам на кој начин да постапам кога душата те боли. Ама не сакам да погодувам. И кога ќе ми кажеш дека го цениш тоа што сум почнала разговор, јасно ми е дека почнуваш да ме сфаќаш. Дека сакам нашата врска да се темели на вистинска љубов, дека сакам да те запознаам вистински и да знам што те радува, што ти причинува тага, а не само да се врти околу она што ме прави среќна. И уште помило ми е што кога зборуваме за луѓето кои биле дел од нашето минато, можеме и да се насмееме. Јас можам да ти кажувам колку добар, фин и културен бил тој и колку жалам што сум го изгубила и знам дека би ме разбрал на вистински начин. Ти можеш да ми кажеш за почетоците на твојот љубовен живот, како сте се натпреварувале со другар ти кој ќе собере повеќе женски, па ќе се смееме кое дете си бил. Ама најмногу сакам да слушам како никоја не допрела до тебе како јас. И кога ќе ми кажеш дека не е битно каде и со кој сум била, тука сега и ќе ми го покажеш делот од твоите гради каде се наоѓам јас...ме ежиш. И кога гледам како после половина година се опушташ, си дозволуваш да изразуваш емоции кои претходно не си можел бидејќи те повредила...ај да ја речам госпоѓата, ми е мило што толку рано имаме се`. И сега сфаќам. На почетокот ништо не е како што изгледа. Ама со трпение и многу љубов, се добива повеќе од потребното. Се менуваат луѓето, се менуваат ставовите, а ако расте љубовта, ќе се променат сите работите кои некогаш ти пречеле. Тогаш те оценував како прост, неодговорен, немирен...а денес се средува се`. Ќе најдеш и работа, ќе станеш и посериозен покрај мене, можеш да се смириш покрај една. Можеби отсекогаш си можел, ама јас не го гледав тоа. Ти кажав еднаш, ќе ти кажам пак. Истрајноста која ја научив од тоа (иако напати ја заборавам), ми е животна лекција.
Никогаш нема да те заборавам поради друг маж.Ќе те заборавам поради друга жена-онаа која не можев да бидам додека бев со тебе.Таква како што твоите милуваа,а ти потајно бараше...те преболев ли? Не драги мој,те прераснав...
Те разбирам,знам веќе,тебе не ти недостигам јас,тебе ти недостига слободата И незнам кој те кренал в облаци,ама тој нека му ја мисли како ќе се приземјиш ти еден ден кога ќе треба сериозно да гледаш на работите,пошто сега си право дете во мозокот.
Зарем сум крива што сакам да разговарам отворено кога нешто ми пречи? Таква сум, не можам да молчам, се кажувам. Зарем треба да бидам како добар дел од моите другарки кои изиграваат ангели пред своите дечковци и како ништо божем не им смета а пред мене резил го прави дечкото? Зарем јас сум крива што наместо да те трачарам пцујам и колнам пред другарките јас тебе се во лице ти зборам? И после ми велиш, "види Петкана ништо не му збори на Павле, не му се лути, за се се согласува..." Excuse me?? Знаеш ли ти истата таа Петкана какви "планови" му крои на истиот тој Павле зад грб? Како само глуми светица за да го добие она што го сака? Е па извини Трајко, ако сакаш таква слободно остави ме!
Толку беше од нас... Заврши и нашата приказна. Ми направи да ми биде премногу болно нашето раскинување,но некако собрав храброст да ти кажам крај. Не можев да те гледам како трчаш и плачеш по мене извикувајќи го моето име.Но мора да биде вака.Прости ми.Ти никогаш не успеа да се смениш,само направи лошо да се почувствувам во нашава врска.Ме погази скроз. Можеби ако ни е судено пак би биле заедно,а ако не ти посакувам среќа...
Ти го сакам името, сакам да го кажувам безброј пати. Ти ги сакам дланките и се сеќавам на мигот кога се смеевме колку моите дланки во споредба со твоите се малечки. Ти ги сакам очињата, најсветли и најведри, по нив познавам дали си среќен или не. Ти ги сакам рацете целосно, големи доволно да се чувствувам најбезбедно. Ти го милувам гласот кога во него има слатка несигурност за она што го зборуваш, со страв да не те сфатам погрешно. Би сакала се ова да го знаеш,посакувам.
Зајачее едно едвај чекам да ти го покажам изненадувањето.Се надевам ке ти се допадне.ТЕ САКАММ ЉУБОВ!
мислев дека те заборавив но не било така.оваа вечер мислев дека ќе ја поминам мирно,мислев дека сум силна но не било така.јас сум слаба многу слаба на тебе.а ти си едно обично ѓубре што животот ми го претвори во пекол.би сакала работите да беа поинакви,би сакала да ме сакаш барем малку,само малку.барем мал дел од твоето срце мене да ми припаѓа.барем за миг да се сетиш на мене дека и јас постојам и дека многу те сакам.те сакам бре будало и покрај се што ми направи и тоа многу.велат дека раните од ден на ден минувале но мојата не е таква.мојата уште боли и при најмал спомен од тебе.ме боли многу а јас сум беспомошна.да можев бар да те мразам но не можам.а тоа го заслужуваш да те мразам а мене ме боли и најмал спомен од тебе.душата ми ја кине.никогаш ништо не бев побарала од тебе.само сакав да ме сакаш и да ми веруваш а ти ни тоа не го можеше.ми фалиш многу посебно оваа вечер животот би го дала да си до мене,да ме прегрнеш барем за миг за да не ја чувствувам оваа голема болка.би сакала да ме утешиш,да ми кажеш дека ме сакаш така мојата болка би престанала.но за жал животот е суров и јас морам да научам да бидам силна,да се помирам со реалноста дека повеќе не си дел од мојот живот.морам напред и тоа без тебе.јас за тебе живеев ти ми беше потпора кога ми е најтешко,се будев секое утро со недеж дека ќе бидеш до мене да ме гушнеш и да ме утешиш и да ми кажеш дека ме сакаш.а што сега?како без тебе?е не можем.не те заборавив.само добро глумам дека сум среќна,но со некоја чаша алкохол маската ми паѓа и солзи ми потекуваат од очи.душата ме боли но морам напрет без тебе.еден ден животот ќе ти наплати за се што ми направи.