Знаеш... никогаш не си го сакав името. Понекогаш дури и го мразев. Ама тогаш се појави ти и ме викаше само по име, никако не сакаше да користиш надимаци или нешто друго освен „драга“. Тогаш си го засакав името, го засакав начинот на кој го изговараш моето име, начинот на кој го пишуваш, начинот на кој ми објаснуваш колку името ми е убаво и кога ме убедуваш дека треба да им кажам на сите да ме викаат така, начинот на кој го изговараш во убави и лоши ситуации, начинот на кој го изговараш кога ќе те изнервирам, начинот на кој ме гледаш додека го кажуваш. Како и да го кажеше звучеше прекрасно. И сега никој не сакам да ме вика со целосно име освен ти. Само ти знаеш како да го изговориш. Ех, а сега посакувам од некаде да слушнам како ме довикуваш.
Знаев, знаев дека ќе ме побарашш предосеќав едноставноо, само ти ме прајш среќна, само ти и никој друг.
Можи ќе биди онака нафрлано кажаново,но тоа е она што ме мачи,сите мисли,сите грижи и чувства...Го пишам ова за да не заборавам што се поминав,што се ти направи за мене (поточно,не направи) На почеток знам,добро се сеќаваш,автобусот за Бт го запре,само и само да ме видиш,дојде до Бг ради мене А сега? Си заборавил како е да се бориш за некој,си заборавил да правиш работи за онаа што ја сакаш (или можеби не ме сакаш веќе,ти си знаеш).Каде си па ете од Нова година да речиш дојди,сакам да те видам? Не сум го слушнала тоа одамна...Нова година заедно ја испланиравме,ама сепак јас не осетив таква радост и еуфорија како што јас ја чувствував... А и јас правев се,се плашев,сакав да е се најдобро,правев како да сум згрешила нешто,ко да надохнадувам,а не сум,секогаш тебе те оправдував,заради работата...Ете можеби чувстував некаква вина што бев далеку и заради факултетот немав многу време кога да се видиме. И сега кога се вратив,никаква промена,ни еднаш не покажа желба да се видиме,да направиме многу работи заедно.Овие месеци наваму само јас бев таа што ќе покренеше иницијатива да се видиме,секоја можна шанса гледав да ја искористам. Порано гледав вљубен човек,а сега како да гледам старец изморен од животот...Пробав да ја разбијам таа монотонија и да внесам малце ведрина и насмевки,но ти не ми дозволи.Не ме прими во твојот свет за да направиме наш.Дури ни нормалните работи како да не сакаше да ги правиме како што сите ги прават. Не се потруди ни да те видам цело лето,ни да ми го честиташ роденденот со љубов ниту па си направил нешто со внимание кон мене веќе подолго време.И како да те сакам јас? Како да ти поверувам на зборовите ТЕ САКАМ? Знам дека имаш некакви чувства сеуште,но изјасни се со себе си... Не ми даде поддршка кога најмногу ми требаше,важна ти беше и сеуште ти е само работата,да си купиш нешто и да бидиш ти задоволен.А другите каде се? Кога последно си ми подарил мене нешто? Не,несакам големи работи или злато,сакав барем еден букет со убави цвеќиња,за мене ќе значеше како светот да си ми го подарил! Тоа би значело за мене внимание,би значело "Мислам на тебе,ми значиш" , но ти ни тоа не го направи Дури и за роденденот добив само Среќен роденден по телефон,онака јас уште во сон од сабајле и тоа беше Гледаш,не е само тоа што не се гледавме како што треба овие месеци.. Ако си нашол замена,некоја блиску до тебе да прави се место мене,барем биди искрен кажи ми,полесно да те преболам Несакам да ме лажиш...Мене така ми изгледа,дека некоја друга ти обрнала внимание и си летнал и ништо друго не гледаш.Се освестуваш кога гледаш дека сериозно се оттргнувам од тебе.А ти што мислеше,Дивајн на тацна ти стои и нема да ми избега,а? Каде исчезна оној кој ме гледаше со очи полни топлина,сјајни ко ѕвездички,срцето ми се стоплуваше штом ги видев како гледаат во моите...што ме пречекуваше секогаш на автобуска,да ме испратиш,што ме држеше цврсто в прегратка,се топев...Се како да беше во сон,како...каде исчезна сето тоа? Тогаш не ти беа приоритет парите,а и тоа да си задоволен само ти... Ако беше поинаку,ќе го искористеше овој период за да бидиме уште поблиски,а не да се оддалечиме.РЕковме ќе издржиме додека се вратам,силни сме,се сакаме,такви карактери сме.Еве,издржавме,се вратив и сега што? Ти си подалечен од секогаш Јас се трудев како што кажав да се видиме и да имаме време за нас,некогаш сат,негоаш 2,некогаш повеќе...Еднаш дури и рече дека не си можел тогаш,сама така сум сакала...Е браво! Демек сама сум си крива,а? Ц ц ц...Мислев дека си поинаков. Ете,не дека сакам да ти префрлам,ама земаш плата,имаш пари,зошто ти еднаш не дојде кај мене? До толку ли еден ден не можеше да одделиш? Можиш да си купуваш скапи работи за себе,а неможиш да дојдиш? Кое бедно нешто е тоа...А јас студенка бев бре човече и одделував и си кратев само за да дојдам или понекогаш да ти купам нешто(можда ете не скапо,со тие можности) и секогаш од срце го правев,бев среќна.Никогаш не сум побарала нешто назад или за возврат,тие беа за тебе,а јас бев среќна што те правам и тебе среќен. А сега,да си се гушниш со скапиот новчаник и со него да си спиеш! Уствари од кај да знам,можеби за друга се дотеруваш и ајде да не допишувам... Не дека не ме боли,не дека не те сакам,ама веќе не си истиот,оној најмилиот и најдобриот што го сакав.Ми се чини не останало никакво чувство во тебе,за совест и грижа да не зборувам,останале само страста и потребата. А тоа е само делче од една љубовна слагалица од 1000 дела.ДАли знајш уште колку многу работи фалат? А и јас не сум за така,да се гледаме на кратко и после што сакаш прави...Немаш планови никакви,рече не засега? А кога? Треба да чекаме уште со години? Требаше да бидиш среќен што завршувам и веќе се да имаше испланирано,се што и како понатаму,да ти биди ќеф за тоа.Ама не,ти си посебен,ко посебна салама! Несакаш ова,несакаш она...Епа нема само ти што сакаш. НЕ оди. Животот поминува,а јас ќе чекам со години...Не дека се брзам да се мажам,ама да бев посигурна во тебе.ПА јас тебе да те чекам,не си жена бре! А и се уморив веќе од чекање,се уморив од се! А ти несакаш никого да слушаш.Никогаш не ме слушна мене,никогаш не го слушна она гласче што зборуваше за НАС,ти се слушаше само себе,секогаш твоите мислења.Секогаш само ТИ,затоа веќе НАС ќе не нема Незнам што треба да направиш за да преминам преку ова,ако воопшто се решам на тоа,ама нема да биди лесно.Засега несакам да ти дадам шанса пошто ти ја дадов,а ти ја упропасти. САмо Господ можи да ти помогни.Оди помоли се,измиј се со крстена вода,пошто ко ѓаволот во тебе да заживеал.Можи ќе ги согледаш работите.Тебе ти треба да расчистиш со себе и сам да си признаеш кај згреши и да се покаеш. А да,и си заборавил како е да речиш извини,згрешив,прости ми...Епа,додека не го слушнам тоа,збор поќе не ти кажувам.А и потоа ќе размислам.Макар што...се чудам дали да верувам дека воопшто некогаш ќе промениш некои работи,да го извадиш на површина она што ти некогаш беше.И ми се чини место да созреваш,ти почнуваш да се понашаш како дете,ко тинејџер. Незнам што ќе се случи со нас,можеби и она жарче мало кое тлее во мене ќе се угасни.Внимавај,пошто нема повеќе време.Не заслужуваш уште една шанса после ова.Многу лесно некако се откажа од мене.Или несакаш да си ја признаеш вината,а? Е боли,да.Ама нека те боли. Јас некогаш верував во тебе.Ме разочара. Кое го бираш овај пат? По кој пат тргнуваш? Зарем треба да се прашувам??? Нема што,ти си го одбра патот.
Не можев да ја опишам радоста кога ја видов твојата порака .Вакво прекрасно утро одамна сум немала,а знаеш дека само ти можеш да ја држиш насмевката на моето лице.Знаеш и дека ми значиш...Едноставно уживам кога зборувам со тебе,уживам и кога си насмеан а не тажен...Се надевам дека вечно ке те гледам така. Се надевам дека и понатаму ке си присутен во мојот живот макар на ваков начин...
Кога се сака се бара начин, кога не се сака се бара изговор. Па што мислиш ти, јас сакам чим постојано ти давам изговори?! Не, не сакам. И знам дека си свесен дека не сакам, ама се правиш на Тошо. Епа така и двајцата ќе си се правиме на Тошо. Магарето лета, лета. Ама па немам храброст да ти кажам дека не може да опстои ништо помеѓу нас, џабе ќе се трудиме. Јас немам сила да претурам од шупливо во празно. А не ни сакам.
вчера злато мое ти беше ПОСЛЕДНА шанса да ме видиш, а ти ја пропушти-откако ти изнапишав неколку пораки прашувајки те зошто така се однесуваш, ти ми кажа дека си дежурен(беше во Четвртокот) и дека сум прва не сум втора-ЈАС НА ТЕБЕ НА МАЛОУМНА ЛИ ТИ ЛИЧАМ БЕ трева ли пасам јас а денес уште во 9 часот само што си стигнал дома си ми пишал на нет-за тебе сега знам што е решението ИГНОР, оти вака јас изгледам како да сум премногу загреана за тебе-а мене да ме снема ден, два, може ке се прашаш каде сум, што правам, како сум-МОРАМ да бидам храбра и со машко срце да го издржам сето ова, а женско сум и многу важно нешто-да ја купам и прочитам книгата ПАМЕТНИ ЖЕНИ ПОГРЕШНИ ИЗБОРИ-социолог ми ја препорача не дека не ти верувам таман работа, ама сакам малку да испитам каде работиш, каде живееш-знам ми кажа, па ај да видиме дали е така, а за време на дежурство може и да ти дојдам пред врата
Дефинитивно ќе бидам ладна кон тебе. Ладна и незаинтересирана. Не за друго, ем нема бескарјно да се нервирам ем топката ќе се сврти!
Сеа не пишуваш а? Јас прва нема повеќе да ти пишувам, за инат! Ако си заинтересиран ќе пишеш, ако не здравје батка.
Трет ден без тебе, ах уште толку треба да поминат за да дојдеш. Не сум ти ја за вакви разделби, плачипичка сум , на твојата перница спијам ама не е тоа тоа што треба да биде. Веќе не те пуштам нигде у странство бе близнаку низаеден ќе вииш ти коа ќе ми дојдеш, нема да те испуштам од раце.
Многу ми недостасуваш ..Неможам ни минута без тебе.Нема да јадам нема да пијам само врати се што е побрзо Само на тебе мислам како си што правиш.Ми недостигаат твоите бакнежи Твојата насмевка и твоите шеги Само врати се и ќе играме.............if you know what I mean Едит: Same story Abeja
Нема потреба да мислам, кога Брејк одамна го смислил и кажал... Како од мене е напишан секој збор... .. “И скоро сите краеви исти се, тивки расплакани Велат секој крај е почеток, но несакам фрази досадни“... http://www.youtube.com/watch?v=HpAIDSSc ... re=related