Каков дебил си значи немам зборови. Колку човек ти прави добро, толку ти го искористуваш тоа и го враќаш со лошо.
Копиле погано,покварено,загадено смрден еден пу Ми се гади од тебе, препотентен метросексуалец оди лечи се.
Само ти гледаш смисла во малото,елегантно и убаво обликувано женско уше. Моето е мало, а затоа и ти се допаѓа. Ете ти,кој би рекол дека некој ќе се заљуби во моите уши... Има смисла,мали ми се ушите, не те слушам,имам право да бидам своеглава како што и секогаш сум.
Превише ме нервираш . Ми лазиш по нервите онака полека... полека... Сакам да дојдам и да те бапнам во фаца Знам дека треба да те сакам каков што си, ама претера, кога нешто ме нервиера смени го !!! Смени го бе аман. Понашај се како нормален човек. Ептен си несериозен, некогаш само некој ѓаол ме тера, ми вика, стани и замини си. Изгледа ќе те напуштам. Ја губам љубовта и желбата за да те видам. Сам си крив.
Ти никогаш не ми беше доволен, и никогаш нема да бидеш. Не дозволувај тој твој сон за среќа да те уништи. Јас и ти никогаш нема да бидеме нешто повеќе од ова што сме, јас не сум совршенството од твојата фантазија. Остани на ова, не ме форсирај за нешто повеќе, не ризикувај да го вложиш она што го имаш со мене за да добиеш повеќе. Не секој добива, а ти ќе бидеш поразен во овој случај. Ќе останеш со празни раце, а знам колку ќе те боли, знам колку ти значам. Биди задоволен со тоа што го имаш, доколку твојте емоции и амбиции се зголемат, се плашам дека нема да можам да те задоволам. Јас не сум најдоброто нешто во твојот живот. Те молам да продолжиш да се контролираш како порано, никој од нас не сака да дојде до инциденти и циркузи, а поготово јас. Тоа не ми е потребно. Да, јас те сакам и ќе те сакам, ми значиш, тоа не е спорно. Но не на тој начин на кој би требало, не на начинот на кој ме сакаш ти мене. Можеби отидов предалеку, ти дадов лажна надеж, но ти си свесен за некои работи, свесен беше уште на почетокот, и не дозволувај чувствата да те заслепат. Стави на кантар што добиваш, а што губиш со мене. Размислувај рационално! Јас не сум најдоброто нешто во твојот живот!!
Останав заглавана во тоа време. Сеуште неможам да го избришам од мене тоа што го доживеав со тебе, а знаеш што е најтрагично што и ништо не доживеав, само те запознав и пиевме кафе и се смеевме и се гледавме во очи и си кажувавме глупости и ми кажа дека сум убава и дека имам волшебни очи и дека ти личам на балерина и правевме планови и се државме за рака и грицкавме индиски ореви и бадеми на плоштад потоа ми купи клавче и ме испраќаше до дома, ме гушна и ме следеше и ме исплаши и ме баци и се беше убаво и романтично и јас сеуште неможам да го заборавам тоа и те мањачам секој ден на фејсбук, а секој втор ден те сонувам и соништата ми се многу реални и кога сум надвор цело време сум во паника и само гледам дали од некаде ќе ми излезеш и ќе се сретнеме и намерно одам на местата каде што знам дека одиш ама никако да налетаме еден на друг, а знам дека и ти би го сакал тоа но да ме утепаш незнам зашто заврши се уште пред да почне, и .... постов изгледа како да го пишувало трето оделенче, ама баш тоа сум јас моментално и така се чувствувам!
Уште чуствувам бумбари (по нашки како што си викавме ние),во стомаков! И така ние лути фино лепо си се поздравивме Е ова мил мој само кај тебе и кај мене го имат,кај никој друг Верувај.И полека ќе си го скршиш вратот,полека полека! Истата сум јас. И поздрави го татко ти Te љубам!
Me остави сама тогаш кога најмногу ми беше потребен. Не очекував вакво нешто од тебе ...Те сакам премногу за да го издржам ова што ми го правиш . Одеднаш ен знаеш што чувстуваш за мене и сакаш да направиме пауза..Се прашувам дали згрешив нешто , дали те навредив а ти ми рече едно ладнокрвно не . Вечерва не беше ти тој јас што го познавам . Не беше тој кој го сакам со цело срце.
Чудна е оваа срамежлива, проста насмевка која се исцртува на лицево секогаш кога ќе почнам да зборувам за тебе, дури и кога зборувам за моментите кога ме повреди. Чудно е како некои работи почнаа да имаат смисла со тебе. Прост пример: Те љубам. Секогаш кога ќе го чуев на телевизија превртував очи и си мислев што ги кошта да кажат те сакам, поубаво звучи. А еве сега, тоа Те љубам има неопишливо важно значење, во него има нешто кое ќе ми ги скокотне сите сетила, во него е сè што ми треба. .. и со истата насмевка, сеуште си мислам: Чудно е и зошто не сфаќам која е причината поради која толку те љубам ..
Ми рекоа дека сум делувала среќна. Мое си, твоја сум, наши сме, се чувствувам како да е нов почеток..
Се присетив на денот кога за прв пат ти кажав дека те сакам. Ех, колку ми се тресеа рацете додека да го изговорам зборот, колку пати ми се испреврти јазикот додека да ти признаам. А тогаш следуваше твојата зачудена фаца и прашањата „како“; „зошто“; „од кога“ и слично. И сè уште се прашувам зошто избегнував да збориме на таа тема наредните месец и пол, речиси два. Најверојатно не бев спремна да го направам тој чекор. Не сум сигурна и дали во тој момент навистина те сакав или можеби бев само премногу затрескана во тебе. Како и да е, кога бев сигурна во тоа што го чувствував - прозборев. Веројатно беше премногу доцна за било што, иако зборевме за „нас“ и за тоа кои ни се очекувањата еден од друг. Беше сè така совршено што требаше да претпоставам дека нема да потрае. Darling you're the only one on Earth I want to have it, but now I'm not so sure if that was true, after the hell you put it through. Се прашувам дали ти се сеќаваш на било што од ова...
Знаеш, прееска додека стоев така лута, додека ме убедуваше да те бакнам, си мислев, што ако утре ќе немам можност да ти ги видам усните а камо ли да ги допрам? Што ако утре ќе немам можност да те почувствувам? Што ако утре не си мој? Ама инаетот ми дошепнуваше, ако сега му попуштиш другиот пат полошо ќе ти биде, не попуштај, не попуштај... Да знаеш колку горев од бес и од лутина но и од желба да те гушнам силно и да те бакнам онака срамежливо.. Да знаеш само...ама ете, инаетот повторно ја извојува битката во мене..